Или обиди се да смениш броусер, ако отвораш со Мозила обиди се со Хром , Опера, Експлорер... можеби ова ќе помогне.
Ми се јавија за пракса во тутунска банка. Знае ли некој дали се платени и колку? Била некоја да сподели искуство, ама во брзо време да ми каже, зошто моментално работам и незнам дали да напуштам за да одам во банкава....
Значи вака бев денес на интервју во една фирма авантис се работи за пакување работно време од 7до 16 сабота од 7 до 14 плата 11 илјади пријавена е сега ми терба уште една до две девојчиња да сакаат бидејќи немаат девојка во погонот па да не бидам сама ако има некоја за нека пише и нека следи тука зошто може да имам пробелми со личните пораки поздравче
Може ли некој да ми даде линк каде можам да најдам конкурси за вработување на нови наставници/професори?
Ако мислиш за оглас во државните институции,во овој период нема.Тоа значи дека по завршување на договорите на определено време за наредната учебна година,од септември секој директор има право да одлучи дали на лицето на кое му истекува договорот истиот ќе биде продолжен или за тоа работно место ќе прими друг работник.Доколку прими нов,за него огласот ќе биде објавен по 3 месеци од засновањето на работен однос на определено време,односно од декември,па натаму.А за сега ти треба само добра врска на некој од вработените да му го продолжат годишниот одмор ,односно да му го прекинат работниот однос од септември,а ти да бидеш новата колешка. Во државна институција со врски се работи по систем "стани ти да седнам јас".
ЛИСА ГАРА МОНТ има потреба од плочкари (мајстори) и работници. Дневница-по договор. Лице за контакт-Горан ( 076 229 787 )
Не ми е јасно како функционира страната http://www.prv.mk на секој оглас што го видов има оставено инструкции за пријавување и одоздола е-маил и евентуално тел. број. Пишав на некои од е-маил - овите кои се оставени (како што и очекував) повратен одговор не добив за тоа кои се инструкциите за пријавување.
Имаме потреба од програмер, ќе оставам линк од огласот, меѓутоа ако некој е заинтересиран и сака да аплицира нека го направи тоа на следниов е-маил: angela.angjelovikj@rewardgateway.com Линк од огласот - https://rewardgateway.bamboohr.com/jobs/view.php?id=6 Слободно прашувајте ако имате нешто нејасно
ЛИСА ГАРА МОНТ има потреба од плочкари (мајстори) и работници. Дневница-по договор. Лице за контакт-Горан ( 076 229 787 )
Барам соработници за орифламе....заинтересираните да ми пуштат ЛП или нека ме побараат на фејсбук Зорица ВК (на фејсбук ми е на латиница напишано)...
Има ли некој некоја информација околу работата во CALL-LINE? Гледам имаат подолго време огласи за повеќе работни позиции во кои пишува дека има и фиксна плата.
Морав да се регистрирам за да ти одговорам. Познавам неколку луѓе кои таму работеле кратко и сите го кажуваат истото лошо искуство од таа фирма. Се работи за кол центар кај што вработените ги менуваат на месец два, никој не им чини. Работата се состои во телефонирање, т.е контактирање на луѓе од бивши ЈУ Републики кои живеат во Швајцарија. Се врти на нивни домашни телефонски броеви, при што им нудиш кредити или здравствено осигурување. Ако од нив барем 2% ти дадат позитивен одговор биди среќна, останатите те навредуваат, пцујат, спуштаат слушалка, ти се закануваат дека ќе те тужат, итн. Луѓето таму се веќе огорчени од вакви рекламни повици, секојдневно им ѕвонат и веќе им се здосадено. Притоа кажуваш дека се јавуваш од Швајцарија, никако од Македонија. Се телефонира компјутерски со швајцарски телефонски броеви, значи лажеш уште од старт. Треба да молиш, твориш, да убедуваш...сета таа комуникација со клиенти се одвива на српски јазик. Најпрво има двонеделна неплатена обука, а после тоа ако им се допаднеш ќе те примат. Скоро сите се задржуваат многу кратко како што реков месец два и напуштаат или ги бркаат, доколку немаш исполнет месечен таргет. Секојдневно си под притисок, однос од претпоставените е многу лош, те малтретираат максимално за ич пари. Инаку, јас бев само на обуката и веднаш третиот ден избегав од таму. Грозна е работата, не е за секој. Во секој случај се работи за многу несериозна фирма, со газди кои се шетаат по пижами низ станот каде што се наоѓа канцеларијата Впрочем затоа и толку често пуштаат огласи, никако не можат да ги најдат "вистинските" луѓе за нивната работа. Искрено не ти препорачувам во никој случај да се пријавиш таму за работа, да не се лажеш само за еден месец работа и тоа за мизерна плата Ако нешто плус те интересира слободно пиши ми ЛП.
Има ли некој информација што се случи со контак центарот од сад? Помина веќе подолго време мене не ме контактирале
Часови по англиски и македонски јазик за основци - огласот се однесува за Прилеп Подетални информации во инбокс