Бев на интервју кај овие, еден саат ме држеа за да ми го објаснат системот, што немаше смисла зошто не беше обука. Работа во смени два пати прва, втора и трета во канцеларија. Класично те прашуваат колку очекуваш плата почетна им реков зависи од буџетот колку ви е, па ме притисакаше да кажам сума. Им кажав сума што мислам дека би била прифатлива, кисело ми се насмеа и ме испрати. Иначе работиш со апартмани во Исланд. Им помагаш на клиентите ако им требаат нешто, како виртуелна рецепција ќе ти дојде.
Зарем уште им трае огласот на овие? Кога и да отворев фб во април ми излегуваше како sponsored, ама пишуваше дека трае негде до крај на април. Јас имав аплицирано еднаш овде одамна, и само ми стигна мејл дека сум одбиена од таа Кристина. Среќа очигледно. @злоба Сигурно си им побарала 40к+-, просто се забезекнати кога ќе ја слушнат таа сума (што за денешниов стандард и инфлација станува ништо), а на тоа додади што секои два дена ќе менуваш три различни смени и биоритамот ршум ќе ти се направи.
Им кажав 26k, ситно зошто отидов колку да исповежбам за други интервјуа. На таа очите мислев од глава ќе и искочат. Ќе ги преместувале таму кај Џамбо позади, а тогаш беа кај Деница очната болница во тие зградите спроти средното во едно станче.
Devojki dali nekoja ima iskustvo so M Tel imaat oglas pusteno za Back Office, nesto kako griza za korisnici?
Гледам само оглас имаат за теренска продажба. Имам нешто пишувано за фирмата: Ова уште држи вода, ама еве ќе споделам и за Back Office. Функционираат едно со друго со контакт центарот. Ако корисник сака да раскине договор, тоа оди во Back Office и некои такви слични поплаки и проблеми ги решавате. Платата мислам дека им е 25-26000, ќе треба да се работи сменски до 9 часот навечер, работиш и саботи. Од што понудите им се толку катастрофални многу се откажуваат и се жалат, па рачунај колку работа ќе имаш. Локацијата им е многу лоша, канцелариите им биле во Кисела Вода до Тинексот, после расадникот. Има само една автобуска и се жалеле дека многу манијаци имало. За менаџментот, нема ни да зборам, да им беше гајле операторот ќе им функционираше ок, а не да имаш лоши и полоши рецензии по Фејзбук, на Гугал, дури и на останатите форуми. Познаникот што работеше тука си отиде како и да ми ги кажува прикаскиве не ми се верува како уште работат. TLDR; крш понуди, крш плата, крш услови
Луѓе ми треба мислење. Аплицирав за оператор на линија во пивара Скопје и испраќање и дочекување на патници на ТАВ аеродром Скопје. Двете ме повикаа на интервју и сега не знам што да правам. Некакво искуство?? Благодарам
Mislam deka vo Pivara ti e podobra opcija,oglasot za na Aerodrom mislam deka bese samo za sezona,ili idi i na dvete intervjua pa vidi koi ke ti ponudat podobri uslovi tamu prifati.
И јас го видов огласот за пивара, но не ми е јасно за слободни денови ? Се работи преку цела недела со слободен ден рандом или од понеделник до петок ?
Zdravo,me interesira nesto,vidov oglas za bolnicarka vo Sistina,Dali nekoj ima informacija,Dali vredi da SE konkurira?Blagodaram!
А со плати како се во Скопска пивара знаете ? Конкретно за оператор на линија или во магацин И вива ги гледам со оглас минимална плата пишале 40к ама веројатно е тоа со викенди, смени итн а основна веројатно многу помала https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/450004/Rakuvach-so-mashini-operator/
А што се 26.000 на денешно време? Ништо. И 40.000 не се ако реално збориме (башка фирмата е странска и 26.000 за нив се ко ништо). Ама убаво е што вака постои форумов барем да си се споделат разни искуства.
Убаво си пишала, ништо се тие пари. А штом се работи за странска фирма, значи сакаат некој за трошки да им работи. Во Скопје животот е прескап, така што од 26.000 денари, нема ништо ни да ти остане. Прво на работа се оди среден, дотеран, за што секако ќе мораш да инвестираш, кај е појадок, некое кафе со колегите, може ќе треба да платиш автобус, паркинг за кола и слично. Колку да не си дома. Жално.
Здраво дали некој може да понуди работа, но барем неделите да ми се слободни, бидејќи немам потреба во текот на неделата, ова што е по огласи 90% се работи и недела.
Пивара зависи каде си ако си кај пивото таму е почеано ако си кај кока кола тешко е нема застој таму маста им се вади, а верувам дека и за таму е огласот. Али реално ако е 40к минимална плата повеќе вреди зошто ниедна фабрика не ја дава таа плата ниту странските во бунарџик.