Девојки од Гевгелија, потребни се промотерки за викендов. Заинтересираните да се пријават со порака на фб на профилот https://www.facebook.com/promoteam.mkd Ако немате профил на фејсбук случајно, пишете ми лп на мене, ќе ве пријавам јас.
Држам приватни часови за деца од одделенска настава, помош при учење. Се однесува за Скопје. Доколку имате потреба пишете во ЛП.
Некој со информација плус околу ова... http://www.fakulteti.mk/news/14-08-...ost_kje_prisustvuvaat_na_sudski_postapki.aspx
Мене не ми е јасно како луѓето наоѓаат пат излез од оваа држава..како се снаоѓаат во страна држава... Искуства?
Немам инфорнации плус за ова но би пратила CV. Макар и така кога би одела. Еден вид искуство. Ако си заинтересирана можеме да пратиме и двете. Па ако има некоја од нас повеќе среќа да биде избрана ќе си раскажеме како е било.
Дали сте слушнале за Базаро досега како се задоволни? Мене ми се јавија да почнам утре со работа, 10 иљади плата.. Мислите дека е навистина толку? И плус одма ќе ме пријават
Се бараат 2 девојки за работа во Фотокопир & Дигитален Принт Центар Населба Аеродром, Скопје работа во две смени (09-17) и ( 15-23) час. Основно познавање на работа со компјутер, како и работа со Фотокопир и Скенер ке се смета за предност. информации на email: klikprintcentar@gmail.com Платата мислам дека е околу 9000+ придонеси и здраствено
Дали некоја аплицирала за во Call Center или пак имала искуство со нив? Ме повикаа на интервју па ме интересира.. ?
За кој кол центар станува збор? Ако е во прашање Call Line, јас имам искуство со нив Никако не ти препорачувам да одиш на интервју, за да не си губиш време
Некој да има било каква информација во врска со условите за работата на штанд за младинска книга? Гледам дека се вртат огласи во последно време зарем никој не се пријавува?
И јас се прашувам истото.Бев и на саемот и аплицирав онлине и сеуште немам никаков одговор.Доколку имаш било каква информација пиши ми баш ме интересира и јас исто.поздрав
Младинска книга цело време пуштаат огласи - зошто ако не си работел за МК исто како да не си работел Мала шала... моја другарка почна да работи ама на процент. Едвај издржа месец. Продаваше енциклопедии од 7, 8.000 денари и нормално никој не беше заинтересиран. Одеше од врата на врата, во фирми ама џабе. На крај она немаше никаков ќар, никаков надоместок ни за времето...а газда ко газда си пушти нов оглас -
И јас работев во младинска книга и да ти кажам најискрено ако не сакаш да напредуваш и да си го губиш времето залудно слободно оди да работиш. Тотално изгубено време. Ќе ти треба доста време додека да си најдеш потенцијални клиенти кои ќе ти купуваат а додека ги најдеш поминала година и што си направила? Си потрошила поеќе пари отколку што ќе заработиш и тоа е тоа.
Девојки, дали имате информација некаде да бараат девојки за делење на флаери или за промоции по маркети ? Имено, ми треба работа со скратено работно време , заради обврски со факултет, секоја информација е добредојдена и фала ви однапред (само за Скопје)
Кога аплицирате за работа и ви треба доказ за искуство, како ги пријавувате договорите на дело бидејќи за нив освен самиот договор нема друг доказ?
^^ Кога работиш на договор на дело ти си пријавена, ти тече стаж и осигурана си здравствено и пензиски. Потврда можеш да земеш од Агенција за вработување или од ФЗОМ да ти дадат извештај како си пријавувана. А како доказ можеш да го наведеш и Договорот, тоа е официјален документ кој е заверен архивски од страна на фирмата (одн.агецијата за привремени вработувања).
Немам стаж, не бев пријавена, затоа и прашувам. Помислив дека можам Договорот, но не знам дали е фер спрема фирмата да го покажувам...
секако дека е фер. Кога тие ти дале договор дека си обавувала некаква работа за нив слободно можеш да си го впишеш во CV и да го доставиш договорот. Договорот ти е потврдата. Сигурно ти го воделе тоа како волонтерство или нешто слично. А и парите што ти стигнувале на сметка ти се доказот. Нив и онака морат да ги пријават поради регулацијата за данок на приходи. Слободно пиши ги и прати фотокопија од договорот како доказ.