Здраво, дали знаеш што всушност се прави на таа позиција, што се продава поточно? И за интервјуто дали знаеш нешто ,знам немаш ти таму работено но можеби знаеш нешто повеќе за раб место
Не сум точно сигурна за што беше, но знам дека имаше нешто со финансиски аспекти односно апс мислам дека им помагаат на луѓе со кредити им ги намалуваат и слично. Не сум точно сигурна за ова но отприлика тоа ти е, имаше нешто и за соларни панели…
Majka mi rabotese, nonstop setanje od mesto na mesto, slaba obuka, te setaat te vo Tigo te vo Bongo i treba minimum 3 meseci da pominat za da vidis nesto od bonusi. Ne preporacuvam
Искуства во Теледирект? https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/452951/Prodavach-na-telekomunikaciski-uslugi-Skopje/ И дали некој има искуство каква е работата во агенциите за обезбедување?
Здравоооо! Дали некој има искуство со Sales Matic американска фирма со канцеларија во Мк? Аплицирав, но немам мн убави коментари слушнато до сега, па сакам да прашам кој какви искуства има со неа?
Јас слушав и знам дека е така бидејки изворот е сигурен, дека многу доцнат со плати (освен на оние што се пријавени). Тие што се Remote не се пријавени и им доцнат со плаќање, на тие во канцеларија им даваат пола на рака и исто така им доцнат, па за бонусите да не збориме…некогаш и по два три месеца им ги исплаќаат. Којзнае и на тие што дале отказ дали ќе им биде исплатена последната плата. Минимално им биле платени бонусите, па дури можело и да не оствариш бонус доколку не исполниш одреден број на успешни повици… Воглавно, и мојот совет што го добив за таму беше НЕ. Не знам како сеуште работат ваквите фирми, а во Мк се повеќе ги има
Da, drugar mi zaradi bonusite se nervira mnogu, nekako teshko mu se dava bonusite, a rabota premnogu.
АПС има неколку сектори, тоа за sales им е на неколку делови, маркетинг, финансиски услуги, бизнис улуги итн. И главната плата зависи од тоа кој ќе ти биде менаџер, еден ќе ти нуди повисока, а дригиот повисока. И различни услови, ачи работното време им останува исто 4-12. Имам пишувано за фирмата, но постот неможам да го најдам. Теледирект е партнер на Мтел им ги врши монтажите и ги нудат услугите, и во Србија и кај нас. Имам пишувано за Мтел подетално и истото делумно се однесува и за Теледирект. Ова што го нудат на огласот е теренско продавање, ќе одиш негде надвор од Скопје да продаваш услуги и константно на пат ќе бидеш. Имам слушано како иделе по селата и лажеле стари луѓе да потпишуваат договори на лице место за "пробен период" а тие потпишувале договори обврзани на две години и кога им дошло сметка се чуделе. Многу прљаво играат и многу жалби има од нив. Канцелариите им се во Кисела Вода, пред расадникот. Sales
Здраво ме интересира,како се движи платата за на бензинска пумпа се работи по 12часа два дена потоа слободна 2 дена,некое искуство ве молам
Мило ми е што прочитав дека некој бара мислење за фирмава. Бев таму одредено време и можам само да ти кажам на тебе, а и на секој друг што сака да почне таму - едно големо НЕ! Ужасна организација/менаџмент, доцнење на плати (и бонуси ако воопшто добиеш), препишуваат казни без врска и кратат од плата…Прв пат се соочив со таква фирма и разочарувањето е преголемо! Ако сакате да ви се искористи трудот, слободно пробајте. И што е најважно, сеуште ја чекам последната плата! Ако имате вишок пари можете да почнете да раб таму, а ако сакате навреме да си ги плаќате сметките, бегајте далеку! Се надевам на некој ќе му биде моето искуство од помош.