Никако не си ги кажувај реалните слаби страни Јас на пример на едно интервју реков дека сум control freak и сакам све да ми биде цакум-пакум (што е делумно точно ама не 100%). Има многу видеа на оваа тема, побарај на Youtube.
Фала на инфо, не е лоша платата, мада за таа работа колку гужва имаат продавачките е мала, а за локација сум Карпош, не би било добро да се шетам толку. Секое добро
Дечки барам работа со скратено работно време , одприлика да биде во центарот на Скопје Има ли некој да ми понуди, или ако знае кај да се обратам
Мислам дека на АВРМ не ја пишуваат реалната плата, туку таа за која работодавачот плаќа давачки. Имам 2ца другари што работат за телеперформанс и една другарка во друга фирма (рече да не ја пишам). Другариве земаат околу 50-60к, другаркава исто тука некаде, а на АВРМ во огласите 25к напишана плата. Нема врска.
На Аврм мине официјалната првична плата, може после да им направат корекција наредните месеци. Или едноставно може твоите пријатели остатокот го зимаат на рака ? Еден куп од овие компанииве што работат за амерички пазар како диспечери се на минималец или макс 30 остатокот оди на рака на црно
здраво, некој да сподели искуство со транском? како се условите, дали прават проблем доколу побараш ден не дај боже за болест, дали е регулирано де со плата?
Јас работев во транском со германски. Имав супер искуство, немаше никаков проблем за земање слободен ден или нормално боледување, иако е кол центар според мене воопшто не беше токсично и сѐ ни беше дозволено, платата исто се исплаќа секој месец на 15ти коректно. Ако те интересира уште нешто слободно прашај.
фала ти многу за одговорот, тоа баш ме интересираше, да не е токсична средина за работа. Се надевам дека добро ке поминам до оглед на тоа што давам отказ на моменталната работа за да почнам таму.
Мене не ми беше воопшто токсично, сега не знам со кој јазик и за кој проект аплицираш ама генерално искуство и на други проекти е дека не е токсично воопшто.