И јас пратив CV, но сеуште немам никаков повратен одговор на e-mail. Па сакам да Ве прашам дали Вие имате некои информации околку ова, доколку сте аплецирале?
Здраво девојки дали сте информирани за работата на бенинските пумпи во маркетите? колку се платени и какво искуство има некој?
Држам приватни часови на деца од одделенска настава (македонски, матемтика, англиски, француски и сите други предмети) и децата ќе имаат можност за повеќечасовен престој со некоја активност која тие сами ќе си ја изберат (цртање, прошетки...). Само за во Кавадарци, ако некој има потреба нека ми пише порака.
Дали некој аплицирал за КРОАЦИЈА КАРИЕРЕН ДЕН, што всушност е тоа, дали е само презентација или можност за вработување?
Девојки јас сум студентка на Институтот за дефектологија , 25 години, и барам да чувам детенце, повремено или постојано, како и носење, земање од училиште или градинка и помош околу училишните обврски доколку ги има. Ако некој има потреба или пак знаете некој да има потреба Ве молам известете ме. Фала многу !
Дали некој е запознаен со огласот на Конзорциум Иноватор 2013? Бараат со 75 факултет и 22 средно обрзование. Денес имавме инфо средба и како што објаснија демек по обуката која сами ќе си ја плаќаме следува праксата па вработување. Платата почнува од 300 евра. Некако многу малку имаше пријавено да не е се некои преваранти?
Се бараат девојки за работа коко хостеси во ноќни барови и дискотеки во Турција.Треба да имате мах.30 год. и пристојно да изгледате! Платата е 1200 $ !!! Сигурноста дека ништо несакано нема да Ви се случи таму,ја потврдуваме со претходно склучен договор на нотар! Бр.за контакт 072/245437
А што е тоа несакано што потенцијално би можело да се случи па што гарантираат со нотарски договор? Да не е Долина на волците?
Мене ме интересира дали некој знае за овој трговски центар , го видов огласот и аплицирав http://najdirabota.com.mk/vacancy.aspx? ... C_pO_mSyOA
јас на секој оглас на кој се јавив ми имаат кажано дека или веќе имаат вработено па пнака ради реда објавиле оглас, или ме направиле улава во смисла не девојко грешка сте немаме објавено никаков оглас. ама пробувај не знам што да ти речам.
Луѓенца, само човек ако имате, иначе ништо од бизнисот, така функционира кај нас, а тоа дека се е случајност, аплицирање на оглас и од истиот да те викнат сосем случајно, жива лага е, ако сте слушнале такво нешто, а не верувам дека не сте чуле.Некои ставаат огласи, баш ради реда и се е само тапкање по рамо, не сакам да ве депримирам, но тоа е реалноста.Важи за сите огласи ова.
Некое искуство со Цептер? Продажбата се врши само во сопствениот регион или...? Мислам има шанса за било каква заработка оти обично ваквите работи се губење време...
Губење време. Ако го имаш на располагање, оди, но верувај и упорна треба да бидеш пред се. Незнам колку си запознаена, производите на Цептер се многу скапи, и затоа продажбата иде тешко. Они се во постојана потрага по вработени кои ќе работат хонорарно, зошто ретко кој останува и кој се обидува да продаде нешто. Токму поради тоа, флексибилни се со време, ти викаат да доаѓаш кога сакаш и да си одиш исто така. Мене ме викнаа пред пола година можеби, и само два пати отидов на обуката и толку беше. Ако сакаш ваков вид на работа, подобро зачлени се во Орифлеим или Авон