Другарка многу се жалеше од луѓето највеќе од работата онака, а платата е супер... Јас да прашам искуство со работа во игротека во диамомд мол??? Наводно плата 38 000ден.
Крошу, за во Битола знам дека имам познаници соседи што работат таму и кажуваат дека е доста тешка работата, 100% од времето на нозе,фабрика е така
Неколку години го анализирам пазарот во државава, од година во година се помалку огласи има на сајтовите за квалификуван кадар и нормални фирми... Бегајте од протекторатов додека можете
Јас работам во друга фирма истава бранша, ама мислам дека овие даваат најдобри плати. Добро е и овие што имале ваква понуда, бравос..
Гледам вело време има огласи во фирмава Grant Thornton, има ли некој што работел или се уште работи да сподели искуства како е и во однос на плати како се?
Истото мислење го имам и јас. Катастрофа се, прелош однос кон вработени, ниски плати и премногу токсична средина.
Колку што знам таму имаше некои превирања меѓу партнерите/управителите на компанијата така што веројатно си имаат заминато дел од вработените. Претпоставувам платите се релативно ниски на почетни позиции а за со поголемо искуство веројатно има подобри плати. Реално во секторот сметководство и ревизија има доста отворени позиции но тоа веројатно се должи на големиот обем на активности за прилично ниски плати кои ги нудат првите 2-3 години.
Дали некој знае како може да се дојде до практиканска работа со можност за вработување во Кромберг во Битола ?
Јас имав аплицирано за админ. позиција според струка и ме контактираа за да ми понудат работа во производство. Не потценувам работно место, само поентата ми е дека на повисоките позиции се влегува знаеме како и нудат нешто друго за кое потешко ќе најдат човек.