Леле истото го кажа и пријателка моја. Како робови ги третирале. Ги викале од јадење, а не можело за пола саат да се подели на сите, многу вработени, па кој покасно почнал да јаде, ќе стане на сред јадење. Жално... Таа беше на обука, 5-6дена и се откажа. На крај заврши и на доктор од стрес. Една од полошите фирми изгледа, за во Скопје ова.
Ако е производство точно е ова Цела смена е на нозе и се работи во 3 смени на линија, буквално како робот за да се достигни таргетот на линијата. И нема да си верувате самите на себе кој ќе ви бидат шефови и надредени. Би препорачал овде само ептен ако е дојдено за било каква работа
Некој да не знае каде бараат на пола работно време, кол центар (по можност од дома) или нешто слично за студенти.
Да тоа го знам за во производство, но јас барам нешто по струка и мислев ако можам некако да дојдам прво до пракса дека можам полесно да се вработам, отколку да аплицирам на некој оглас, така воопшто не мислам дека ќе ме примат.
Здраво дали некој е запознаен со работа како Мерчендајзер за AWT International ( плата,услови) и за Базаро Ви Благодарам
Некој што имал искуство во компанииве што произведуваат медицински препарати на база на канабис? Да ми каже некои што се во Ск, само за НЈСК знам, ме интересира таа индустрија дека е релативно нова
Дечки, има ли некој искуство со овие фирми: -la familia -fashion group -new yorker Ако некоја од тука работела во овие фирми или има некакво искуство, ве молам нека пише, може и по порака
Знам дека постои само хахах, во Синцеритас бев на пракса летово и солидно беше, доста инструменти имаа за анализи и баш имплементирано GMP како што треба, ама сега сакам нешто поблиску, затоа прашав за Ск, за НЈСК највише ме интересира
Како се со плати? Јас не сум хемија/фармација, јас сум земјоделски... За ЊУСК или НЈСК знам дека само имаше скандали неколку со вработените, наместо отказ имаше тука пишано членка, им ги земале картичките за влез и три дена не можеле да влезат и автоматски си добиле отказ, за да не плаќаат пенали. Има и неколку други, ама скоро секаде мора да знаеш по некој. Со што факултет си?