Zdravo Znae nekoj sto e fora so testot za Pivara Skopje za unapreduvac I koi se plati,uslovi ,rab.vreme i slicno Fala vi
Тестот е да ти направат првична проценка, добро е што и ако те одбијат (ќе те извесат дека нашле друг посоодветен кандидат) за разлика од 90% од другиве компании што ни одговор не даваат. Основната плата зависи од регионот, во помалите градови низ државата даваа 30к основна во Скопје и Прилеп Битола мислам беше 40к но имаш и други додатоци - во зависност од остварени таргети, прекувремени саати и сл според нив може да стигнеш и до 70к демек. Ако немаш искуство во тој дел како комерцијалист тешко примаат
Здраво дали некој знае како е за работа во Кромберг&Шуберт во Скопје?Слушнав доколку си со високо образование те напредуваат, точно е тоа?И како се движат платите?Фала однапред.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/457470/Distributer-na-cigari-za-reon-Kichevo/ некој искоуство со Пекабеско Дистрибутер на цигари ?
Дали некој има било какво искуство со Сопро, бил на интервју или работел таму? Пребарав во темава и неколку пати е прашано а нема одговори. Зарем толку никој немал со нив искуство, кога нон стоп имаат огласи? И сега имаат активен оглас па гледам нема многу пријавено а пред извесно време на секој оглас по 100 апликанти имаше, затоа ме интересира.
Јас најдов работа преку оглас на Вработување, ама пред 3 години, сега не знам како е, подобро преку луѓе да најдеш, па и во некоја маалска продавница или бутик подобро.
Како би ја сфатиле фирмата? Ако ви ѕвонат во 9 сабајле и ви кажат во 10 да бидете на интервју. Дали само според мене не е ок, или стварно ми делува несериозно? Зарем не би требало да закажат претходно или еве макар истиот ден ама покасно а не после саат време. Баш во тој момент не можев им реков дали може покасно или друг ден. Уште ми велат па има и други кандидати.
Прво ова е непочит на времето а и на тебе сама како личност така што прво црвено знаменце. Кога ќе се состанете треба да е по договор а не само на нив кога им одговара башка и еден саат пред интервју? Па ти треба да се спремиш, да тргнеш, да стасаш... мислам која катастрофа од фирми
Ма јас стварно не знам што е со фирмиве. Мислам дека треба да закажат за кој ден претходно. А не вака. За ова што си пишала катастрофа од фирми да не речам скоро сите еве ќе се изразам поголем дел се такви. Во државава ретко асална да најдеш фирма, ако е ок нешто не чини нешто друго и се така нешто мора да фали.
Непочит дефинитивно, па уште и пробуваат страв да влеат со тоа "има и други кандидати". Коректно и професионално е да договорите интервју двострано, а не со присила и брзање. Страшно
На мене ми се јавија во 10 часот и ми рекоа да дојдам во 12 на интервју. Ова за во маркет. Не отидов. И нормално, имале и други кандидати. Нека ги бараат другите.