И јас сум во иста ситуација. Било што би работела. Еве од Стокомак и Кам не ми се ни јавија, а за Жито пишав погоре.
На подобрите места или воопшто не ми се јавија или бев и не ме повикаа на работа. А искрено јас за крај оставив за во продажба велам ајде таму секогаш бараат. А што знам како ми почна барањево работа, кога би аплицирала, може ни од таму нема да ми се јават
Кам моментално имаат огласи за неколку локации во Скопје, дали аплицираше?@pamelce https://www.facebook.com/share/p/12BMe7i4rw3/
Јас еднаш аплицирав за во Жито. На огласот беше напишано за во кој маркет имаат потреба од персонал. Во апликацијата напишав за во Ѓорче, а тој кога ми се јави ми рече за во Аеродром. И точно е тоа дека платата не е секогаш како таа што е напишана на огласот.
Мене ми излезе огласот како спонзориран пост на фејсбук, што се мачеле тогаш да пуштаат реклама воопшто
Во повеќето фирми однапред се знае кој ќе биде примен, ама оглас објавуваат ради реда. Излегува дека единствена опција за работа се маркети и бутици.
Не знам кога последен пат сте чуле дека некој сработел, месецот завршил и газдата немал за плата и придонеси. Едноставно нема плата. За двајца што ми се блиски сега брзо дознав. Значи некои газди ни плата не можат да исплатат, од што се во долгови, не менаџираат добро итн. Ако тоа се земе во обзир, работите многу не се смениле во државава. И што ќе прават луѓето? Па нормално прашуваат по познаници каде се бара работник, да се префрлат некаде што е можно поскоро, затоа што ако аплицираат по огласи, догодина ова време може ќе се без ангажман.
Дечки, имате ли информации за Лидл. Какви се со плати? Ме плашат што цело време им се вратат истите огласи. Или нудат ниско или не можат да најдат луѓе? Искуства?
Upwork веќе некое време има многу строга политика за зачленување зошто се преплавени со фриленсери, многу профили се одбиваат, или треба ептен да си нешто уникатно по професија или ако имаш среќа да те прифатат за нешто обично ќе работиш за џабе.
И што е најлошо треба уште дупло да бидат платени во маркет и бутик за таа работа најсериозно. Работев и знам како е. Криво ми било што секогаш гледале како со потсмев на тие работни места или те гледаат од висина со понижување. Еве јас сум дипломиран економист па морав да работам нешто. И тоа е работа, баш треба да бидеш вреден за таа работа ама овде како што не функционира ништо еден човек ќе работи а на негов грб ќе земаат уште тројца плата што буквално забушаваат. Работа како работа ако си вреден нема тешко, физичкиот дел од работата не е проблемот. Проблемот е односот од претпоставените од една страна што те третира као ѓубре, мобинг на велико. И плус колегите што се газолижачи поголем дел па секогаш имало расправии за слободни денови одмори смени и сл. Нормално фавризираните добивале се како што сакаат а другите како будали кога ќе им остане слободен термин за одмор пример и сл. Од друга страна пак муштериите оф леле мајко поголем дел се понашаат како да се Господ а вработените им се слуги, робови и сл. Лечат комплекси на нив а ти мора со љубезно да им одговориш. Пошто ако ги отераш ќе леташ од работа, воопшто немаат поддршка вработените од шефовите. Да не зборуваме пак за прекувремена работа за празници, викенди и така натаму.
Секоја работа си има своја тежина, ама по примерот на другите професии од типот на келнери, готвачи, молери, водоводџии, дека почнаа да ги ценат тек кога ги снема и со продавачите во малопродажба ќе биде исто еден ден..
Koga go pisav istovo ova pred nekoe vreme edna clenka, eve kje ja oznacam @Cosmi me napravi budala i deka izmisluvam. A tocno e, za administrativna pozicija i vo privatna firma treba preporaki.
Ма за административна позиција да не правиме муабет. Кога дојде ред во продавница за спортска опрема имав аплицирано и слушнав дека девојче веќе си имаат најдено оглас морале законски да пуштат. Па што остана за подобрите позиции.
Јас во Сити Мол аплицирав. За по бутиците. Никој не се јави. Една жена што работи таму ми вика Фаќај врски.
Хахах мислиш во наса аплицираш. Муабетот ми е дека огласите мораат да ги пуштат, а веќе си знаат кого ќе примат. А ние си губиме време аплицираме.