Здраво Феминки Би сакала да ве прашам дали имате некое искуство со тестирањата што се вршат за вработување во цементарница Усје? Од каков тип се, што прашуваат и слично ...
Здраво Феминки Би сакала да ве прашам дали имате некое искуство со Мекиците од Стража,гледам оглас за вработување позз
Значи ништо толку време поимна и ништо јас имам искуство во контак центар и слично ама џабе а најавуваа голема бројка на вработени ајде ако има нешто и кај тебе пиши
Повеќе од десет години поминаа откако дипломирав. Оттогаш до денес трае и мојата голгота и потрага по пристојна работа и речиси секојдневно аплицирање на огласи. Работев во туристичка агенција, сметководство, продавница за порцелански и стаклени украси, предавав англиски и германски јазик во приватни училишта, работев како канцелариски работник во приватна фирма...искуствата ми се најчесто лоши. Имам само две години стаж, другото било на црно. Освен канцелариската работа, кога платата ми беше 20.000 денари (за жал фирмата пропадна), сите други биле за жалење, 8000-12000 денари. Во приватните школи ни толку. А, имало и такви каде што сум работела и не ми ни дале плата. И една работа ми е јасна како ден - не е важно какво образование имаш, важно е да имаш врски да влезеш или да имаш луда среќа. Јас немам ни врски, ни среќа. Познавам луѓе со средно, кои имаат по илјада и повеќе од илјада евра плата, а знам и лекари, кои работат во приватни ординации и заработуваат 12.000-16.000 денари. Нека не ве лаже некој дека на добро работно место влегол на конкурс, без никакви ургенции. Многу ретки се таквите и обично се програмери или друга струка од IT секторот, кои можаат фирмите да ги менуваат, бидејќи тоа е дефицитарен кадар кај нас. Инаку, за во државни институции, осигурителни компании, ЕВН, МЕПСО, Алкалоид, Пивара, Макпетрол, Топлификација, Комерцијална банка, новиве што дојдоа како инвестиции (Џонсон Мети, Ван Хол, Дрекселмаер, Маркарт - во администрација) и општо било каде, каде би ви дале добра плата, ви требаат многу, многу јаки врски. За дел од нив не се ни објавуваат огласи, а и да се објават однапред се знае кој ќе влезе или веќе е вработен. Дел од луѓето ми викаат "еее, како не можеш да најдеш работа, има работа, еве ја конкурирав и ме примија", а токму тие се оние што влегле со врски. И, не ми е криво си имале врски или им работела среќата, се вработиле, ама не мора да се прават паметни, да се потсмеваат или да потценуваат. Претходната недела бев и на саемот за вработување, ги поминав сите штандови, а онаму каде мислев дека би исполнувала критериуми прашував каков профил на луѓе им се потребни. Сите, ама сите без исклучок, ми одговорија дека во моментов немаат потреба од нов кадар, ама дека сум можела да им пратам CV на e-mail. Случаи, како моите има еден куп. Луѓе со просек над 9,00 работат во супермаркети и во топ-шоп. Не велам дека е понижување да работиш во маркет, ниту една чесна работа не е понижување. Понижување е платата, затоа што знам колку труд и колку учење треба за да завршиш на државен факултет и после да не можеш крај со крај да сврзеш. Не е решение ни да се зачлениш во партија. Ако немаш некој во партијата да ти помогне, можеш со години да си член, да се убиваш трчајќи на разни изборни и други активности, да дремеш на кутии за избори, а кога ќе дојде ред да те препорачаат за работа, или ќе измислат нови критериуми или ќе вработат некој што не мрднал со мал прст. Има луѓе со години што волонтираат или работат со договор на дело по клиниките, во одделенска настава или во градинка и постојано ги тапкаат по рамо и им ветуваат решение и ништо. Волонтерите добиваат (знаете веќе) околу 3500-4000 денари, а оние по договор помеѓу 8000-12.000. И тука знам за случаи кога на волонтерите им велат стрпи се , ќе биде или нема пари сега за твоето работно место или министерот/директорот не го потпишува решението. На крај ќе вработат некој што не ни волонтирал и истиот веднаш ќе добие решение на неопределено. Така што единствени опции на луѓето како мене што немаат врски ни се: или пат под нозе и надвор од Македонија или да работиме во супермаркет (8800-13.000 денари), приватни компании (10.000-15.000 денари) или во продавници (10.000-12.000). И да се надеваме дека еден ден ќе ни проработи среќата, ќе дојде крај на сите нервози и солзи и ќе се исплати трудот и учењето. Затоа што сепак никогаш не смееме да изгубиме надеж бидејќи не знаеме што може да ни донесе утрешниот ден.
Премногу си во право, треба врски или книшка, тоа е реалноста денес, зборење во стилот дека некој случајно нашол работа, као на среќа е жива лага.Секако, огласите ставени, туку така, колку да ги има, да се види дека нешто се дешава во државава.Колку само паметни луѓе имаме, а истите немаат квалитетна работа, а и убава плата, што е страшно.Саемот и тој врска си немаше, истото и мене ми го кажале, значи им беше само колку да се промовираат и да излезат на саем, за да се види нивната „ангажираност“ околу невработеноста.Згора на тоа и ко ќе пишат искуство од 3 - 5 години, не знам со кој памет го кажуваат или бараат тука во државава, каде секој втор е невработен, како тие бараат искуство, кога не вработуваат? Ма и пред да стават оглас вработуваат, па си одат на интервју, а огласот уште не објавен и уште ќе излажат некој демек на среќа, случајно, од што има случајности, пола народ се отсели од државава, а и тоа по случајност, ама работодавците не мислат со главите што прават. Саемот, појди, види и замини, работава, исто предавање од агенцијата за вработување, иста песна повторуваа, како и претходно, веќе на памет да им го научиш текстот што треба да го изговорат.Таму беше смешно да ги слушаш.Лажење, мотање народ до недоглед.Само не знам што мислат они, дека младиве ќе ги излажат? Тешко да излажат некој кој знае како всушност се вработува, може само напразно да си зборат и после бегал народ од државава ќе бега. Огласите се само за украс на страните за вработување ставени, уште и ко ќе прашат од агенцијата, кои огласи ги гледате, дали следите огласи, не они мислат народов нафта пие, па ќе го оправаат како требало, кај да се барало работа и сл.Воопшто и дали како агенција, забележале какви огласи се поставуваат на интернет, има и такви огласи каде нема информација за работодавецот, а не би требало таков оглас да има, оглас за работа, а кој е работодавецот, не се знае, не за друго, ќе се излаже некој ќе прати апликација, ќе даде лични податоци, којзнае каде.Значи, можат да предаваат како, каде треба да се бара работа, кои страни да се гледаат, а не ги интересира кој објавува.Можеби тоа и не е нивна работа, но кога веќе наводно им стало до невработеноста, би требало малку повеќе да обрнат внимание. Самата агенција, претставените од таму, рекоа дека си ги знаат негативните карактеристики, кои им биле укажани некогаш од некого, а како што гледам немаат абер да ги поправат.Такви луѓе имаме, паметни, да ти е милина да ги слушаш, кога ќе си го кажат своето патешествие во потрага по работа, а имаат импресивно CV, ќе се фатиш за глава, многу сакам такви луѓе кои се борат, а за жал се уште не нашле работа, за да некој друг, наместо на огласот, регуларно да си се пријави, како што треба, без врски, се намести токму на таков начин, иронично премногу кога ќе изјави таква личност, демек случајно се вработил, а болно за оние луѓе, за кои споменав претходно, дури криво да ти биде ради нив, знаејки низ трнливиот пат по кој поминале.Тоа е, државата не се грижи за тоа, па се чуди зошто младите бегаат, ќе бегаат и со право.
поздрав дали некој има да ми прати линк кога и каде се полага за лиценца за воспитувач или негователка
да се надоврзам на дискусијата за работни места, н е е само да се вработиш, пола од фирмите даваат плата после 2 месеци, а ако дадеш отказ можеш платата и да не ја ни видиш. Џабе е законот па и казни ако не пријави плата, наочаат начин како и да не и ја исплатат платат, како подоцна да те пријават. ќе каже некој сам си кив што работиш во таква фирма, да ама не сме сите среќници!
http://mtsp.gov.mk/komisija-za-licenciranje.nspx Еве тука можеш да следиш, инаку вчера се полагало така да ќе треба да почекаш за следен пат
Девојки...и дечки (бидејќи се вртка по некој) Дали знаете..имате некој што работи со градежништво,самостојно што би се рекло? Татко ми е во пензија има 50 години (млад пензионер),но поради малите примања сака нешто да поработи,за жал немаме таков круг на пријатели со кој би одел но се разбира од ѕидарство, малтерисување,плочки лепење инсталација на водовод,гипс картони... Доколку има некој познавања ќе го замолам да ме контактира...фала најмногу
ме викнаа на интервју за кол центар на америчка фирма. дали има некој искуство воопшто со странска компанија од овој тип?и кое ниво на познаванје на јазик бараат во огласот бараат со средно училиште ...
Дали е тоа за таа фирма за која на големо се најавуваше летово и која што ја имаше на саем на кариера во Холидеј Ин?
Во ред, јас мислев да не е за таа дека трубеа многу, па колку што знам јас нема ништо од тоа. Ајде штом се начна веќе муабетот, дали некој знае нешто за америчкиот кол центар во Ск? Ќе има ли нешто од тоа или само фалење ќе остане?
Според мене ништо нема да биде од таа фирма.Барем негде ќе најавеа дека нешто се случува. На предавањето рекоа дека после презентациите ќе правеле сума сумарум, па ќе одлучат дали ќе инвестирале во МК. Така да мислам се беше џабе.
Леле темава браво кој ја напишал. Огласи? Огласи има само за келнерки, коноборка, масажерки итн., тон бре читам непристојни еден оглас не најдов нормален. А веќе преку Агенција за вработување тоа е друга прича. Однапред се вработени само ппр што мора да се пополни а ние како улави праќаме СВ па вртиме по телефони. Страшно е. јас каде и да одам летечи сум, 2 месеци, па 4 па 3 ама кога нема подобра варијанта тоа е. Не знам колку сте забележале албанци се по УЈП, социјално ( извинете за навреда ) ама се неписмено. Додека стигнеш на правиот шалтер ќе поминеш едно 10 шалтери. Некогаш., дури и многу често веќе жалам за факултетот и жалам за дипломите што ги собрав еден тон, само за во рамка ми се а и немам ни рамки да си купам. Фала многу пријатно.