А што има ти да кажуваш кој кај да работи. Прво пишуваш сами бираме каде работиме после се демантираш, дека некои гледале само ради тоа што не се работи викенд. А што треба да се гледа? Секој знае што му одговара некој гледа само плата, некој гледа и работно време. Секој си знае што му е приоритет. Што толку ви сметаат мајките??? Па после се чудиме зошто се приморани да седат на почеток во заедница младите, еве ради вакви глупости што ако идат под кириа со една плата не може да се излезе на крај. А мајките се дискриминирани ако имаат мали деца и одма чекаат да им ги удрат клоците. Нормално ќе бара работа каде што треба да се прилагоди на градинката. Ако не тебе нека ти ги донесе да ги чуваш децата додека е таа втора смена на работа или за викенд и празник кога не работи градинката. Кое размислување човече Нека ги фрли децата на улица сами да се вардат таа нека оди на работа од јутра до сутра. Според твојата констатација мајките не треба да работат и треба само дома да седат.
A tebe sto te zasega taa kolku plata kje zeme toj mesec sto otsustvuvala? 35 000 - 35 000, moze i e dovolno. Ti koga kje bides majka, kje napushtish ottamu?
Не ми сметаат мајките има и други во фирмата, а има и татковци со 4 деца и тоа директори, па немаат ден отсуство и 24/7 се достапни. Едноставно е. Нека работат каде нема да зависи нивното отсуство од работа. Имајте фирма, па дали вака ќе размислувате. Каде е на таргет, каде губи промет, рокови, а со тоа и на неа, на цел тим и на цела фирма. 2 недели по 200.000 дневно изгубени 2 мил. Која фирма ќе го толерира ова? Дали вие би изгубиле абе ај мајка е нека седи дома. Да, нека бара каде не се работи викенд, ако само тоа нејзе и е приоритет и ништо друго повеќе во животот на 30 години, ама фирмата бара друг профил. Бара млада, без обврски и амбициозна. Не ме засега и 15.000 нека земе, таа со тие пари ќе одржува фамилија цел месец, нејзиниот дел е додаден кај платата на останатите. Не и беше баш сеедно кога ја скратија на плата, ама нема седење дома и однесување дека е државна администрација и цела плата. Затоа и многу на интервју прашуваат дали некој има или нема деца и кој им ги чува. Затоа што има спремни да си платат жена за чување, отколку да земат мала плата. Кој се пронаоѓа во такви фирми ќе работи кој не ќе си бара друго. Тоа се правилата и барањата. Приватно е не е државно, па да се има привилегии и жал за некој. Во странство така ќе ве жалат. Нема да напуштам зошто, за се има решение ако ми одговара работата. Нема што да барам место некаде ако не ми одговара. Не зависим од никого.
Тоа што фирмата нема кој да те замени додека тебе детето ти е болно и мораш да седиш дома, додека си на породилно, или пак кога мораш да искачаш 1 саат порано од работа за детето од градинка да си го земеш, не е твој проблем, нивен е, нека си го решат со тоа што ќе си вработат двајца луѓе за иста позиција, јер ако мене он не ми искочи во пресрет да не јаде гомна дека сум земала боледување додека детето ми е болно да седам дома, што да се очекува за другото.. Среќа па државата ми овозможила права, и ќе го јадат дебело ако не ги почитуваат.
Таа земе боледување од што сака дома да седи? НЕ. Зема од што мора. Ако не, нека ја стави работата на прво место, децата нека се снаоѓаат како знаат сами И ти кога ќе имаш деца сама ќе си ги демантираш мислењава што сега си ги пишувала. Немало кој да ја замени, абе ајде... Вие како колеги место да се поддржувате, вие се јадете една со друга. Страшно. А и како се поставуваш овде, као твоја да е фирмата. Работам во иста бранша како тебе, и знам како стојат работите. Сум работела и во фирмата кај што си ти, ама фала Богу многу кратко време.
Сестре извини ама многу ти е испран мозокот, во странство не те жалат, си има прописно колку може да изработиш на пример во германија до 176 саата си ја земаш платата, прекувремено од 176-200 саати си плаќаш одреден процент на државата- над 200 саати не ти се исплаќа да работиш зато шо државата ти ги зима скоро сите пари. Зошто е тоа така ќе речеш? За да го заштити работникот оти он не е роб а на газдата ако му треба работник плус да си најде. Во странство не го интересира работникот дали фирмата имала загуби дневно по 200 000 или не ако не е во профит нека си ја завори како шо него не му е гајле како ја преживувам со платата кој ми ги гледа децата така и мене не ми е гајле како на него му оди фирмата. Убаво ти го испрале мозочето мој предлог излези малку до странство и ќе видиш колку си експлоатирана
Иди на факултетон Кочо Рацин, што е за занаетчиски науки, земи диплома од таму, буквално било која ти е почетна 50+. Е сеа фрка е секој да те осигура на 50, многу бегаат со основица+договор на дело. Јас кога ќе почнам да вработувам, ќе пишам тука огласи, Сестре се осеќа дека си газдарица, олади. Ако фирмата губи 2 милиони заради отсуството на еден човек, тогаш дефинитивно треба тој еден човек да добива повеќе од 50 илјади месечно. Ако па не можете еден човек минус да изменаџира менаџерот за да не изгуби 2 милиони у 2 недели, тогаш и менаџерот не си ја работи совесно и соодветно работата. А инаку една поента, вработените се најважната алка во било кој бизнис, лојални и посветени, каде нема да одат по шајки ако мораат да земат слободен ден или недела. Пред се сме луѓе, па потоа работници/работодавачи.
Каква превара човече, жената во маркет во Дебар маало зимоска работеше со шината рака, кога ја прашав зашто не земе боледување, ми рече дека нема кој да ја замени и затоа не и дозволиле да земе боледување менаџерот. Со шината рака, ја имаа ставено на пиљара надвор, да мери овошје и зеленчук..
Леле членкава го опишуваше ко ракетна-наука да работите. Јасно комерција има многу барања, ама не е дека не може да се изменаџира без еден човек во тим. Смешки. Башка искрено, поарно да не идат ако не се добри, него да дојде, да испомеша нешто и да биде после Цацко е крив. Знам пошто така ни се има случено еднаш или два пати, комерцијалистот некомплетна документација да пушти и да заглави камион на граница. Исто и Веро, болни, искршени, со двете раце фатени, мора на работа. Мене така ми се случи со една на сувомеснато, едвај држеше со рацете ама мораше да работи. Јас затоа сум никој да не им работи, да цркнат за работна сила.
Па и ќе цркнат де, сеа да дојде 20 фебруар ко ќе ја летне уште толку народов до хрватска сами ќе си работат овде
LELE ЛЕЛЕ РЕФЕРАТИВЕ ЗА АЛМА-М ги пишувате? Ма не сте нормални, мислев шлепери работите, а не мастики и пудизни, дај опрајте се.
Не ви се мајките криви што работите во крш фирми и не можат да обезбедат замена за вас. И да ви се случи некоја незгода или еве на погреб сте тогаш кој ќе работи место вас? Фирмата треба да предвиди дека секакви ситуации доаѓат. Затоа и никаде веќе персонал не можат да најдат и младите си заминуваат во странство. И како тргнало газдите сами ќе си работаат никој нема да им оди на работа под мизерни услови. И за странство не е баш така какп што се збори. Баш во странство живее другарка ми и ми има кажувано дека земаат боловање кога сакаат и дека многу дури земаат и кога немаат потреба. Па никому ништо. А овде и кога стварно имаш потреба не смееш да земеш и ќе одиш на работа искршен. Свашта. Па уште ги браните ваквите фирми. Фуј.
А ние шо сме ги искористиле деновите од одмор и сега треба Скопје да идам на контрола, шу прајме, газди? Боледување ќе ви вадиме и ќао.
Па и народов наш глуп, ќе оди ќе даде 500 денари за кило копани оти од Веро поквалитетни биле и ќе чека на една мизерна каса што работи од 20 поставени. Пошто кокошките од таму растени во рајски услови, нема грешка. Веро има најголема маржа од сите маркети, а најмали плати дава. Јас сум за никој да не им купува, ама оди објасни ѝ на Славица дека копаните од Кам се исти. Пусти мерак да се докажеме дека имаме, кога немаме.
Ау, ни сам знала.... Тоа е, коа ве штити државата за да манипулирате. Од сегде гледате да кратите. Уште помалку будали има во државава, има да се моли за вработени. Шо ќе им е бонус, кажи хахах. За посветен работник, за некој што ви напраил поќе промет од предвиденото и сл. Златни тие, сиромашни сте, немате пари ах оваа држава ве измачи. Немате нова кола? Нов стан? Не сте биле у Шпанија на одмор?Guess, Armani, Ray Ban,.. Не сте купиле месецов.. Душички златни тие. Господ да ви помогне. На крај, религиски малку.