Не сфаќам зошо се нагласува дека има 20 години и е детиште. Намќор може да биде и повозрасен човек од 40,50 итн и јас и со такви сум се соочувала, ама сликава дека сите 20 годишни се детишта намќорести е малце апсурдна.
Мене па ми се јави еден вчера за интервју од Таскфорс за Logistics associate, рече ќе ме побара следна недела, не знам што да правам
Run! Ако сакаш да ти забрануваат чај, кафе и сок да пиеш, бирото да ти биде чисто, без кутија ја очила, без огледалце и сл. Лични работи
Јас во живо имам другари вака што зборуваат за фирмата и како малку му се парите од 43 илјади, плус дополнителни саати или викенди ако работат, ама некако не им се бега. Само да се жалаат.
Ако мислиш дека е лесно, дојди брат... Па коментирај. Прашај ги дали имаат социјален живот и дали психички се осеќаат ок. Ко ќе зборите отстрана значи.... Дали имаат избор да сменат??? Не за жал, барам уште... Последно пред месец дена ми понудија 550 евра во друга фирма
Му велам еве ајде види кој е стандардот кај нас, пример еве јас кај што работам највисока плата ми е 33 илјади со се празници и еден ден само слободен во недела (најчесто вторник среда). Некогаш не е се во парите, односно да не се прајме хипокритични ем плачиме-хејтаме ем седиме таму.
Нели кажуваше дека работиш само фриленс. Другар ти ги пренесувал муабетите за таму. Што потреба да се лаже.
Хахха е ова го чекав. Да видам кој колку ме следи на форум. Да, јас работам фриленсер. А другар ми таму. Работи во гастро каде имаат по 80 повици на ден и сеа им зеде бодување пошто психички е опаднат. Секој ден му тим лидерката му пишува порака дали ќе иде, а он и кажа дека 2 дена секако не иди. @Stark брат, џабе му е 43.000 коа плаќа карта за јавен превоз, јадење. Ај у Скопје пресметај колку му останваат пари за да дише. Плус рестрикции. Ти не знам каде работиш и дали те остават на биро да пиеш кафе и дали дишеш чист воздух и дали имаш светлина пошо он нема. Седи у ќош а прозорот е на другата страна од канцеларија и е забрането да се отвара. Ако ти сметаат другите, кажи им в лице дека претеруваат и дека нив им е поубао од тебе
Хахахха од прва, втора. Може сум бот да видам кој од фирма тука коментира. Од каде знаеш? Ви пишувам се што знам дека им смета на робовиве наши тука. Провоцирам и бараме кој што праи. Од прва рака, па коа си близок со некој од каква рака сакаш да иам? Од трета??
Ако си бот, ако праиш од досада провокациски муабети океј те разбирам. Но, ако стварно бараш подобро место под сонцето подобро оди си во странство кога веќе тука знаеме дека не чини. Вака делуваш само кукање и тапкање во место и чекање на годо да дојде. Многу ме потсетуваш на другарка што имаше токсична врска, околина и се. Бараше совети со години, кукаше .... за после да си тера по старо. И се другите со ќе кажат го фрла у вода у ист момент. Не е ова веќе барање на решение туку само класично македонско кукање.
Сакам да прашам за работа во одделот завршен маркетинг и менаџмент? Не станува збор за мене јас сум далеку од дипломирање но, станува збор за моја другарка. Има останато уште неколлу испито и некако ми се гледа дека малце е без надеж, мисли дека со нејзиниот факс нема работа.
Na drzavna klinika teshko ako nemas nekoj da te pikne, izvini sto sum direktna. Vladee plus nepotizam. Ja gledam situacijata vo drzavava i kako e po klinikite.