во право си стварно е така...келнерки,шанкерки,танчерки,придружнички,хигиеничарки...ужас..а од агенција за вработување ич веке не се трудам таму тоа е само чиста формалност мора они да пуштат оглас за да може да го прјават вработениот пријател нели нормално .и точно е викаат на разговор ради реда пошто мораат.и така ние додека не најдеме некој пријател што му треба вработена ке си седиме дома.
за срека немам осетено на мене.сакав и ја да аплицирам ама сите ми го кажаа истото бегај од таму или оди привремено дур најдеш друго.цел ден си на нозе,работиш секој празник,персонал кој од кој покатиљ,работиш како коњ плата кратат ...тоа е се што знам за таму
катастрофа се невидена ич не го ценат трудот што го вложуваш а ке те убијат од работа и за дзабе работев 4 месеци и напуштив зашто се крајно непрофесионални и не те ценат како човек туку како предмет робот што да кажам секој месец има нови продавачки барем во таа кај нас што е продавницата.Башка тоа цел ден си на нозе ако има скршени работи тебе ти одбиваа се ако скришиш нешто исто така и плата ти е 10 000 де мизерија од кои сигурно 2000 ти кратат крш па сега ти види
девојки јас не најдов соодветна тема па таа ми е некако најблиско до прашањето... сакам да ве прашам колку треба да помине од објавувањето на огласот за да може да те осигурат?
za da te osiguraat pustaat oglas vo zavod za vrabotuvanje koj trae 5 dena i posle tie pet dena ke te prijavat .
Има некој искуство интервју/работа во LC Waikiki?? Утре сум на разговор таму па ме интересира што и како е, да не си трошам време како со Базаро
http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-...p-ima-potreba-od-prodavachki-gtc-skopje/18356 http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1424134 http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1352084 http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1291470 i odete na vrabotuvanje.com.mk има за во рамтор и уште некои интересни огласцчиња
Баш сакав и јас да прашам тоа. Дали се сериозни? Оти ми изгледаат чудни?!?! ... Дали вреди се ова, да минеш обука шо си ја плаќаш ти итн итн. Некој ?
Од страната на агенција за вработување мој пријател си најде работа самостојно без врски и без книшка. И јас викам дека за тие што се пуштени огласите веќе си работат, ама ете неможеш да знаеш. Првиот пат го одбија, (дека бараа со искуство) по некое време пак фирмата имаше пуштено оглас и пак се пријави детето и на крај го задржаа. Зборувам за сметководствено биро. Затоа упорност само и пуштање СВ на сите огласи кои ни одговараат. Јас ова сега го заприметив на најди работа. Огласов уште трае? А што е ова да платиш за обука, па после ќе знаеш дали си примнат?
Не се лажете по такви фирми каде што сами си ја плаќате обуката. Ако некоја сериозна фирма сака квалитетен кадар должна е сама на свој трошок да ги извршува обуките. Што се случува. Плаќате за обука трошите време и пари и на крајот нема да работите затоа што не сте доволно квалитетни. Тие со парите вие со прстот во уста. Само обрнете внимание на меилот кој што е оставен за испраќање на молба и цв и се ке ви биде јасно.
Во врска со огласот за Конзорциум. Тоа е маркетинг агенција која што врши обуки за усовршување. Тие само држат педавања и ќе ти дадат едно пемпеле за усовршување, а ти крши глава после за наоѓање работа. Погледнето го само меилот (колку им е стручен) каде што треба да испраќате молба и се ќе ви биде јасно. Зошто нема службен меил ако толку се сериозни.
Не се баш тај стил точно. Меѓутоа на крајот од денот колку шо разбрав не се сериозни у стил долгорочно да мислиш дека ќе работиш. ете колку шо дознам и плата месец дена им каснело тај стил. Така да нели на крајот од денот 90 луѓе бараат, ако е се коо шо треба нели 600 евра плата по 6 месеца кај нив, досега ќе ги најдеа луѓето. а не цела година скоро 2 они се у фаза на составување тим. Тоа.
Да бев на предавање и се откажав. Условите им се однапред да платиш 10.000 ден за некоја си според мене непотребна обука и потоа мора да се оди на пракса. Вработувањата што ги нудат се за во Гостивар, Охрид и не знам кои други градови. Кога ќе те вработат мора цела година да работиш таму. Многу ми беа сумливи затоа што нудат плата над 350 евра, никој не прифача и имаат огласи секој месец.
Ви нудиме професионални предизвици, целосна поддршка при работата и можност за напредување во успешна европска осигурителна куќа. Нашиот успех се темели на квалитетот на производите и услугите, како и на ентузијазмот на нашите вработени и на начинот на кој тие се однесуваат кон работата. Нашата цел е да ја продолжиме традицијата на вработување на високо мотивирани лица кои се желни за лични и професионални надградувања. Од нашите идни вработени очекуваме врвна стручност и професионалност. Вашата лична креативност и способност за тимска работа се дополнителни барања, кои ќе Ве однесат чекор понатаму и ќе Ве направат член на нашето големо семејство. Доколку сево ова претставува предизвик за Вас и спремни сте своето знаење и способност да го насочите кон нашата заедничка цел, придружете ни се во остварување на врвни резултати! Вашата кратка биографија, испратете ја на нашиот официјален e-mail:life@winnerlife.mk и надевајте се на најдоброто!
од овие подалеку ! летово бев таму и е на принци на проценти , бараш првин по блиски ги убедуваш да ти потпишат животно осигурување па после и непознати кои те прават бетер од будала ! А за цел персонал што е останат таму не сакам ни да зборам , кој од кој се ! Кој кого да заебе и намести !