Не е ова случај само за Македонија. Потполно исто е и во странство: неизмерно праќање биографии за на крај некој што работи таму да те препорача на менаџерот и така да се вработиш. И тоа за основни позиции како што се вработени во маркет и сл. Не ти се случува само тебе. Ми личи дека никој не ги ни гледа биографиите, а не пак да имаат достоинство па да одговорат. Треба и да се има малку среќа или евентуално да аплицира во некоја компанија каде навистина се заинтересирани да вработат некого. Има случаи како твојот и има случаи кога веднаш те вбројуваат за интервју. Само треба малку среќа ако веќе немаш врски. А не и дека не се работи за маркетинг. Пола од фирмите немаше никој да ги знае дека постојат ако цело време не им се вртеа огласите. Затоа сите кои работат во одредена фирма треба да пишуваат оцени на страниците кои се наменети за тоа (слично како што би оцениле некој ресторан само овде оцената е за работата). Анонимно е и ги поттикнува фирмите да бидат подобри зошто никој не сака лош рејтинг.
Pa togas zosto begaat nadvor od Makedonija? Eve znam dva slucaja, otidoa vo Shedska i vednash po struka se vrabotija, nastavnici.
Нема кој да ги оцени фирмите зашто никој не сака лоша оценка, а среќа не постои, можеби ако случајно дознаеш за отворено работно место, иначе не.
Сето ова убаво што сте го пишале и доста е вистина, но пореалната вистина е дека и веќе не сака никој по фабрики да работи, сите сакате од дома и во fancy office space. Кај мене во фабрика почетна основна нето плата за оператор без работно искуство е 30 000. На ова додади 3ти смени и бонуси доаѓа околу 39-40,000, Ако се погоди и на празник да има процес, додади уште 2000. Ако има претходно работно искуство секако дека повисока плата ќе земе. Платен превоз, храна и вода. А да не правам муабет ако затреба машински или електро техничар со среќа да ни биде. А тоа со HR голем број и не знаат да направат разлика измеѓу што е word и pdf документ. Затоа пишите сектор/индистрија па ќе видиме Мене за странство ми бараа перфект англиски и интерперсонални вештини за да мијам тањири
Добро, дали само јас наидувам на вакви фирми или сите се такви, ти се јавуваат и ти закажуваат интервју за три саата, јас излезена од дома, додека отидам дома, па до таму, ужас. Ако бараме работа не значи дека висиме на закачалка и ги чекаме нив 24/7. Минатиот пат пропуштив интррвју зашто имав закажано на лекар. Толку ли е тешко неколку дена унапред да закажат. Ко сиот нормален свет тешко им е смс или емаил да пратат, ти ѕвонат па ако недај боже се бањаш тогаш или си на вц школка пиши пропало.
па како мислиш, треба да им правиш муабет и на тањирите, да не се чувствуваат осамено инаку да, по јас тоа што гледам во фабрикиве оператори на машина/линија цело време има огласи и вработуваат и без искуство, а работата не е толку тешка во смисол нема кревање тешки железа, може и жени да ја работат без проблем. ама не е работа во канцеларија мислам дека ќе биде покорисно ако кажеш кои фирми, за да кажат и другите дали со тие фирми имале такво искуство.
Валјда класична работа на приемен пулт. Да средуваш фактури, нарачки за канцелариски материјали. П.С кај го имаш видено огласов?
Jas kaj takvi sto zakazuvaat od denes za denes ne bi otishla na intervju. Zamisli kakvi kje bidat ako te vrabotat.
Не знам што да кажам веќе, некои па и онлајн закажуваат преку zoom или teams, и мислат дека ако е интервјуто од дома исто така можат неколку саата пред тоа да ти кажат. а оди прави интервју со дете што писка по дома
Токсична средина и црвено знаменце во најава, со таквите фирми не се ни продолжува процесот за вработување. Ако уште не примена имаат никакво почитување можам да замислам како ќе се постават кон вработените.
И после се чудат зошто нема работници. Не се будали луѓето да работат во такви фирми. Лошо е за оние кои немаат избор.
Не пишав дека има и такви случаи, ама не значи дека се тие некое мерило. Од случаите што ги знам, само сега 4 личности ми паднаа на памет што не можат да сменат работа зошто секаде е со препораки (или предност имаат луѓе кои се од таа држава). А реалноста е некаде на средина од моето и твоето „искуство“. Не се точни и двете работи. Како може никој да не сака да ги оцени фирмите? Анонимно е, зошто да не сака подобри услови за работа? Буквално затоа постојат тие страни и благодарение на нив не отидов во една фирма каде во зима седеле во јакни зошто не им пуштале греење (и ова странска фирма, македонските за жал не знаеме какви се затоа што сите знаат да се жалат ама се жалат на погрешни места). Ова што е? Нормално дека е среќа бидејќи еден ќе дознае, а друг нема да дознае. Едниот сега почнал да бара работа, другиот со месеци бара работа. Првиот се работува за една недела, вториот не може ни до интервју да дојде. (и ова што го напишав не е ни хипотетичка ситуација) Ако сакате така да се лажете - ок, ама не можете да докажете дека немало среќа. Така да, сите обесхрабрени што праќате огласи насекаде - ве сфаќам. Овде се пишува за секакви работи. Многу пишуваат и за работа во продавници, маркети и сл. Во ред е тоа што го имаш напишано дека можеби треба пренасока ама исто така не гледам проблем некој да сака да се вработи за нешто за што потрошил 4 години за да заврши високо образование.
Dusho, da planirav da rabotam operator na lenta nemase da zavrsham fakultet so prilicno visok prosek.
Sum rabotela od zort vo kontakt centar, prijavena so sredno. Toa so rabota vo fabrika go smetam kako privremeno neshto, a ne da gradam kariera.