Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    13.468
    Cinizam?
     
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    7.156
    Ради ред оглас не се пушта на Вработување, Кариера, Линкдин и слично.

    Се објавува само на страната на АВРМ и тоа е тоа, ако се најдени луѓе никој не е будала да плаќа за огласи што не се задолжителни.
     
    На Pixi5, Attenzione и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Машки
    Не
     
  4. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    11.926
    Пол:
    Женски
    Сфаќам што сакаш да кажеш, ама малце гледај и од другата страна.
    Замисли да запишеш факултет, да учиш со денови и ноќи, да плаќаш, да се стресираш за на крај да треба да работиш на каса.
    Трудот со години во вода ти паѓа, во право е @Black girl
     
    На sj *O*, Liles, lia22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Ценам завршено ВСС (имам и јас) но бидејќи имам 15 год.работно искуство можам да ставам рака во оган дека не е никакво мерило факултетот и просекот на истиот со знаењето и капацитетот. И не мислам дека е до зортот туку до тоа што тука им е срам. Добар дел високо образовани кога ќе заминат гастербајтери немаат проблем да чистат и да работат во фабрика.
     
    На butterfly6223, Minionn, TamaraSJ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Машки
    Квалитетот на образование кај нас е катастрофа, од 2000 економисти кои завршуваат годишно салам може да најдеш 15-20. Бројот на доктори кои завршуваат во државава на милион жители е 180 во странство е 28.
    Поентата не ми беше да ја долносам или да ја подценам поентата ми беше да ја натерам да не се срами и да работи на каса. Јас имам два факултета моментално работам како менаџер не по струка. Образованието ми помогнало да се изградам како човек, сум работел се и свашта како ме носел животот од товарач дистрибутер обезбедување малтер сум мешал и сум стигнал кај шо сум стигнал. Кроз сето искуство сум сретнал луѓе кои немаат високо образование а биле многу попаметни и потрудољубиви од многу кои имаат високо образование.
    Значи сега на пример да сум научел навремето да бидам електричар би се убил правење од пари. Поентата ми е да се престане уште да се живее со тоа учи за да не работиш или јас имам високо образование и сега треба да бидам крал. Имаш образование отвори фирма вработи менаџирај и се по ред. Образованието не гради како личности и е неопходно за да се бориш понатаму во жовотот, полесно да се носиш со предизвиците итн…
    И реков се гледаме на врвот зато шо е решена да стигне до врвот и тоа е за поздрав.
     
    На Ermina Mina, Minionn, Just a chill guy и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Машки
    Никој неможе да ти го земе знаењето.
    Дали има услови кај шо си да го искористиш и капитализираш е друга работа. Ако неможеш да најдеш по струка одкога ќе завршиш по мое мислење е дека подобро на каса да работиш додека бараш друго него да чекаш 200 денари од мама и тато.
     
    На Just a chill guy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    12.714
    Пол:
    Женски
    Тоа јас цело време им го викам на луѓево, било каква работа најди, па во меѓувреме барај подобро, ама да седиш дома со месеци без работа и да си товар на твојте, е најлошо, и работни навики губиш, и се преоптеретуваш со мислење на непотребни работи, и финансиски паѓаш во криза..
     
    На Feminka22, Tam4yy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    Тие што седат дома имаат финансиска поддршка од друго место. Ама некој што нема и тоа како ќе оди да работи. Жени со факултет работат по маркети и бутици затоа што немаат избор. Немаат помош од родителите, а мажите нивни земаат мали плати.

    Е сега... Да завршиш факултет и да работиш на пониска позиција.... Не бива. Ама се зависи од условите.
     
    На Selena01 и Realist1 им се допаѓа ова.
  10. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    Sigurno ne e preskapo objavuvanjeto, a i toa sto na nas ni deluva skapo za firmite e sitna para. Ko sto sum zapoznaena oglas mora da pustat ako vrabotuvaat nekoj.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    7.156
    Мора да пуштат ама не јавен на страните погоре, туку само на страната на АВРМ.

    И скапо е, освен фабриките кои плаќаат претплати годишни.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    Ne znaev deka e skapo, kako im se isplati edni te isti da stavaat sekoj mesec oglasi im se cudam, koj sledi znae za koi zboram, koj sto pravi ete ti gi oni so oglasi :lol:(facepalm)
     
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Колку има огласи што на аврм ги нема а на вработување и по другите страни кружат.

    Еве јас лично знам пример каде што менаџерката си најде девојче за работа а огласот вртеше на вработување и како спонзориран пост на фб. Според нејзините зборови девојчето е најдено ама јас законски морам да го пуштам огласов.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Ради реклама.
     
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Ај пробај да кажеш нешто анонимно за некого. Одма ќе те најдат. По случката, по начинот на говор. И ќе те отпуштат. Па не сме ние Америка, овде се се знае. Друга работа, чекаме среќа во вреќа за вработување, некој некогаш да ни каже дека ете таму има некој оглас. Туку, врски само. Јас најдов работа на оглас на Вработување пред 3 години, ете без врски ама со препорака. Прво ме одбија, после пак се пријавив и пројдов интервју и пробен час пак. За привремена работа каде не сум пријавена и уште ја работам бидејќи ете нема по струка ништо а сега и не можам да работам во смени поради мало дете. Се јавија и од друга странска фирма, ама за наша плата. Ете барем пријавена. Да немав ништо би прифатила и тоа. Само не знам до кога вака, нема ни каде да пријавиме. Огласите за реклама ги пуштаат, никој не ги контролира. Не па условите за работа.
     
    На cinderella7, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Машки
    Помалите градови беа така малку фирми повеќе народ и истото се случуваше но како почнаа да се празнат сега веќе нема луѓе, обавезно си осигурам за смени се договараш одмори храна па и покрај ова неможе да задржи работник особено не млад 25-45 години а особено не умпериод од Март до ноември така да тешко на фирмиве. За скопје е кланица цела македонија таму се напика и сега ви се случува тоа нас шо ни се случуваше, дека ќе се среди не ми се верува за брзо ама како ќе поминува време сакат неќат ќе мора наместо 90 посто профит да си се научат да земаат 15 а другите реинвестирање и финансирање на хумани ресурси а доколку не го сторат тоа ќе си ги затворат фирмичките
     
    На tina2018, SummerGirl и DACIA им се допаѓа ова.
  17. anna.anvank0

    anna.anvank0 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, работам само прва смена но ми треба дополнителен приход, предложете игротека на 2/4 часа по потреба, околина Маџари Автокоманда Ченто… Благодарам
     
    На Сара175924 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chiquitita333

    Chiquitita333 Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    13
    Ова. Баш.

    Вчера сабајле ми имале ѕвонето, не бев во можност да им се јавам пред 5 часот.
    Сабајлево се јавив јас, ми викаат вчера ти ѕвоневме дека денес е интервјуто. Второто интервју, на првото бев буквално за време на првата недела на октомври! Денес е 26 ноември.
    И тоа е аеродром, не ми е воопшто блиску да стигнам, а не возам.

    https://kariera.mk/job/Z5VLbDiC5U2v...i-so-klienti-tav-megjunaroden-aerodrom-skopje

    Ова беше огласот.
     
    На tina2018, desperate15 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Сара175924

    Сара175924 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво, има ли некој слушнато дали се влегува во дирекцијата на А1 преку апликација на оглас без познаници или џабе потрошено време на чекање би било доколку се надева човек на таква работна позиција?
     
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    2.343
    Пол:
    Женски
    Само делумно си во право за квалитетот на образованието, не целосно.
    Ама те цитирав заради ова „2000 економисти“. Не знам дали ти е преувеличување ама од каде ги најде толку многу? На сите економски факултети да ги собереш пак нема да бидат толку. Дури и во пикот кога беше економски немало толку, а сега се неспоредливо помалку.

    Ова се страници независни од работодавецот. Немаат никаква врска со фирмата или било што. Дури може и со некој неактивен меил да се најави оној кој сака да остави оцена ако веќе постои толкав страв. Дури и да не е, до кога треба еден вработен да биде понижуван за да почне да се бори за своите права? Разбирам и мака и сѐ (навистина разбирам) ама до кога? Додека да се изгуби здравје? Па заради тоа што сите си молчеа, новите генерации си заминаа.

    Glassdoor | Job Search & Career Community
    оваа е една од тие страни. Има уште ама не ми текнува кои беа. Знам имаше уште една актуелна за фирми кои ги има и во Македонија ама стварно не можам да се сетам. Ако некој ја знае нека ја остави.

    За тоа со огласите е секаде така. Никој не ни може да ги контролира.
     
    На tina2018 и SummerGirl им се допаѓа ова.