Jas rabotam veke nekoe vreme i ke ti kazam sega mi e jasno zasto ima celo vreme oglasi. Za podetalno ne bi pisuvala javno.
Јас вчера бев во продавницата да купам нешто, дојде претпоставувам газда им беше... Колку уфилман лик, кога почна да им се дере на вработените.... Мене страв ме фати и излегов, скроз непрофесионално пред муштерии така да се понашаш со вработени
е супер овие ко од калап се сите. ни пред ни зад не смееш така.Мене ми е јако кога се јавија за на интервју, се чудеа демек као оти работам... шознам немам среќа да ми врнат пари ако не искрено се мислам дали да го прифатам воопшто интервјуто затоа и прашувам за искуства
Знам личност што е професор во средно и имам отидено на едно предавање, тоа е страшно ! Да работиш со невоспитани деца што немаат основна култура и да ти јадат гомна, а после секој родител да се јавува и да се заканува како неговото дете не заслужува 4ка туку 5ка, пошо оно се знаело али професорите биле идиоти и барале многу. Може порано им била полесна работата ама сега сум сведок на ужас. Мислам и те како заслужуваат ем повеќе плата ем подобри услови. Треба да се има јаки живци да се работи со сегашниве деца. И се работи за угледно средно училиште
Пушти, не си ја барај бељата, ќе ти се сипат повеќе членки. Нешто во нашиот ген и менталитет има што бараме на друг да му е полошо и да има помалку. Секаде во развиените земји наставниот и здравствениот кадар се најплатени, само тука се малку платени ама наш народ се натега дека им е многу. Ама за тоа очекуваат и да им го воспитува детето, се да го научи, домашно да напише со него и да го спреми за писмена за дома да немаат дополнителни обврски и плус да биде безбедно чувано. Ај што не е точно дека се само 4 саати на работа зошто имаат и дополнително спремање, е дневник, прегледување исто така туку и додека се дома ги масираат на вибер групи до вечер. На страна што да се работи со по 30 деца особено со денешниве деца и денешниве родители треба огромна храброст. Еве јас не би се нафатила ни за многу поголема плата. Како да споредуваат или да треба иста плата да зимаат вработена на шалтер со 8 саати работа да заверува документи и пример 4 часовна работа на хирург кој спасува животи. Само саатите се битни, ништо тежината и сложеноста на работата.
Дали би прифатиле работа со почетна минимална плата во бранша во која немате искуство, но и тешко ви оди наоѓање работа? Се работи за финансии. Инаку, после пуштени еден куп апликации за работа, одговор имам скоро па ич. Дали би почнале со тие услови ? Фала ви
Ако си во позиција да итно ти треба работа може подобро да почнеш и да продолжиш да бараш друга работа. Јас сум вработена па од моја гледна точка без размислување одбив понуди за плата од 27000 и 30000 на пример. Сметам дека тоа е малку за со моето искуство и знаење. Е сега ако сум била невработена можеби ќе сум размислела ама пак би останала на своето мислење дека со денешниов стандард секој труд треба да е ценет. Може немаш искуство во таа бранша ама имаш знаење и искуство во други полиња и брзо ќе се вклопиш и ќе научиш. Обично очекуваат брзо да научиш и ќе ти дадат обврски и за 2 работни места ама почетна била минималец, па што се 24000 денес. Тој начин на функционирање на некои фирми ама стварно не ми се допаѓа, демек почни ти па ќе ти зголемиме, а во оваа фирма кај што нудеа 30000 покачувале 3000 годишно што е ништо.
Имав интервју за истата позиција. Се одвиваше со тим лид од овде и еден вработен од Србија. Прашањата беа од типот каде се гледаш за 5 години и други во врска со тоа дали си тимски играч. Имаше краток дел каде што се зборува на англиски и имаше кратко сценарио каде што во чет треба да демонстрираш како би се однесувала со клиент. Не споделуваат информации за плата, работно време и некои такви детали. Тоа го споделувале само со кандидати кои ќе влезат во потесниот круг. Јас немам претходно искуство во support и добив негативен одговор после 10-тина дена од интервјуто.
@Mila1990 минималец е навреда дури и за почетник (во било која област), особено ако има високо образование. Не сум за да прифатиш. Цени се повеќе, барај повеќе на интервју. И секако, потенцирај зошто. Нека не те обесхрабруваат ,,HR" со дрското однесување и држи си до своето.
И овие се уфилмаа дека се од НАСА? Нз што да кажам, сегде нешто има, а тоа "има" си го праи македонскиот менаџмент. Не споделуваат информации за плата, работно време и некои такви детали. Овие се НАЈБИТНИ инфо, не се детали.
Штом си без искуство би рекла јас да. Ама на одлуката секако влијае и дали со тие пари би можела да преживееш? Дали имаш заштеда/родител/партнер за помош ако финансиски згусне ситуацијата. Јас само за да стекнам искуство одев на пракса 1 година и за тоа бев платена околу 50 еур месечно. Имав поддршка за да преживеам со тие пари, и искуството што го стекнав таму и тоа како се исплатеше.
А пази, платата прво се кажува. Оти секој за тоа работи. Не ми се јасни како го „скокаат“ најбитниот дел. И после немало кој да работи. Нема, нормално. Колку и да не се најдат двете страни, секако далеку подобар впечаток се остава кога ќе си кажат сами колку нудат. @smooch не ти понудија вработување? Или класика, си искористија мерка од АВРМ?
Ми понудија топ позиција со добри услови. Повеќе не сум таму, но сум ептен задоволна од таа фирма. И да не ми понудеа работа, и самата пракса беше одлично искуство за учење и развивање. Тука ја ставам и можноста да си дел од една голема фирма, да видиш како функционираат работите. Понекогаш искуството вреди повеќе од парите (барем во мојот случај беше така бидејќи како што кажав имав поддршка, не сакам да звучам како некоја out of touch личност).
Да, ако сум тотален почетник и ми треба работа би прифатила. За мене единствено неприфатливо е волонтирањето и тука ми е границата. Не се многу пари, ама па се повеќе од ништо. Нека ти биде тоа привремено решение, продолжи активно да бараш подобра работа или па можеби и ќе можеш брзо да напредуваш на истото работно место. Инаку се согласувам дека е понижувачки за човек со високо образование да работи за минималец. Ама секој почеток кај нас е таков, ретко кој би дал на почетник висока плата, барем кај мене и во моето опкружување беше така. Реалноста за жал е таква за поголем дел од работните места. Затоа мислам дека било каква работа е искуство плус, стекнуваш нови вештини, имаш што да напишеш во CV и е дефинитивно подобро од седење дома и чекање на совршената прилика.
Nikogash za minimalna plata treba minimalna rabota so minimalno obrazovanie i minimalni odgovornosti...podobro izlezi malce od branshata otkolku da se ponizuvash oni za minimalec pak dushata mozat da ti ja izvadat pa i toj da gledaat da ne ti go dadat...+ 22.500 e minimalec smesna suma za bilo kakva pozicija i rabota...
Секако дека искуството вреди повеќе од парите, само што според мене тоа е добро додека се студира. После студии секако дека е битна платата. Во ред е тоа што си имала финансиска поддршка од дома, сепак е привилегија која ретко се има. Повеќе ставив акцент на обезвреднување на трудот. Макар било и пракса. @Vform скроз исто мислам. Некогаш е подобро да се премине во друга бранша. едит. Иако и тие без образование не треба да се потценуваат (а често се случува).