Студент сум на Економскиот факултет во Прилеп, а сум од Битола и многу ми е потребно да имам некакви приходи, а не би можела да стигнам со целосно работно време поради факултетот кој не е во мој град да беше тука можи полесно ќе ми беше... Сепак се трошат 2 сати во одење-идење. Би сакала да знам доколку има некоја работа со половина работно време или пак за време на викенди (оти имав и на такво интервју ојдено ама ништо не испадна во студио за сликање.) Имам искуство по кафичи, не ми е проблем да работам само ете се до летото не можам да стигнам да работам нормално. Доколку некој има информации дека има вакво работно место, макар шо знам дека шансите се минимални нека ме извести.
Девојчиња со Медицински, Стоматолошки или Фармацевтски факултет (студенти или дипломирани), ќе има кастинг за промоции на медицинска козметика, пишете ми лп ако сте заинтересирани за работа.
Многу е лошо што луѓето така страшно и ниско гледаат на оние кои продаваат животно осигурување. Агентите не молат за да вие направите туку ви објаснуваат што вие добивате од тоа и зошто е тоа добро за вас. Не е секој способен за секоја работа, па така и за оваа. Пред се за да бидеш агент за животно осигурување треба да бидеш љубезен, пријатен и да сакаш да работиш со луѓе. Не секој го може тоа, а и не секој го сака тоа. Почнувањето од блиски е многу нормално затоа што што и да почнеме да работиме реално блиските се оние кои би требало да се тука околу нас. Во случајов со осигурувањето ако јас се осигурам и согледам дека тоа е добро не само за мене туку и за моите блиски, зошто да не им објаснам? Јас имам осигурување во Граве. Едното е животно осигурување, другото е како заштита од одредени тешки болести. Од сите понуди, мене таа најмногу ми се допадна, а и во однос за заработка од сите други вакви фирми повторно најмногу ми се допадна на Граве. Доколку некој од вас е заинтересиран слободно пишете ми лп.
Мислам дека не гледаат ниско на оние кои продаваат, туку повеќе имаат скепса кон фирмата што го нуди осигурувањето. Според направени анкети, луѓето се плашат дека ќе бидат измамени. Што ако фирмата пропадне до моментот кога ќе им треба осигурувањето. Луѓето мислат дека парите ќе им отидат во ветер. Не дека не ги ценат агентите.
Единствено осигурителните компании не можат да банкротираат бидејќи се реосигурени. Овде за разлика од банките парите што ги имаат вложено им се враќаат 100%. Јас лично мислам дека секој еден од нас треба да има животно осигурување.
Luge daj kazete dali poznavate nekoj sto go zavrsil ovoj kursov od konzorciumov za da spodeli realno iskustvo? Ve molam pisete ako nekoj bil i sto realno se desava
Некој да е подобро запознаен околу Подиум? Гледам кружи некој оглас за промотери па ако има некој некакво искуство нека сподели...
Здраво, Би ве замолила доколку некој на форумот има лично искуство или слушнал од блиски, каква е атмосферата за работа во Сивус, дали работат прекувремено, дали работат на празници, покачување на плата дали има и каде се наоѓаат канцелариите сега? Во моментов има активни огласи за економисти па затоа ме интересира да знам дали воопшто да аплицирам.
Девојки ДМ има отворен оглас за вработување во Велес.. http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/zaposlenje/otvoreni-konkursi/
Дали некој знае ваква компанија да постои во Скопје ---СЕВЕРГАЗСТРОЈМОНТАЖ - Подружница Скопје Видов огласи на аврм, даваат високи плати (така пишува) би требало да се наоѓа на улица СВ.Кирил и Методиј бр52 Скопје. Се отепав од барање по интернет, ама некоја ваква фирма не најдов. Ако некој знае нешто нека пише.
Нудиме: -Вработување во успешна, реномирана, интернационална компанија; -Флексибилно работно време; -Можност за личен и стручен развој; -Стручно усовршување и дообразување, посета на курсеви за дополнување на знаењето како и посета на стручни семинари во земјата и странство; -Огласот важи за сите градови во Р.Македонија. Потребни квалификации, искуство и образование: -Комуникациски способности; -Организациски способности; -Самоиницијатива, посветеност, прецизност, одговорност; -Подготвеност за континуирано стручно усовршување; -Способност за организација и водење на помали групи и оддели; -Со или без работно искуство; -Познавање на англиски јазик. Вашите документи треба за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате. Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да ги испратите на e-mail: mk.vrabotuvanje@gmail.com не подоцна од 20.01.2015 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 31,01,2015 година.
Не знам точно, не пишува. Огласот е објавен на Врапче, па мислев дека можеби некојa ќе сака да аплицира. http://www.vrapce.mk/ad/68994
Поради проширување на продажниот тим се бараат амбициозни, упорни и динамични лица,со одлични комуникациски вештини и способност да се работи во тим и индивидуално. Услугите кои треба да се нудат се животно осигурување, имотно осигурување, осигурување на автомобили и каско, за што се добива соодветна парична и материјална награда како и специјални обуки, семинари и наградни патувања. Сите заинтересирани може да ми пишете порака