Сите околу тебе? Жив ти ја, кажи кај живееш. Затоа што во Македонија глобално 700 евра е прилично добра плата.
Има луѓе кои живеат во bubble, и не ја знаат генералната состојба во републикава ни наша напатена. Можам само да кажам: алал нека им е. Некогаш и тоа е благослов.
Ако отидат во Индија (не знам зашто толку инфериорен однос кон Индија, и таму живеат луѓе и тоа исто супер квалификувани, исто како и секаде во светот, не знам зашто за нив не е битно дал се угнетувани и злоупотребувани или не), тогаш ни тие 700 евра нема да се земаат, од македонски газди ќе се сонуваат само тие пари. Ако си доволно млада, можеш да се пренасочиш кон овие струки што ги наброја и да стигнеш до таа плата од 80.000. Пс. Светот е во рецесија, малку со помош на гугл треба да прочачкаш колку се платите во Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Чешка во фирми како овие што ги спомна. Накратко, не многу поголеми од кај нас. Сосема е во ред секој да си бара поголема плата, и јас сакам, ама многу е тешко во моментов нешто да се промени.
Не знам колку ќе сум ти од корист со оглед на тоа дека имам работено таму пред 8-9 години. Во тоа време минималец беше 15 000, а они основна даваа 17 000 со тоа што се фаќа таргет (во тоа време беше од 3 000 па нагоре). Освен ГТЦ, во сите други салони се работи празници и недела. Значи слободен ден има 1, преку недела. Во моловите смените се по 6 саати. Работата не е воопшто тешка. Единствено напињаат многу на обуката која најнапред се врши во канцеларија (недела дена), со домашни задачи, испрашување, стимулирање продажба пред сите кандидати за на крај најдобрите да добијат договор на определено време со кој се обврзуваш да ако во случат мораш да дадеш отказ а не го испочитуваш до последен ден отказниот рок, мораш да ги обештетиш во износ од 400е (во тоа време).
Инаку аплицирам веќе со месеци наназад (скоро една година) ама никој ме нема исконтактирано... CV-то ми е според мене океј и богато, не знам во што е фората искрено. Изгледа не им се допаѓам
Зависи за што аплицираш, какво ти е искуството, како си го склопила сиви-то. Пробај промени нешто, па види како ќе биде. Со среќа
Здраво, некој да не има искуство со работа во Сигмател Скопје, за телекомуникации фирма, во Центар кај Тренд е, плоштад. Секоја информација е добредојдена. Фала однапред, поздрав и секое добро.
Здраво на сите, се бара домашна помошничка на пола работно време, од 9 до 13 часот или од 8 до 12 часот. Главни обврски би биле готвење, одржување и чистење на стан, локација Водно. Доколку има заинтересирани, слободно обратете ми се во приватна порака.
Незнам каде да го поставам прашањево, па еве тука. Дали сте запознаени со овие клаудворкерс ? Да не се некакви еротски чатови? За што се работи имате ли искуство?
Тоа сакав да прашам, какво е тоа работно време на 30часа неделно, колку е платата за тоа, влегува во минималец? Синсеј имаа таков оглас на 30/40часа и не разбирам што им значи.
Јас го пројдов интервјуто, рекоа ќе ми се јават до петок ама ништо, а иначе што знам, не ми звучи до толку страшно, не е дека ќе гледаш голи слики само, корисничка поддршка е за дејтинг сајтови што најчесто како што рекоа се работи за billing, ама треба да прегледаш и чатови и профили на корисникот па логично можно е да се наиде на таква содржина. Мислам, на Инстаграм некој може да ти се појави со тоа. Платата базна е 27.000 и нешто со дупло платено ноќна смена, дупло празници и недела, целосно е од дома и тренингот го сметаат како работа и е платен, што искрено не ми звучи лошо, би го правела. Со оглед на тоа на рецепција се исти смениве а минималец даваат некои, ова како за remote позиција океј е според мене и не би ги одбила да ми дадат понуда.