Све знам, долго е да пишувам. Единствено јас како нов член што барав, е искуство со Базаро. Некад чоек да зажали што ќе се зачлени некаде, божем за повеќе информации, тоа се мери и се пресметува СВЕ што ќе се напише и ненапише.
Искуство со Базаро немам, администрација ко администрација, фактури, нарачки, исплати, приеми на роба веројатно. А и викенд е, ти кажав да не очекуваш да ти се јават баш во понеделник бидејќи викенд не се работи, значи три дена би биле среда. Што беше толку страшно во одговорот? Пс. На лупата ако пребараш Базаро, ќе ти ги даде сите искуства пишувани на темите за работа.
А најјаки ми се фирмите што ќе објават оглас, си собираат апликации и после 2 недели пак го објавуваат истиот оглас. А на кандидатите од првиот оглас не им праќаат никаков повратен одговор. И после - на луѓето не им се работи. Им се работи, само изморени се од вакви работи...
Дечки понудете некоја работа на дневница / неделна исплата за средношколец (17г, машко) Не ми смета воошто ако е физичка работа како растоварување, пакување пратки и слично.
Некој искуство со работа во Профи Кредит? Да ми каже подетално околу природата на работата како агент?
Некој искуство во Алби Тафталиџе? Плата, раб време, саботите како? Зголемување плата има, нема, ... Thanks
Аптека во с. Батинци, Скопје бара фармацевтски техничар со искуство. Генерално се работи само прва смена, неделите се слободни, саботите една во месецот максимум. Празници не се работат. Доколку некој е во потрага по ваква работа контактирајте ме во инбокс.
Во кафич сигурно можеш да најдеш, само распрашај се. Тие бироа за брзи кредити ти се лихвари. Им вртиш за наплата или неможеш да ги добиеш или ти се правдаат ќе платат за неколку дена. Тоа за во кол центар ај не е толку лошо, а тие што се по дуќаниве со муштерии секакви што се справуваат, со закани по живот дури, па и не е чудо што постојано кружат огласи.
Имам познаници што работат во Тиго и Иуте и се многу задоволни, едната е баш во дуќан, нема ништо страшно се се жени вработени.
Имаше на темава, побарај на лупа. Имаше баш за италијански оглас, пишуваше плата и работно време, инаку тоа е, ако е за излезни повици, ќе ти дадат "сценарио" што и како да зборуваш, ако примаш повици, во зависност од проблематиката и прашањата на корисниците. Све се учи, ништо страшно.
Да, излезни повици е. Снимаат, водат евиденција колку правиш повици на ден? Има и административен дел, пример внес на податоци во систем итн...? Си запознаена со ваков тип на работа
За снимање не знам, веројатно да, ако има сензитивни податоци. Колку повици на ден, сигурно, тоа е обавезно. Сега не им го знам клиентот, да не утнам нешто, ама би изгледало вака, се јавуваш, праиш муабетот што треба и внесуваш во систем што било со муабетот. Административен дел на излезни би било толку, минута, повеќе се веројатно повици и зборување, сигурно имаат таргети. Пс. Евиденција се води за све, особено па ако се работи од дома, се знае кога се уклучуваш у систем, кога е прв повик, кога си на тренинг, кога си на пауза. Дека излезни се може да е малце полабаво, ама природата на рбаотата е таа.