Фала ти на совет Инаку да, свесна сум дека рано е за откажување, сепак февруари дипломирав, малку има обесхрабрување од моја страна зашто слушам секој ден муабети од типот таа и таа колешка се вработила негде преку татко/вујко/дечко итн. Тие конекции ги немам и не верувам да ги имам за скоро време, освен како што викаш, не ми се погоди среќата негде. Барам на linkedin, по огласи, директно вртам на компании и им барам мејл за испраќање на резиме за да ме имаат во предвид(тоа до сега најмногу ми функционирало). На интервју обично сметам дека океј се снаоѓам само што ептен напаѓаат со реторички прашања од типот “аха значи немаш искуство..”( буквално читаш од резимето дека немам, зошто трошиме време на ова) или “нас ни треба некој за СТАЛНО” а фирмата е 60км од Скопје од место на живеење, со трета смена, без превоз. Плата не се ни надевав нешто нели за почеток така да за тоа не вреди да се жалам, ама дека очекував подобри услови, очекував, искрено.. Надежно нешто ќе бидне со време дури работам привремена раб, ако не, ќе мора некаде на страна. Еве колку да појаснам колку сме мизерни- при разговор со една фирма ме праша директно жената по тел дали имам препорака, не зборев ништо некоја секунда штама и после продолжува, книшка да не имаш, од партија? Се насмеав и спуштив. На инженер му даваш почетна плата минималец и ако случајно спомне за 500евра го гледаш како безобразен да е, изразот ѝ е ко да сака да каже види го ти, овој и пари сака.. Не знам во државава како грев да е да сакаш да имаш плата нормална кога си млад и без искуство посебно, затоа и си заминуваат толку. Сакам да работам и да учам нели ама сакам и да можам основни трошоци да покријам со платата или барем ако платата е ниска да ми е покриен превозот. Кај нас сакаат сѐ, а за возврат ништо.
@idktbh на интервјуата не им давај многу простор за реторики, едноставно ти води го: прашувај, барај и ако не ти одговара испружи рака културно и замини си. Секогаш кога ќе те прашаат за плата биди јасна и барај си пристојна сума, но на минималец во никој случај не се согласувај. Немој да ти ги продаваат приказните дека немаш искуство, па треба да учиш дрн-дрн. Да, да не се вообразуваш со безобразна побарана сума, но пристојна плата е скроз во ред. И покажува дека се цениш самата. Не земај здраво за готово кој каде се вработил, оти грото како прво не се ни вработени како што треба и под назив на работно место (во фирма којзнае што ќе работи, ама пример тебе ќе ти каже ееее јас сум инжинер). Не се споредувај со другите, труди се. Ако мислиш дека ова со работата е само тука, не е така. Моментално секаде е тешко да се најде работа, притисоците се тие истите дури и за преквалификуван кадар. Ако бараш поголем предизвик и имаш просек, продолжи со образованието вон државата. И ќе видиш баш дека не е ништо поразлично, секаде е скоро истото - за нијанса или две подобро. Но во никој случај нема никаде да те чекаат со отворени раце, ако сама не се избориш до тоа што го сакаш. Ти посакувам многу среќа!
Здраво. Најдов работа од дома и ме интересираат неколку работи. Се работи за америчка фирма, па ме интересира место да ми ги праќаат парите на сметка може ли преку WesternUnion,Moneygram и слично..? и дококу ми праќаат преко овие не се плаќа данок?
Јас кога ќе кажам на странци дека неможам од тука да користам Пејпал се плашат и се повлекуваат. Инаку си имам стандард Пајонир картичка и без проблем ја користам за исплати. Најдобро извади си таква, ќе личиш несериозен и сомнителен ако им предложиш WU и MG. Плус ако се работи за фирми нема шанси така да иаплаќаат.
31.300 e нето плата,некогаш работиш 8 часа,некогаш по 6.5 зависи.Не ти препорачувам бидејки е хаос таму.
Во лидл се е супер само што треба 6мес на обука во странство,менр ме викнаа за заменик менагер ама одбив поради обуката во странство.
Да плус се неделите и празниците,ама работиш само 2 недели,а празници нема секој месец.Јас бев примена ама се одкажав,поарно во зара бидејки имаат бонуси и факаш над 40.000
А може ли некој да даде инфо како се платени во Лидл барем за некоја позиција чисто да имаме отприлика некоја претстава. Еве и јас не би сакала да одам на обука надвор, ама ако добро плаќаат може и би аплицирала.
37 .000den e max izgleda i dodeka si nadvor +30% dodatok ili kolku beshe ako baras poveke te brishat od sistem za regrutiranje kaj niv,jas vo posledna faza 800 900 eu im barav bez dodatoci za stranstvo cim se odi 6+ meseci i nikogaz veke ne slushav od od niv,a stalno imaat novi pozicii otvoreni
LOL, за до 37К не ни е чудно што нон стоп бараат, фала ти. Да знам да не праќам воопшто а има нон стоп огласи.
37к за заменик менаџер, дефинитивно не се нормални толку стигаат продавачите во некој од нашиве маркети ама додека овци што аплицираат ќе има и волна
Фала ти на одговорот, пребарав малце ма интернет и сите препорачаа Payoneer, а така пишуваше на еден од старите огласи.