Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. MerciChocolate

    MerciChocolate Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво

    За КредиЈес
    Имав видео интервју, на оглас пишуваше бараат во филијала кредитен референт, а на интервју вика работиш и во филијала и теренска наплата.
    Да одиш од куќа во куќа за наплата на долгови. (само не секогаш... Пр. Еднаш два пати месечно)
    А даа, и имало 10 дневна платена обука 8 саати - 500 ден од ден.
     
  2. oceanycs

    oceanycs Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo , dali nekoj sega brzo ima aplicirano za lidl ?
     
  3. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    48
    Посредувам оглас за соработка

    Се барaат соработници кои имаат искуство во маркетинг за промоција и продажба на консултантски услуги на социјалните мрежи како facebook, instagram, linkedin, tik-tok.

    Услугите се на наменети за лица кои сакаат да работат или студираат во ЕУ. Значи треба да се објавува на МК и Aнглиски јазик, се таргетираат лица од Европа и Америка.
    Консултантските услуги се од типот: регистрација на фирма во европа, услуги за студенти, консултантски услуги за разој на кариера и слично.

    Соработката е со фирма со седиште во Германија, заработката е на процент 30% од цената на секоја продадена услуга, односно колку ќе успеете да продадете толкава ќе биде вашата заработувачка. На пример ако конслутантска услуга чини 250 евра, вашата заработка за една продадена услуга (еден клиент) би била 75 евра.

    Доколку е некој заинтересиран контактирајте ме и ќе ви дадам контакт од лицето кое бара соработници.
     
  4. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Можеш и со сметка од телефон, нешто што е на твое име,
    Јас мислам извадив извод од банка и тоа го сликав
     
  5. Delnata

    Delnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Да јас аплицирав и уште немам ниту повик ниту одговор, апликацијата ја испратив пред 15 дена, кај тебе исто ли е ?
     
  6. Delnata

    Delnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    После колку време ти се јавија од поднесување на апликацијата? јас чекам 2 седмици и уште ништо , дали тоа значи дека ме немаат ни слектирано за телефонски разговор?
     
  7. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Мене ми вратија за месец и пол по апликација, со одбивање, имале посоодветни кандидати.
    Се тоа ОК, верувам има подобри, ама реално месец ипол за повратна информација некако многу ми изледа.
     
  8. Free Spirit

    Free Spirit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Офф не се сеќавам баш точно колку беше,ама од прилика 3 до 4 недели може да беше. Се чека подолго и меѓу првото и второто интервју,ако поминеш на првото,се разбира.
     
    На Delnata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со вакви здруженија?
     

    Прикачени фајлови:

  10. Ni998

    Ni998 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Некој да работел/работи на Тав аеродром? Да го прашам нешто во пп.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Некоја членка да успеала преку помош од државата она проект за самовработување да кажи искуство како де се одвива.... Сакам нешто свое да започнам а немам ни пари ни ништо моментално бремена со терапија не смеам да работам сакам сопствено да си направам нешто односно изработка на природни сапуни по методата melt and pour ..јас додека одев на работа успеав да купам некои работи но не можам се успеав и мацерати да направам... Се обратив дп неколку фирми за помош ситни работи семе некое растение стаклена амбалажа но Welcome to Macedonia никој да помогни не сака ко по стандард да не те видат на арно па некоја членка ако знае и сака да помогне тука сум слободно може да ме контактира
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    За жал така е се со вујко/стрико/тетин и со партиска книшка инаку чабе... И 10факултети да имаш чабе не сакам да те нервирам ама гледај барај надвор од оваа наша Пиздарија... Нема аир од овде ти кажувам од искуство лично сум висела по канцеларии да барам работа и тоа обична не барав ни директор ни менаџер обичен писар и ништо одма де фаќаат за партија или некој чиче на функција... И верувај декс понекогаш факултетот не е пресуден пресудно е тоа што сакаш да работиш за другото ќе се усовршуваш ако имаш пари и работа ... Без пари ништо
     
    На Sielo❤️ и idktbh им се допаѓа ова.
  13. Ni998

    Ni998 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Во врска со фирма, оди во комора на занаетчии, и они се ќе те упатат. (локациски се во чаршија)
    Остај они да те водат (книги и документи).
    Кога ќе отвориш занаетчиска фирма, каде само ти ќе бидеш вработена, ќе ти тече стаж, а ќе плаќаш нешто симболично во првата година/две.

    Е сега со државни пари, мислам дека дел требаше да се употребат за опрема, а дел ги добиваш на сметка.
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Комора на занаетчии мора ли Скопје бидејќи јас сум од Демир Хисар затоа прашувам некако контакт некое решение друго да има
     
  15. Марко.1234

    Марко.1234 Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,јас сум закажан на интервју за во Лидл па дали знае некој какви прашања поставуваат и како се одвива целосно интервјуто кое се одржува во Скопје фала на сите
     
  16. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Не одат дел од парите на сметка, туку се доставува профактури од опрема, градежен материјал ако сакаш да реновираш. И кога ќе легнат парите на сметката со траен налог парите се префрлаат на сметките од каде што сте земале профактури.
     
    Последна измена: 22 мај 2025
    На Ni998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Сеедно, годинава изгледа ништо. Скоро Јуни дојде.
     
    На Sielo❤️, Nuny и TamaraSJ им се допаѓа ова.
  18. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    3.709
    Пол:
    Женски
    Еве ја нивмата веб страна:
    https://zkomora.com.mk/
     
  19. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Да се надеваме до крај на месец дека ќе пуштат оглас... Да сум до толкав баксуз!!
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.822
    Допаѓања:
    173.241
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш како фирма да ги продаваш ти треба простор опремен по стандарди за производство на козметички производи, односно според правилникот за добра производна пракса
    Има закон за безбедност на козметичките производи уште од 2007 година е тој, не е сменет.

    Исто така има во службен весник од 21 јули 2010 год Правилник за содржината на податоците на амбалажата на козметичките производи ..таму имаш како треба да се изработени декларациите на амбалажата ..

    На крај битно е дека се прави ДОСИЕ за козметичкиот препарат ..

    Се праќаат мостри (2 или 3) од секој производ во институт за јавно здравје за анализа, 4500 ден беше, не знам сега колку е ..
    Се испитува секој производ што има различен состав..дури и различно миризливо или есенцијално масло..

    Јас се распрашував пред 3 години ама мн комплицирано ми се виде па си продолжив само со мојата дејност.


    Screenshot_2025-05-22-22-26-19-270_com.microsoft.office.outlook.jpg
     
    На NoirSerpentine и eliesaab им се допаѓа ова.