Значи нема да комплициран толку обични украсни сапуни значи нема да имаат никаква намена освен обично сапунче украсно со "своја" приказна.. Единствено само за раце миење може ... Ќе биде направено сосема природно... Знам дека мора одредени стандарди доколку сакам да го направам употреблив за одредена намена...
Значи нема УКРАСЕН сапун. Единствената намена на сапунот е да мие. Сапун е сапун, сакаш прави го со melt and pour, сакаш прави го со ладен процес на сапонификација, сакаш со топол процес.. Сапунот си е сапун и спаѓа во категорија козметички препарат кај нас во МК. Сите тие "одредени намени" што мислиш дека ги има некој сапун поради процентот на superfat или додадени различни видови на масла како Neem или мацерат од одредена билка во ладна и топла сапонификација, се толку минимални што се чувствуваат само после долга употреба.. Значи ти спомна за продавање преку фирма. Јас ти кажав за продавање преку фирма. Ако сакаш само на Инстаграм да продаваш по 10тина сапуни месечно е сосема друга приказна.
Здраво за точна сума немам пресметка( сеуште ја правам листата) изработката се прави дома проблемот се вака овие работи бази опрема препарати... Јас на многу места прашав низ Македонија ама помош никаква освен еден човек што прави бази и од кај него ќе земам и во поголема количина доколку успеам во ова... Но има само два вида бази што е супер останатите бази ќе ги барам надвор од МК. Инаку од растенија ми требаат следниве: Ангелика Изоп Анасон Босилек Камилица Кантарион Копар Невен Валеријана Феникулум Јасмин Ванила Роза Пчелина/трева Мајоран Нане Лаванда Цимет и се што е лековито и миризливо ..... Исто така етеричните масла се многу тешки и скапи за наоѓање низ МК.... Сега еве додека почнам правам список со цени за се што го треба. Бидејќи е во домашни услови и нема користење сода а уште поневозмно е дестилација на ете масла јас барем се надевам дека ќе.успеам бидејки навистина нема работа ... Живеам.на село и мислам ова е идеално нешто што можам да го работам бидејќи хемијата и биохемијата и сонот да работам во лабораторија никогаш не ми се остварија поради одредени приватни причини.. Така да од сега веќе сум возрасна сакам нешто свое..извини на напишаново знам дека е многу...
Зашто во некои огласи бараат слика во цв? Ако знае некој да појасни И, дали има некој искуство овде? https://kariera.mk/job/XwgZK5CL-EiQlTc5WvOSRQ/administrator-vo-stomatoloshka-ordinacija
Не е дека ти се наметнувам, моето пишано изгледаше како да сакам да те обесхрабрам.. Да ти кажам дека ако збориме за човекот од Штип има супер база. Таа од Македонска Каменица има ужасна проѕирна база што смрди на алкохол и ниедно етерично масло не ја покрива миризбата .. За да не си даваш џабе пари, пробај само кило земи и види .. Јас бази од Белград купував за тие што сакаа глицерински, ама јас 95% ги работам со процес на ладна сапонификација (со сода) Ангеликата кај нас е позната како див целер/благ боз Феникуломот е морач.. И да знаеш дека колку е поукрасен сапунот толку помалку го купуваат..не им се даваат пари за украсен сапун а не ни гледаат како би го користеле..македонска работа Е да..имај го во предвид чувањето на сапуните макар и на 5 саати.. Се "потат" глицеринските поради додадениот глицерин во melt and pour сапуните..
Затоа што сите бараат.. И во мк и надвор За да имаат претстава со кого си фаќаат работа.. Секоја фирма има свој имиџ.. Да речеме некоја фирма преферира вработени без пирс на нос, црвена или виолетова коса и суканици... И тоа е нивно право. За жал или за среќа тоа не се гледа како дискриминација, туку како невклопување во имиџот на компанијата И јас не би избрала некоја како во мојот опис погоре ако треба да работи на прием на странки и тоа се нарекува имање дискреција во изборот ... Директно нема да ти го кажам тоа ама ќе отпаднеш од избор .. А зошто би ти губела време на тебе а и на себе да те викнам на интервју ако не се вклопуваш во мојата фирма?
Не не ме обезхрабри само ми кажа како стојат работите... Да човекот е од Штип а со жената не ни се имам чуено... Сакам да започнам навистина меѓутоа прво со melt and pour процесот не дека се плашам од содата туку моментално бремена и не ми се игра со хемикалија ( подоцна би пробала). Проблемот е што треба прво се да се набави а малку потешко оди кај нас посебно без пари.. Што се однесува до базите ќе се снајдам некако доколку не ми се допадне базата од човекот од Штип.. Само да успеам со проектот од државава да аплицирам доколку објават после барем ќе имам елан да работам пак на фактура се ќе.си оди материјал ќе има .. Да започнам да тргни па да се исплаќам полека полека ...
Не знам дали Горан се регистрираше како занаетчија, одамна немам порачувано база од кај него. Порано не беше и не можев на фактура да набавам .. Последно земав од Белград, ама пак како фирма не .. Имаат убава бела и проѕирна база, британски бренд и има и во варијанта што не се "поти" Имаат и со шеа путер бази, со мед, алое, арганово масло, магарешко млеко и за мене фаворит од базите - африкански црн сапун.. За ладна сапонификација мораш да избереш соба каде што бебето понатаму нема да ти има пристап барем додека работиш, испарува и прилично е гадно.. целосна опрема за него носам лето и зима.. Калапи и силиконски и долг калап за сапун од Али експрес и тему имам нарачувано а првите од Холандија ги домкнав Кај нас калапи што се погодни за сапун ретко се наоѓаат, сите се без врска форми .. Јас имам вложено преку 800 евра во калапи Па една чудна направа за сечење .. Сакам да ти кажам дека и да го земеш грантот, на фактура тешко да најдеш да купиш нешто .. А барем за melt and pour ништо посебно не ти треба.. Неколку силиконски калапи, ако имаш микро во микро ќе го топиш, ако немаш тогаш како чоколадо што се топи над тенџере со вода .. Етерично или мирисно масло одобрено за козметика, еден пластичен сад и дигитален термометар Имај во предвид дека некои украсни треви, цвеќиња и слично можат да доведат до расипување на сапунот во пократок период, односно базата нема да ти се расипе туку тие ќе изгнијат/скапат Ако ти треба друго инфо слободно пиши .. веќе 6 год хоби ми се сапуните и свеќите .
Ти благодарам ... Знам дека за да биде се ОК треба набавка на работи... Многу се надевам на ова со проектов веќе се имам испланирано незнам какви не компании контактирав прашував... Што се однесува до изработката ќе ги правам во друга постара куќа не каде што седиме до бебето многу јасно и логично дека не смеам во иста просторија... Куќата не е далеку 10мин од сегашнава ... Во добра состојба воедно ќе ми служи и ладилник темна е и ладна.. Во моментов правам списоци со материјали масла МИКА бои споредувам цени... Не е лошо и свеќи .... Можеби ако успеам ќе вметнам и свеќи... Можеби се поедноставна варијанта.. Ама имам зацртано прво сапуни... Кога бев во работен однос веќе купив калапчиња, цедалка, мерачи, вага... Направив и мацерати е сега треба уште меѓутоа ќе треба материјал да набавувам а за тоа треба да најдам фирма... Што се однесува до ставањето растенија внатре имам читано дека скапуваат... Е сега сакам дс пробам со оние сунѓерчиња како со дупчиња што се ... Добив инфо дека сапун со кафе и црн јаглен малку биле поспецифични можеби повеќе се фаќаат кај сапуни правени со сода незнам..
За преку проектов од државата мислам само Сметката се носи за тоа што си нарачал.. Навистина не знам како оди ама мислам логички така би требало..
Луфа..можеш и во двор да си ја насадиш, ама убаво да ја исушиш пред да ја користиш за сапун. Мислам дека само со базите можеш да ја користиш, не знам со содата како реагира. Јас со базите сум правела со луфа, ептен се интересни. За базите ок е со мика да ги боиш, друг начин и нема баш ... Како идеја за во бизнис планот ако правиш еве ќе ти кажам, природно боење на сапунот вметни за да ти е производ со додадена вредност, да им го презентираш како повреден за инвестирање .. Под природно, не мислам со глините, туку баш природно .. Мацератите што си ги правела само за сапуни со сода ќе можеш да ги користиш .. учи се, убаво е тоа. Со црн јаглен боење, добиваш сапун добар за мрсна кожа или склона кон акни..не сум го ставала во база, само во овие со сода .. Кафе можеш да користиш како ексфолијант, не гледам за друго за што би го користела.. Од каде мислиш да набавуваш опрема на фактура? Кај нас нема да најдеш ни каолин, ни зеолит (имаше порано кога беше ептен актуелен), ни активен јаглен во прав, ни цинк оксид ниту пак титаниум диоксид .. Да не зборам па за бразилската глина за пигменти што е добра.. Едино има зелена глина во прав Моите сапуни се од extra virgin маслиново масло, шеа путер, какао путер, бадемово масло, рицинусово масло и кокосово масло.. Освен кокосово и маслиново кај нас нема да купиш никаде на литар/кило и повеќе од останативе .. Затоа ти кажувам да размислиш пред да аплицираш, треба да имаш се во бизнис планот .. од каде ќе набавуваш, по која цена итн ... Јас земав неповратни крај на 2017 год..па маж ми пред некоја година. Плус неколку грантови од други организации.. Треба да имаш се опфатено . И баш бидејќи спомна дека сакаш конкретно да аплицираш со бизнис идеа за изработка на сапуни, ти го пишав првото мислење од погоре. Дека треба да ти е по стандарди, инаку нема да ти го одобрат.. Исто за тие што бараа да отворат бизнис како сметководство и слично им бараа лиценца да приложат... Мене ми бараа тогаш да потпишам изјава дека на крај на проектот ќе ги задоволам сите услови за да бидам регистрирана во храна и ветерина (работам со храна).. Затоа и спомнав дека веројатно и тебе ќе ти бараат објектот да ти е соодветен за да може да помине инспекциски надзор и обавезно да бидат пратени тие производи на анализи...
Доставуваш фактури и они ти ги плаќаат. Ти ништо не купуваш, нема ни денар да видиш за да можеш да си купиш од кај сакаш.. Тоа може со кредитирање ... Земавме 10000 евра со проектот за кредитирање со 1% камата .. тогаш ти ги исплаќаат на сметка и треба да ги користиш според набавките што си ги навела во бизнис планот.
Не јас ќе аплицирам за проектов неповратни средства најмалиот бидејќи Неможам кредити јас сакам да работам да заработам ако треба и три работи само за да се отчачкам од кредити... И повеќе кредити не иди во предвид... Ама бидејќи невработена мора да барам некое чаре сега барем првите три четири години после ќе барам работа дополнително да ми биде ова... Оти вака без пари ништо не правам..
А што ако не издаваат фактури од кадешто ќе купам... Незнам тој дел го немам расчачкано... Ајде од тука може нема материјал да најдам ќе треба од надвор да порачувам... И најверојатно да им барам фактури.. Така ли?
Епа затоа ти кажав како иде.. Доставуваш фактури они ти ги плаќаат.. Од надвор не можеш да бараш. Плаќаат за стоки купени во МК и бидејќи е преку грант за самовработување ослободени се од ДДВ... Така да мораат да ти издадат фактури МК фирми и они да ти ги платат.
Ти благодарам на информацијата .... Само да најдам и материјали да можам од овде да земам супер би било...