Плата минималец, со поставени таргети за издадени и наплатени кредити можеш да фатиш бонус.. искрено за таа работа многу мала плата даваат, цел ден ќе си на телефон ќе молиш буквално да извршиш наплата и да молиш да издадеш кредит да фатиш бонус. Горе доле мислам дека повеќето брзи кредити работат на тој ист принцип и ретко сум слушнала за повисока плата од минималец освен јуте мислам дека се појаки со плати. Конкретно за Креди Јес немам слушнато пофалби како вработен не си заштитен, не се замараат и често бркаат затоа и секоја недела имаат огласи.Се надевам ти помогнав.
Дали некој има искуство со лпп поточно мохито бараат работник на 20 часа неделно плата итн како им е?
Jas imav edna sto rabotese tamu platata e okej ama haus e inace napeta sostojba sve samo si u smena so esi devojce sve rabotis sve odgovornosti ti gi ostavat
Видов оглас за асистент за продажба и тоа не ми одговараше. Да беше за онлајн ќе аплицирав. Во секој случај Фешн груп го држат така да верувам дека се ок условите.
Сабота се работи. Таа плата не ја очекувај. Ако ти се јават супер зошто таму во дирекција само со врски се влегува.
Како full time работа не вреди, ама ако е remote и само онлајн, како работа плус од дома не е лошо. Може да пробаш, или пушти линк ќе проба некој од нас па ќе видиме колку и што нудат.
Како мислиш физички изглед? Не ти бараат фотографија од прфесионално студио или у купачи или од цела фигура, бараат слика (како профилна) која и онака се прикачува заедно со биографија/апликација, особено па во државни институции и со работа со деца поради евентуална проверка на кандидатот и референците, често бараат и линк од Линкдин да пратиш за да се споредат информациите. Воопшто не е необично, исто како што ти како кандидат ќе ја изгуглаш градинката, ќе отвориш профил на социјални мрежи, така и они сакаат да имаат лик на кандидат.
Не се секирај, референс чек е океј, исто како што е океј по форуми да се прашува за фирми, секој има легитимно право да се информира за одредена ситуација која не му е јасна, ама референс чек може да значи и нешто друго (особено ако се Американци), може да значи проверка на евентуално криминално досие (некои фирми ти бараат од суд да си извадиш документ за неосудуваност) или само проверка на веродостојноста на податоците кои ги имаш ставено во цв (глуп пример, ако си пишала дека си работела како директорка и си ги имала тие и тие задачи во фирмата и си работела 3 години, а уствари ти не си била директорка туку секретарка, ништо од скиловите не ти биле во опис на работно место и си работела година дена), пошто има секакви работодавчи, ама и секакви апликанти. Референците кои фирмата може да ги контактира се тие кои ќе им ги искомуницираш ти и ќе споделиш контакт од твојот претпоставен, секогаш си ставена во ЦЦ во мејлот и сите страни се запознаени со тоа што се кажало, така да на препад дека некој некому ќе се јави, тоа не верувам дека се случува искрено. Инаку пред да си одиш од фирма (било која, било кога) добро е да си побараш препорака, така ќе имаш црно на бело нешто шкртнато директно од тој што ти бил шеф што ти била работата, колку време си била ангажирана и можеш ако побараат препораки, да си ги имаш спремни.
Одговорен за пакување на нарачките со фактури и испратници Предавање на пратките на курир или одговорен на збирен центар Одговорен за прием и проверка на вратените пратки Значи не е сепак, он-лајн?
Дали во контакт центарот на телеком се работи и трета смена? А втора смена до колку часот е? И некој искуство што прашуваат на интервју?