Па изгледа еден човек што се грижи за онлајн нарачки и одговорен за залихи и сл. Не само во ситем да внесеш и сл. Сигурно ќе излезат проблеми и мораш в магацин да одиш и др. Многу обврски за плата испод 35.000.
По кој закон, може да го споделиш? Знам дека постои закон за управување со сензитивни податоци и фирмата после ХУ време треба да ти побара согласност дали да ги чува уште тие податоци во датабаза или трајно да ги избрише. Во самиот формат на ЕУ биографија си има место за слика, во ЕУ може, ама кај нас има закон и не смее?
"Заборавиле" да пишат во насловот и магационер. Ама кај нас се подразбира дека треба да покриеш повеќе раб.места по можност за плата блиску до минималец. Ама може на интервју ќе сватиме дека фирмата ќе стане наше второ семејство и ќе добиеме плус фит кит членство и пица ден.
Очигледно не е онлајн, не знам зошто воопшто некој би помислил дека е онлајн кога си има убаво пишано работни задачи. Платата е друг муабет ама сериозно кој би помислил дека може онлајн да праќа нарачки ?
И јас им се чудам. Фино лепо пишува во огласот ПАКУВАЊЕ, само што го отворив сфатив за што се работи.
Еве како гласи : АСИСТЕНТ ЗА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА Асистентот за онлајн продажба е одговорен за пребарување и потврда на производите кои што се нарачани онлајн
Ова за градинкава викаш легитимно е да ти бара фотографија, а некоја си квази фирма кога ќе напомене задолжителна фотографија во оглас (мислам Мега фешн имаат ваква пракса) тогаш одма се скока како е сексистички да се оценува кандидат судејќи по физички изглед. Двојни аршани... И ако мене ме прашуваш, во CV не треба да се става слика. Кандидатот треба да биде оценуван согласно квалитетите, знаењето, искуството и се останато. Затоа сме на ова дереџе до кое сме денес
Работни задачи: Одговорен за пребарување и потврда на производите кои што се нарачани онлајн Одговорен за пакување на нарачките со фактури и испратници Предавање на пратките на курир или одговорен на збирен центар Одговорен за прием и проверка на вратените пратки Одговорен за производите од заменски нарачки Евиденција на пратките.
Ова е јасно дека е работна позиција за во продавница, само одговорен за онлајн нарачки. Што значи работа и на празници и во недели, стандард за мол
Ама ти учитуваш значење на моментот слика во биографија. Како може слика да биде сексистичка кога за работа аплицираат и мажи и жени, стварно не ми е јасно во што е проблемот. Сликата е дел од биографијата која е твој документ, исто како лична карта, пасош. За професии во кои изгледот (пристоен) е важен и каде не смееш да имаш видливи тетоважи и пирсови (стјуарди, рецепција, во некои услужни дејности, амбасади, дипломатски претставништва), ти бараат повеќе фотографии, ама исто така треба да имаш знаење, искуство, квалитет, образование. Како сликата ќе го поништи ова што го имаш? Не знам зашто ти е таков тригер слика, размисли си.
Не е јасно. Не им е јасно дефиниран огласот. Нит пишува локација, нит плата, нит бутур. Џабе се праат, јаки "брендови" со вакви огласи.
Слика во CV е избор на апликантот. Никаде со закон не пишува дека мораш да прикачиш. Ама компании кои го бараат тој услов се оние компании кои ќе ти постават прашање дали си родила, дали планираш да раѓаш итн. Според тебе дали е тоа океј прашање? Еве ти зошто некаде во светот се применува оваа пракса, ако ти е од помош Generally, it's discouraged to include a photo. Many companies follow anti-discrimination laws, and including a photo might unintentionally open the door for bias (e.g., based on appearance, age, gender, etc.). Пак ќе кажам, избор на кандидатот дали ќе прикачи слика или не.
Буквално 5 обврски има во огласот. Стварно не знам за колку би сакале да работите… Идете редари, тоа една обврска па таман ќе биде.
Bias? Дали мора сите болести од Запад да ги воведеме без трошка критичко мислење? Како може слика да биде дискриминаторски елемент, ти ако се викаш Шери, твоето име го открива твојот пол, во биографија ставаш датум на раѓање, сивито има многу елементи и полоши од слика поради кои може да бидеш предмет на дискриминација (потекло, образование, искуство). Дали аплицираш анонимно, и дали би ти пречело ако фирма објави анонимно оглас, и тие можеби сакаат да се заштитат од bias и од дискриминација по одреден основ? Пак да кажам, европскиот формат на биографија си има местенце за слика, има зошто е тоа така.
Во ред, двете си кажавме мислење и нема што понатака. Ти посакувам да запознаеш многу регрутери и HR луѓе па со нив продолжи ја дискусијава. Секое добро
Како и обично, пасивно-агресивен одговор и тоа само затоа што те увреди газдарицата на некојаси небитна градинка зашто побарала слика, за позиција која ич не те интересира ниту ќе аплицираш, ама затоа ако ти фати око некоја "несоодветна" воспитувачка, во други теми и на други места ќе коментираш нокти, фризура, шминка, облека, онака дибидус дискриминаторски. Јас ти посакувам да читаш порелевантни извори за закон за дискриминација и да сфатиш дека сите страни во процес на селекција и вработување мора да бидат еднакво заштитени, сите имаат и права и одговорности. Убав ден.
Дефиницијата на работното место се дискутира, местото одговара на магационер, тоа е суштината. Не е проблем да си редар/магационер ама нема потреба да се има фенси наслов на работното место во огласот кога не е тоа. Овие работни обврски во прехрамбени фирми ги работат дистрибутери и добавувачи/магационери а не "асистенти за онлајн продажба".
Едно е само да бидеш асистент за онлајн порачки, а друго е плус и магацин. Не е убаво дефиниран ни насловот. Имам познаничка што живее Германија и работи стриктно само на онлајн порачки се грижи за електронскиот дел. Што кај нас тоа го нема. Кај нас се е на еден човек, кај нив е растеретено. За се си има посебен човек. Никој ни спомна колку сакаме и што сакаме. Никој не рече дека сакаме да си слушаме јутјуб на работа и да се шетаме наоколу. Само си зборувате од памет.