И јас пред некое време така мислев ама е многу подобра опција од пример кога би бирала помеѓу маркет и брз кредит.
Преубаво кажано. Од 3 фирми со катастрофално работно искуство, на сите им требаше повеќе од 2 недели да се јават, некои и дупло, и им требаше минимум недела за да кажат дали воопшто сум примена. Оти обично и покрај ова црвено знаменце, се безброј други. Последната работа што беше пред оваа, иако имаше милион работи кои не чинеа, ќе кажам една како за пример. Се исеков на штекер и немаа кутија за прва помош, ниту било каква дезинфекција. Морав да одам до тоалет, кој патем не беше во склоп на фирмата, ама од оваа гледна точка, среќна сум што воопшто го имавме ние вработените. Арно имаше сапун и вода, оти можеше полошо да биде, не беше баш обична гребнатинка. Моментално сум на преубава работа и твојава теорија се испостави точна. Им се јавив на телефон, утредента ме повикаа на интервју, одма ме примија, за 2 дена веќе бев на работа со договор, со сè по ред. И плата пред први земам.
Како некој погоре што ти пиша дека бил на обука у пирава Вештини за успех, пред некоја година и јас бев, и оддтаму прво ме повикаа на пракса со можност за вработување (според секторош што го пишав) не се сеќавам точно мислам беше за менаџмент, и одам јас таму ме ставија у магацин да бројам палети при исторавање на камиони, секторот сигурно беше "логистика". Ама ептен изглеаа несериозни, се тоа брендод и зборовите се само фасада, а у позадина...
Пракса со можност за вработување е измислено нешто. Вработување најмалку се добива преку пракса и ова општо, не само за Пивара. Тежок е преминот од практикант до вработен зашто нема да можеш да се договориш за платата (ако се вреднуваш, секако). Еднаш практикант, засекогаш практикант. Едно е да си на терен како практикант, скроз друго како вработен. Што од авторитет, што од плата. Разлика небо-земја.
Zenski zdravo. Da ve prasam nekoj da ne ima iskustvo so rabota vo Tudors i Bonatti? I dali e dobra platata? Isto taka dokolku znaete nekade kade sto baraat prodavacki vo butik ve molam pisete. Fala viiii
Доста се чудни,пред извесно време аплицирав за во финансии но еве повеќе од 4 месеци нема одговор.Имав присуствувано на нивна обука која е се само не обука од која може нешто да се научи,кратко кажано за нив пополнување време за учесниците изгубено време.За односите меѓу вработените во тимот искрено не знам. Многу од фирмите што се доста интензивни на социјални медиуми,што се спонзори на настани,конференции што се фалат со менторство,можност за пракса и вработување имаат прилично долги процеси за вработување(секако за многу од нив требаат врски а платите не им се којзнае какви за толку да си даваат на значење и толку долго да трае селекцијата на кандидати) Исто и со Кроација сум имал лошо искуство по извршено интервју во април ни трага ни глас од нивниот HR оддел иако беше кажано дека ќе контактираат преку мејл.
Имам аплицирано на многу огласи за работа сите ми се имаат јавено за на интевју, но никој не ме викал. Незнам во што е проблемот кај мене или премногу бараат размислувам да заминам во Словенија да работам има некој таму што работи?
Кај мене слично. Или ме викаат на интервју или воопшто ни на интервју не ме викаат. А за да почнам пак ич. Мислам дека за жал не се вреднува искуството и образованието, туку е со врски и со препораки. Ваљда не е до толку до мене.
Некој што бил/а на второ интервју во Лидл за позицијата заменик менаџер, добил одговор од нив? Позитивен или негативен не е битно, дали добил/а воопшто?