Чекај, беше на интервју, примаат луѓе ? Јас цело време мислам дека огласите се само ради реда и дека се се веќе наместени однапред.
Сите вработуваат „специјалисти“ со над 5 години работно искуство. Останатите што бараат работа како јуниор/почетници како да најдат работа? За тие пак што менуваат кариера не ни сакам да помислам колку е тешко... Имате сретнато огласи кои не се исклучиво за „специјалисти“ или сениорски позиции?
Без гајле. Јас сум една од оние еднорози кои имаат стекнато еден куп вештини. И кога ќе дојде време за интервју е навистина забавно. Едни мислат дека лажам, и дека "не е можно еден човек толку да знае" (а истото им е наведено на НИВНИ оглас), други, откога ќе им кажам цена, "ами дообро, ќе Ве контактираме", и после е, продолживме со други кандидати (читај, поефтини), и, за едно место дознав дека во ЧР ме одбиле со објаснение преквалификувана. Почнав да ги правам CV-јата tailor-made и да кријам работи. Можеби ќе се смени нешто. Не баш. Така да...overqualified or underqualified, исто ти се фаќа, проблемот е сосем друг.
Истото ми се случува... На едно интервју муабетот беше преквалификувана сум, многу повеќе сум знаела од колку што барале и баш такви им требало и по 5 мин ми викаат ама сигурно голема плата ке сум барала а ке сум оставела кога ке сум нашла подобра прилика. И нормално, таа работа никој не би ја работел за минималец како што нудеа
Дали има некој искуство со работа во фирма која што работи со Амазон? Работната позиција е поврзана со правење темплејти и комуникација со клиенти. Ако знае некој нешто повеќе да објасни. Фала
Хахаха, мене тоа постојано ми се случува, откако ќе воочат силно CV, веќе не се јавуваат. Мое мислење е дека се "двоумат" ако си преквалификуван, имаш големо знаење, имаат чувство дека на некој начин ќе ги издаваш, пријавуваш, ќе си бараш права кои ти следуваат, а не се склони кон тоа и намерно не сакаат да те земат, им треба некој мирен, тивок, што ќе си ќути и ќе си работи, ќе си го "цедат", и сл.
Одбиваат од страв. А платата сите реално горе-долу знаеме како се движи за квалификуваниот кадар и не е толку проблем платата (како што многу мислат). Него се плашат од (позитивни) промени т.е ако некој квалификуван дојде и работи како што треба, тоа по дифолт значи ставање ред и сите ќе се под будно око. Оти се ремети тој никаквиот ред, благо речено хаос во кој сите уживаат оти баш е клати врата-земи плата.
Слична ситуација. Последно ми понудија речиси минимална плата... На сето тоа искуство и образование кое го имам не очекував толку да ми понудат... Ама не е ниту до квалификации ниту до ништо, како ќе им текне си прават...
Дали има некој што успеал да се вработи или да има интервју со EMAPTA? Секогаш имаат огласи и аплицирам, никако ме побараат.
Што мислите за гулф. Гледам два пати го објавуваат огласот, па чисто мислење дали некој имал искуство со нив. Фала
Полоша фирма од Телеперформанс не постои, како бивши вработен го кажувам ова. Све се брои и мери, секоја секунда, минута и све се враќа. Случајно да закасниш 10 минути, ќе си ги вратиш и немаш право на дел од бонусот. За запирка, точка, ќе те скратат дел од бонусот, притисок х 1000, све тоа за почетна плата 33825 ден. Сега почнаа од дома нешто, ако случајно немаш струја, интернет, исто враќаш, исти проблем. Ова за српски јазик све што го зборам. Избегавајте ја фирмава колку можете повеќе! Има многу да се збори на оваа тема, прашувајте слободно.
Јас многу пати имам аплицирано и ниеднаш ми ги немаат отворено апликациите, ниту ме имаат побарано. А постојано имаат отворени позиции и огласи гледам со недели им стојат на Линкдин и им пишува "actively reviewing applicants", а од мое искуство ниедна моја апликација не била отворена. Претпоставувам дека прво ги скенираат CV-та со AI, и ако имаш некои клучни зборови што се потребни за конкретната позиција, одиш кај регрутерот, инаку воопшто не ни стигаат до нив да ги видат...
А регрутерот што да ти кажам... Една филипинка со broken English. Мене ме контактира преку LinkedIn (ова пред 2 години некаде беше), ај си реков ништо не губам, едно интервју, да видам што фирма се и што нудат. Интервјуто се вртеше околу мојата тогашна работа, клиентот, проектите, па дури и колкава плата земам ме праша Мислам океј да праша за секојдневни таскови, програми што ги работам и слично, ама се останато ми беше премногу непрофесионално и нападно. На крај ме праша колкава плата очекувам кај нив, кажав најмалку 1000е и никогаш не добив одговор.
Моментално регрутерката е наша, и пред оваа исто беше наша, не знам кога имале филипинка, ама небитно уствари кога не можеш да дојдеш до интервју. Е тоа уште ми се нема случено да ме прашаат, колкава плата земам, врв. Инаку имам слушнато дека давале ниски плати порано, околу 500-600 евра, и тоа за работа на германски, така што кога си им кажала 1000 евра автоматски те гоустнале. Сега не знам како е, ама не верувам дека премногу им се покачени.
Zdravo na site Se iznajmuva licenca za farmacevt. Dokolku imate potreba ili znaete kade e potrebno, moze da mi pisete vo poraka.