Познавам доста што се вработиле. Не се ради реда, примат. Само што сите тие што ги знам што се вработиле се 3-5+ па и 10 години искуство во струката и тоа доаѓаат од јаки фирми.
И јас мислам дека е со АI и затоа неможат луѓе да си најдат, а постојано имаат огласи. Работното време им е понормално за разлика од повеќето такви фирми затоа и сакам бар интервју да имам со нив.
Овие нели бомбардираат постојано со огласи за работа за германски јазик, да ти се смачи веќе од спонзорирани објави,
Братучеда ми е на германски јазик и е задоволна од условите во Телеперформанс. Не знам што си замислувате вие некогаш општо ама фирмите се такви како што се и се внимава и пази на уредност, педантност, однесување и говор.
Од мк менаџмент нема полошо, знаеш зашо? Оти сме cucks од највисок степен. Да се удоволи странскиот клиент а тоа шо нашиве вработени слабеат по 10 кила од стрес тоа не е битно.
На кое ниво е со германскиот братучеда ти? Студира и работи, или дипломирала германски јазик, па сега работи таму? Може ли на кратко да изложиш како е да се работи таму, како тече еден работен ден, колкав тим се и сл. Но тоа што постојано објавуваат огласи значи дека работниците не се задржуваат многу тука, а кои се причините ..
Работеше во Германија 4-5 години и тоа во ниско платени работни позиции т.е во ресторан се врати овде и се вработи таму. Накратко шо ја прашав и шо знам е дека работи од дома и паузите се броени до минута и слично, ама задоволна е со условите - веројатно парите што ги зема.
Види дечко, едно е да работиш од дома, друго е од канцеларија. Прво, немаш искуство во кол центар, па да коментираш, не знам што очекувате. Види, сакаме и се бориме за подобро, си бараме права. Ама од тоа пусто македонското, ќути има и полошо, разгалена една, оди во фабрика да работиш да видеш како е и сл муабети си патиме.
Сите сте багосани така искрено, а го имам приметено другар ми, квичи - цепидлачи како не го оставале да си остава на маса благо не знам што, а ко че го прашам стандардот на градот знаеш која плата ја земаме ние и што работиме, а тој зема отприлика 45 - 50 илјади и пак малку му биле. Некогаш мислам дека живееме во некоја различна перспектива и димензија или пак јас сум многу отепан - општо.
На германски можда е подобро, затоа што проектот е за други клиенти. Телеперформанс се само мидл компанија која нуди услуги на специјализиран контакт центар. На Филип Морис проектите за ајкос, хаотично е, затоа бегаат луѓе, македонски менаџмент (има еден, два добри менаџери, луѓе пред се). Јас го кажав моето искуство, Ваше е што ќо мислите и правите, ама најискрено нигде не е сјајно, а за до 40.000ден плата, сегде има работа. Еве детално ќе објаснам тука: Дали е нормално да се ставаш на пауза да сипаш вода во шише или до вц? Дали е нормално да ако случајно закасниш на пример 11 минути месецов (над 10 минути) ти се скрати бонус? Дали е нормално да го завршиш цел разговор и све супер бил, ама не си кажал ќе добие анкета на крај ( а автоматски пристига на смс )и за тоа 0% мониторинг и паднат бонус од 30еур... ? Дали е нормално да си вработен година дена и ти вика супервизорката незнаеш српски, додека беше на боледување прочитај некоја книга подобро ( со завршено средно, факултет од Србија сум ) и притоа на интервјуа и со луѓе од Филип Морис Србија имаш интервју?! Дали е нормално да од 30 агенти на смена, само неколкумина на состанок се викаат и кажуваат планови, а другите дознаваат од колегите?! Дали е нормално да ти каже супервизор дека поред перфомансите (што е нормално), да се гледа и кој колку пати бил на боледување?! ( бенинген тумор ми пронајдоа алооо??) Значи додека Ви пишувам се напнав жими се. Искрено последен пат бегајте од таа фирма, фолиранти големи, лицемеришта.