Дефинитвно, ти треба проширување на видикот и реалноста. Не е се до парите и 100 000 да земаш а немаш слобода чоколатце да касниш на маса, за мене е лудило или не дај Боже кафе да не пијам...... Спореди ја неговата слобода и твојата. Дали и ти би работел како него.? Ако мислиш дека можеш и ти иди кај него да работеш. Па види како е, после суди. Да, има и полошо. Има ама ние не се бориме против тоа. Шивачките ги малтретираат. Да. Ајде согласнот сите една. Ајде сите нека му заминат. Зошто да не се борат за своите хумани права?? Нема будали.
Многу си нервозна и пасивно агресивно напаѓаш, добро, олабај и најди си работа во друга сфера. Case closed.
Тоа што ти го пиша стварно е претеризам од нивна страна. Но, реално некои вработени очекуваат третман како дома. А, тоа не е можно на работа. Смешно е да бараш да те остават да јадеш и да пиеш течност на биро. Паузата е за тоа. Ќе направиш лом и можеш да оштетиш нешто, па ќе треба да го платиш од твој џеб. Не е во ред да те казнуваат за една пропуштена запирка, но во ред е да го сторат тоа за посериозна грешка која може да го чини бизнисот и/или клиентот многу.
Пак се фаќате за безвезна. Никој не рече тавче гравче да се јаде на биро или манџа. Зборваме за кафе, вода сок и синкерс, пример. Никој не е будала да јаде манџи над биро.
Смешки сте, први сте за подбивање. Плачат очигледно од што нема каде да одат. Колку колеги имав од минатата фирма, што плачеа и мораа да седат пошто немаше каде на др место. Ако вас ви е погодено, не мора да се потсмевате на други.
Течности на маса не треба да има каде што има компјутери и други електронски апарати особено од поголема вредност Толку. Само падот за цртање во една фирма ми беше преку 2000 долари ..и треба да го потурам со вода ли? Ниту Сникерс ниту Марс...ќе им мљацкаш со сникерсот додека збориш на телефон? Бидејќи сами се жалите дека нон стоп се повиците, следствено на тоа не ни требало да имате време да јадете измеѓу повици.
Пауза за пиење вода? Значи само еднаш или двапати во текот на 8 часа треба да имаш право да пиеш вода?
А, кај треба да чуваш течности? На тераса? На земја? Какви се овие нови стандарди бе, па уште ги браните?
Како што кажав, во контакт центрите постои clean front desk policy, измислено од американците. Можеш само вода на биро. И ништо друго, ни ливче ни пенкало. Така беше во фирмата каде што работев и изгуглави стварно е така. Пази сега, има еден момент. Ако се работи по амерички правила, треба да има и америчка плата,така? Не може бе американциве да зимаат по 2000 евра а ние 650. Сами не си се цениме како народ и се продаваме пред клиенти ко робој. И пак овие што коментираат, по нивно. Да ги потсетам: НИКОЈ НЕ РЕЧЕ ДА СЕ ЈАДЕ И ПИЕ НА ПОВИЦИ. Постои пауза од 2 мин измеѓу повици каде што можеш нешто да поткаснеш, пример чоколатце на брзина и да се напиеш вода. Плус, постои копче mute, и ако ти се припие вода можеш да го притиснеш, да се напиеш без да те слушне тој од др. Страна а во меѓувреме го слушаш што збори. Бидејќи сами се жалите дека нон стоп се повиците, следствено на тоа не ни требало да имате време да јадете измеѓу повици. @Dust, размисли и кажи како би ти било тебе ако работиш во контакт центар. Ова што го истакна е нормално?
Што да ти кажам? Како да ми биде? Никој нема да ми забрани да одам да мочам.. Ако ми забрани, се мочам сред канцеларија и давам отказ. Па нека чистат .. Стануваш одиш, мочаш..пиеш вода, јадеш Марс и се враќаш.. 3 минути, освен ако ВЦ не ти е на 12ти кат а ти си на 4ти..а не си. Имаш пауза за доручек/ручек/вечера што и да е .. Јадеш. И толку, не преживаш храна цел ден Која е потребата да јадете додека работите не можам да разберам? Замислете еве работите во банка на шалтер или некој друг шалтер, пошта, болница итн каде што нон стоп има клиенти и вие си мезите чоколатце?! На што личи? Единствено загарантирано право ти е правото на пристап на чиста вода.. и тоа никој нема да ти го забрани А зошто не дава американска плата кажи ми? Тогаш треба да плаќаш кирија 1500-2500 долари...а не 300 И здравствено осигурување од 300-400 долари.. Платата е пропорционална со животниот стандард.
Aj ne preteruvaj. Eve I drzavno da rabotis nastavnik. Kje jades pred decata? Nikoj nema da umre za jadenje dodeka raboti.
Хаха браво. Ајде сега пред децата јадење, свртивте. Јас не зборам за партискве наставници. Шо навредуваа чистачки, зашо зимале платата колку нив... Едно време кога скоро беа израмнети со плата. Секоја работа за себе е различна. И секако, не секој може да сфати како му е на работа пример на некој, наставник или на доктор или на адвокат или продавач, се дур се не најди во негова позиција..
Се држиме до контакт центар. Не правиме споредба. Не даваат американска плата, пошто нашиве газди си ги пикаат парите у џеб со менаџерите. Тогаш зошто да работиме на американски празници а тие слободни да се? И да не ни е платено празнично? Зошто и ние како нив да не работиме на нашите празници? Не е секогаш до парите што ќе ни ги платат за Велигден, Божиќ и сл, пошто нели ни плаќаат наш празник само. А, не ни ги плаќаат американските. На крај, ова не зависи од нас туку од државава, како има уредено со закони.
@GirlLove мислам дека не го пренесуваш баш добро она што сакаш да го кажеш (делува агресивно, а не е), па затоа и поинаку те сфаќаат. Таскфорс, Пантелеон и сличните нудат релативно ниски плати и за чија работа странец ќе наплати многу повеќе. Донекаде и сфаќам зошто „никнат“ тука, локацијата е таа што е, платите се тие што се и секако дека не им одговара да понудат исто (ако надвор би платиле еден, тука тројца работат за таа „расцепкана“ плата). Па замисли да нудеа како што треба, кој ќе работеше во фирмите што секој втор гледа да ги смени? Политика на чисто биро и сѐ тоа е супер во пракса, освен ако не се сретнеш со ситуација да бирото ти е пречисто, пресредено и тука почнува интересното. Имав еден ваков случај во почетоците и совет од колешка беше дека секогаш треба да ти изгледа хаотично, оти тоа значи дека многу работиш. И за чудо или не, сите, верувај сите што ги знам и што работат површно вака им е бирото и нормално, се знае кој „работи“ највеќе (зашто Македонија ни е циркус по глуматарење, а не вреднување на реално остварливи резултати). Така да, јас на твое место би била стварно задоволна со таа политика која баш функционира кај тебе (и ова го има секаде ако одиме баш по прописи, само што многу ретко (читај, скоро ич) не се почитува). За напитоците ако ти се пример во термос убаво затворени (макар спуштени и на земја две-три шишиња, не штетиш никому). Тоа со мјут и пиење вода апсолутно е нешто нормално во кол центар, и не е некоја катастрофална грешка па да се преувеличува (како тука што се прави). Ти секако слушаш што ти кажува другата страна. Е сега повеќе е микроменаџментот кој се врши врз вас во кол центар, неголи работата со клиенти. Тоа е тоа што истоштува, исто како што микроменаџмент има секаде (ама повеќето не сакаат да признаат). Секој бара нешто убаво, моментално има (блага) криза и надвор. Сега и те како ќе се намалува изборот и ќе се бара нешто поспецифично од знаење, па ќе се тенчи на големо. Во врска со споредување, малку е безобразно да се прави споредба меѓу кол центар и наставник/професор. Слободата е поинаква, авторитет е подруг. Пред дете можеш и те како вода да пиеш, а да не биде рекла-казала. Ваљда оти дете знае дека пиењето е потреба, како што многу од возрасните изгледа не знаат.