Може и 2 месеци да чекаш...нашиве фирми се познати по тоа што денес пуштаат оглас за да приберат база а МОЖЕ ќе те контактираат другата година .. И да, нормално е да има контраефект... Кој сака да му досаѓаат?!
Не најдов ниту едно мислење за Интимисими. Искуство? Најважно ми е дали плаќаат редовно палта и дали исплаќаат недела, бонуси?
Нашиве се неозбилни, не знам што очекуваш. Какво закачување на фирма, праќаш еднаш и толку. Ко да се бог знае што па ајде ќе ги молиме сите колективно.
Не е наша фирмата грчка е . Ми вратија денес да пратам cv. ми дадоа и на кој меил...сега им пишав и таму и уште чекам.
Македонски фирми многу побрзо одговараат зашто кога пуштаат оглас значи дека навистина им треба некој. Тоа со базата е пракса повеќе на странски фирми или пак поголеми фирми базирани во Македонија. Го имам сосема спротивното искуство од ова што го напишавте. Упорност е добро, досаѓање и не баш. Ама за кој како, може ќе го препознаат како упорност.
Јас имам сосема спротивно искуство, почнувајќи од пивара, преку Реплек, алкалоид, ЕВН, а1... И си стојам на тоа дека пуштаат огласи ради реда, да им се врти реклама за фирмата на овој или оној начин, успат да приберат некое цв и лични податоци... Другарка од угостителство, каде и да прати ЦВ и се јавуваат после 2 месеци .. особено по хотеливе во СК..
Well now when you mention the companies.... Најверојатно си во право. Повеќе мислев за помалите фирми или и за маркетите за кои ако има постојано огласи всушност е лош знак па се обидуваат да избегнуваат постојано објавување бидејќи тие се позициите, не е како кај овие што ги спомна што можат да си измислат секаква позиција за да им служи како импровизирана реклама. ЕДИТ: всушност тоа и го имам напишано, мислев сум го испуштила Исто мислиме
Зависи од работната позиција. За продавач во маркет цело време фали персонал и секој момент да аплицираш ти се јавуваат за пола саат.
Исплаќаат да. Платата е на почеток на месец, се исплаќаат бонуси ако се фатат и недели. Супер место е за привремена работа и ако ти одговара за во мол
Ако имаат потреба и ако сметаат дека ти е добро CV то би требало во рок од најмногу 2-3 дена да те контактираат. Безмислено е да те контактираат после месец дена, без врска. Имало огласи каде имам аплицирано одма по 2-3 часа да ти се јават и да закажат интервју.
Абе можда ќе те контактираат, ама не чекај барај на друго место, или ако ти е итно вработи се накеде во маркет, казино тие побрзо вработуваат, па можда ќе ти се јават од ваму. Ама не чекај аплицирај на други места.
Ова е малку нереалистично. Си пишува колку време трае огласот и неретко чекаат да помине, не контактираат веднаш. Значи сепак ти вратиле.
Да ,ми се заблагодаруват за интересот и ми кажа ако сте веќе пратиле биографија , тимот од човечки ресурси работи на тоа ги разгледуват апликациите и секако ке бидете контактирани. Процесот можело да потрае поради поголема документација. Ми велат дури ви благодариме што не контактирате.