Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    4.996
    Пол:
    Женски
  2. lolly2000

    lolly2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Dokolku nekoj ima potreba od kelnerka vo okolina na Vlae,Karpos,Debar maalo so fleksibilno vreme neka me kontaktira vo poraka
     
    На Sweetymk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Имаат многу фирми (производство/странски инвестиции) обезбеден оброк или барем плаќаат накнада за тоа, еве и на линков погоре што го ставила членката погоре пишува “обезбеден квалитетен топол оброк“
     
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    11.738
    Пол:
    Женски
    Производство- под тоа мислев кога пишав фабрики (Џонсон Мети, Кромберг и слични во Бунарџик), еве и техно транс нуделе храна, тие се транспорт додуша.

    Тие и даваат и повисоки плати (околу 1000е сосе ноќни и бонуси) ама да не се лажеме, работата е потешка, се оди 3та смена, на норма си, физички напорна работа на лента или во магацин. Не работам ни продажба, ни производство (фала богу), ама во случајов да треба да бирам, попрво би го избрала Нептун продавница за 29.000, отколку производство/магацин за 40.000 плус храна и ноќни. Фабрика би ми бил last resort, случај ако веќе нема каде. Ама ова е мое лично мислење, не мора да се согласуваме. :)
     
    На nextredstyle, Dust, Vform и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Ако незнаеш за која фирма збориме прочитај ги мислењата нагоре или ако не знаеш што е работа во продажба научи.
     
  6. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Те разбирам ама има доста помали послаби фирми со приходи и профит што обезбедуваат оброк или барем го плаќаат истиот, додека вакви „гиганти“ од типот на Нептун што вртат милионски профити ги потценуваат работниците со плати блиску до минималната затоа и ретко да задржат вработен повеќе од 1 година

    Освен смените друго се е плус во странскиве инвестиции. Обезбедена храна, превоз само овие ти се 100+ евра плус на платата, сортираш кабли на клима додека кај нептун ќе мкнеш телевизори техника цел ден
     
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Кои фирми се тоа да аплицирам таму? На позиција продажба.
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    12.257
    Пол:
    Женски
    Што фирма е оваа
    Calls Experts? Канадска пишува, го најдов огласов на нашиве страници.

    Некој, нешто повеќе?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Машки

    Имам пишувано за ова, работата во странски инвестиции е широк поим. Има од работник на лента, магацин, скенирање материјали, контрола на квалитет и што уште не. Зависи и кој те турка напред за повисока функција.на подобрите место секако кој на кого му беше швалерка, братучед, чичко/вујко. Кај нас така се работи :)
    Инаку да го поголем дел имаат храна, значи храна готвена, и тоа е доста добар дел на пари месечно, кога една четвртина никаков бурек е 90+ денари
     
    На Dilajla123, GirlLove и LocoCroco им се допаѓа ова.
  10. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Рокот за аплицирање значи само дека до тој датум примале апликации, не дека до тој датум готово го завршиле целиот процес на селекција. Со оглед на тоа што е период на одмори, а и ако добиле 100-200 апликации, јас би рекла дека си нестрплива :)
     
    На Oscar Lady, Dust, Crnookata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    За жал тоа е реалноста на сите аутсорсинг фирми, вклучително Телеперформанс, дал си у Холандија или Македонија небитно. Факт е дека редовно плаќаат, добиваш регуларен договор, во канцеларија си, можеш релативно раат да работиш, што не е секаде случај, особено со македонски фирми. Така што, фолиранти, нњ би рекла, ама некоректни да. Плус минус за аутсорсинг, условите се тие, и за бонус и за плата. Германските проекти се единствено подобри заради поголема плата, Вебхелп/Концентрикс плаќаат над 60, Хелпсенс над 70 илјади, што мислам дека е океј плата особено ако си студент/помлад или немаш конкретна професија, а знаење на јазик, повеќе тешко, тоа се веќе плати во Словенија и Хрватска за истите позиции. Во Хрватска не се никако поголеми од 1200 евра, значи скоро изедначени сме, ама таму цените на живот се далеку поголеми. Но, германските проекти се секаде најоптеретени со работа. Секаде е тешко, затоа што луѓето се тешки. И во ит индустријата има и мобинг пуштен на најјако, и работа газ преку глава, и отпуштања, ама никој не збори многу за тоа, затоа што платите се поголеми, па кога би биле поголеми платите и во аутсорсинг индустријата, пола од овие проблеми би станале небитни.
     
    На bookslover, Dust и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Ова може да важи како опција ако аплицираш за многу барана или специфична позиција за која имаш искуство и со самото тоа си во реална позиција да преговараш. Во македонски услови каде фирми и огласи се бројат на прсти (тие па тие се цело време), човек што активно бара работа, и во струка и надвор од неа, би ги прошол односно би аплицирал кај повеќето, значи едноставно опциите се трошат многу брзо. И тоа е во ред ако ти е тактика, или пак, ако ти е специфична професијата, ама во меѓувреме или работиш друго или некој те издржува односно работи за тебе, инаку е многу многу тешко изводливо. Затоа што во меѓувреме се плаќаат кредити, сметки, деца, одмори, храна, мислам си врви животот, и многу чекање на долги стази може да не биде најдобра опција, затоа што доаѓаат нови, млади луѓе кои стекнуваат искуство, знаење и вештини и имаат континуитет во работата, значи стануваат покомпетитивни од тебе. Мора некој баланс да се има.
     
    На bookslover и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    16.948
    БЕГАЈТЕ ОД КОЛ ЦЕНТРИ!

    Крај
     
    На Curious cat и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.734
    Пол:
    Женски
    Човек треба да е активен насекаде и да си го прави патот онаму каде може (а тоа не почнува кога почнува и самата професија). Кариера (по модерно) е ништо само по себе, општо и титули како називи. Да не застанува, оти застане ли сам себе се уназадува и поништува. 24 часа имаат сите, како ги користат е дискутабилно и тоа е во ред додека секој е среќен со изборот. Нашите не знаат да преговараат, емоционални се и се вреѓаат дури и за (интерен) совет. Потценуваат и премногу испуштаат, слепо веруваат и на тие долгорочни соработници (кои се сè, само не лојални), не разликуваат нијанси на добар човек (не добар работник, оти ако е расипан џабе добро ќе ти работи), млаки се, па и нечовечни. Колку и да се тука, присутни на пазарот, не се компетитивни по светски стандарди. Од друга страна фирми има доволно кои не се видливи, не се рекламираат, но и не уназадуваат.

    Сум видела волци, волци, волци кои кога преговараат нема ни да знаеш како го добиваат тоа што на крај го имаат како придобивка (а не се гледа). Ако одам по некој шаблон на CV, на таквите не им треба ништо за да дојдат до тоа што го сакаат, оти се стално во движење. Знаат како со човек, често никаде не фигурираат, ама се претопени со сите (дури и со тој на тезга што продава, што по некои наши мисли тој не се движи таму), не прават поделби како кога богатиот ќе му се смее на сиромавиот, помагаат на обесправени и нема да ги сетиш. Е сега дека мислиш оти ќе ти кажат како - нема ни во сон, ама затоа секој муабет со нив е привилегија.

    Младите не можеш да ги доживуваш како закана, зашто секој си има свое време. За изреализиран човек нема закани, тоа да се натпреваруваме е повеќе наметнато, усилено и не знам што веќе за да се има некој јаз на омраза. Или, јавна тајна е дека во фирми секогаш тежнее зборот на постарите колеги (со по 20-30-40 години искуство) обединети за да ги истребат младите. Што е ова, ако не страв и несигурност? Како, еј ненаситност и потреба од сатисфакција дека еве успеавме.

    Сумирано, нема професија која не изневерува на периоди. Нема таква (секој што тврди дека има - лаже), освен ако не збориме за генерациите на дедо ми и баба ми. Или ќе прифаќаш, ќе се прилагодуваш или пренасочуваш..или ќе те снема.
     
    На elenaklasik, злоба, HappyAsItGets и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам одназад, ама секако не е добро, а и не е здраво да се генерализира, милион луѓе, милион искуства и милион ситуации, јасно е дека мора да се балансира, во животот ништо не е рамно.
    Младите не ги спомнав во контекст на закана, туку во контекст на фактот дека ти пиша дека пребираш, си запишуваш каде си аплицирала и не аплицираш двапати затоа што според тебе тоа се несериозни фирми. Значи, според таа динамика, јас во својата струка, би ги исцрпила опциите за апликација за неколку месеци, пошто кога активно сум барала работа сум пракаќала и десетина апликации во денот, математиката е едноставна. Нема веќе да имам каде да барам работа. Ако немам каде да барам работа значи или ќе работам каде морам или дека немам потреба да работам. Затоа ги спомнав младите, некоја колешка што излегла од факултет нема да биде толку пребирлива и ќе биде трпелива и многу брзо ќе ме стигне, и во знаење и во искуство. Веројатно малку од вас направиле пауза од неколку години во работата, или сте доволно млади да знаете дека е многу многу потешко да бараш работа на 50 отколку на 30 години, со работно искуство и без, со повеќегодишна пауза или без, тоа се битни фактори. Дури и да правиш пауза за учење и специјализација, во мојата струка барем, работа и учење иде заедно, работиш преку ден, учиш навечер, никој посебно нема да ти честита ако си земеш време само да учиш, така да, јас ги пофалив младите уствари, ама ти друго си учита, како и остатокот од тоа што го напиша, особено делот со конкуренцијата што воопшто не го споменав, младите се многу во предност, ама гледам дека не се свесни за тоа и за жал, често и не си ја гледаат предноста.
    Ако не аплицираш двапати во иста фирма, работиш во аутсорсинг, гледам најчести се тие на форумов, па ќе ги земам чисто како пример, и активно бараш работа, за колку време ќе најдеш фирма која ги исполнува твоите критериуми? И најважно, што правиш во меѓувреме? Живееш со твоите или те издржува некој друг, ама пак тоа е ситуација која не е изводлива за многумина. Сите имаме критериуми и знаеме што е добро, а што не чини, ама во реалноста одлуките се поинакви. Супер е ако јас имам принципи, ама сметки за струја стигаат и покрај моите принципи. Особено со деца, доаѓа време кога децата треба да се школуваат, а мојата специјализација мора да чека.
     
    На bookslover, HappyAsItGets, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Да пишеш дека за во Македонија овие суми на плати се „океј“ особено за луѓе без конкретна професија е understatement of the century. Не знам колку сте во допир со реалноста со платите ама вакви (повисоки) плати ретко кој нуди, освен ако мислиш на бруто.
     
    На Vform, Tam4yy, elenaklasik и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Не, не мислам на бруто, мислам на нето и прецизирав дека е за германски проекти и пишав за кои компании станува збор, Конект дава 60, Транском 60, Вебхелп 60 а може и јаче, Хелпсенс 70 илјади денари нето плата, пишува во нивните огласи, други на кои ми текнува се Мајорел/Хелу/Каузвеј Конект особено за некои проекти имаат исто над 50к плата, со сигурност знам дека Транском и Конект даваат толку бидејќи имам колеги филолози што работат таму. Зависи од проектот или евентуално од смените односно да има втора или трета смена, ама платите се тие. Така што, би рекла дека ти не си во контакт со реалноста или едноставно не гледаш огласи за вработување. Не се ретки вакви компании воопшто, колеги со холандски/скандинавски јазик земаат и повеќе. Впрочем, за англиски и италијански јазик платите се околу 45-50 илјади, за поретки јазици логично е да биде повеќе.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    16.948
    Од искуство ви кажувам, не си играјте со здравјето, со тие смени, втора и трета.....постојано.

    Барајте нормална работа, 1ва и 2ра во смени.
     
    На troublemaker94, Vform, Tam4yy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Ако сите размислуваат така, нема да постојат многу професии. Секој треба да се потруди да го работи тоа што го сака, зашто ако не го сакаш тоа што го работиш секогаш ќе најдеш маана, и на плата и на смени и на колеги и на лево и на десно. Сѐ ќе стане потенцијален проблем.
     
    На bookslover, Cherry333, злоба и 6 други им се допаѓа ова.