Не секој има можност да го работи тоа што го сака. Некој мора - нема излез Пробај поработи 5 години само 2ра смена, ќе видиш. Или 2ра и 3та.
Ја глеам фирмава абе препукаа, очајни за работници, едвај се наоѓа сите бегаат. Ако ви е. Цела нека ви пропадне мамата ваша, здравјето ми го земавте.
Некоја да работела во jysk да сподели како се движат платите за продажниот персонал? Ако не сакате овде слободно во приватна порака
Фала на препораката, јас работам 30 години, така што имало и втори и трети смени. Не ми било нешто посебно напорно. Доктори, пожарникари, полицајци, војска, па дури и глумци работат многу втори смени, не е невозможно и не е толку драматично. Ако не можеш ќе смениш. Не може никогаш да нема излез. Нас ни е многу укотвено во потсвест од 7 до 3, па затоа све друго изгледа катастрофично. Дојди во Италија двократно да работиш, од осум сабајле до осум вечер, па ќе видиш дека втора смена и не е толку лоша, барем гледаш ден.
Затоа и професииве што ги наброја имаат бенефициран стаж, е сега нормално дека некој мора и тоа да работи по смени 2-3 ама дека треба да се биде свесен дека се пореметува целиот биоритам и трпи здравјето
Сум работела и во маркет и измеѓу смена, и прва и втора во смени, и само втора. И само трета имам месец дена работено. Најлоша ми беше само втората и тоа од 14ч. Три еб години. Не прам јас компарации на професии, плус пожарникари, полиција си имаат бенифициран стаж. Во помалите места, нема мн работа за тие пожарникарите, не дај Боже да има, се случува и да седат и да се шлаат така со саати, не се на норма, пример, од др страна опасна работа е, го ризикува животот. Не идам у Италија, зборуваме за Мкд.
Ama sporedbata drzavna rabota so privaten sektor mi e smeshna. Policajcine nekogas ne rabotat nisto, si lapaat sendvici vo kola dodeka se na smena, pa demek stopiraat. Ili kje zastanat dve koli i kje gi snema od mestoto. A kaj privatnjak nema mrdanje, pa ako e kontakt centar ubistvo.
Искрено првпат слушам дека медицински персонал има бенефициран стаж. Во држава со волку малку луѓе, очекувано е дека ќе има на пример потреба од повеќе касирки од пожарникари на пример. Муабетот беше дека како да не си свесна дека многу професии работат втори/трети смени. Искачаш навечер на пијачка некогаш, сите луѓе што те служат работат ноќе, идеш у кино, луѓе работат на билетара и проектираат филмови, во театар претстава пред 23-24 не завршува. Не е споредба државна работа и приватен сектор, туку само пример дека во многу професии се работи циркуларно. Идејата дека на сите други им е лесно не е едноставно во ред. Освен полиција и војска, добар дел доктори работат во приватна пракса, а и да станеш доктор не е мислам толку страшно, еден факултет од шест години и уште толку специјализација, па нешто треба да се жртвува за да се добие.
Тоа велам и ја. Хахах, да, не сум, в мол работев 4 години. Ич не сум свесна. Не реков сите, реков за полиција и пожарникарите.
Ако си свесна, тогаш не мораш да ги поставуваш работите како само тебе да ти е тешко и само ти да работиш втора смена и само ти да си обесправена и никој друг не разбира дека не е лесно и дојде да не научиш како е втора смена тешка. Пртепоставката дека на сите им е супер, само тебе не ти е погодено во животот не е точна. Ако си свесна за тоа, тогаш писанијава немаат поента искрено. Не сакаш да работиш втора смена или само втора смена или само трета, сеедно, разбирливо, ама тогаш не аплицирај на такви работни места, пошто ако аплицираш, резултатот пак ќе биде оној што не го сакаш, не може да биде поинаку. Иако јас искрено, многу малку луѓе познавам што не работат во смени или што не работат за викенди и празници, ама веројатно има. Еднаш пишав веќе, толку омразената администрација им е изгледа скриен фетиш на многумина, неисполнет сон.
Полека, полека лабаво само. Не знам што се навреди и нњ реков дека само мене ми е тешко. Секој со својата мака.
Не се навредив, ама ако си свесна дека има бизниси што работат и дење и ноќе, логично се наметнува идејата дека многу луѓе работат дење ноќе.
Мислам дека некогаш пишуваш за инает колку да се докажеш дека си во право, а не е страшно некогаш да не си, не знам зошто толку ти е проблем да го прифатиш тоа. Тоа што го опиша не е обична работа или како што имаш напишано Во истиов одговор пишуваш дека колеги филозофи работат таму, што значи дека веќе го имаат или го стекнуваат заењето, а за да бидеш во пр. една од овие фирми и да ја земаш таа плата треба да имаш знаење/сертификат од најмалку C1 (за Германски). Што значи, „без професија“ и не било баш дека биле без професија. Сите кои знаат помал степен на јазик - или земаат помала плата или воопшто не ги контактираат, ама сигурно не земаат онолку колку што напиша. Точно, не се ретки таквите компании кои ја нудат таа плата ама ретко кој го има соодветниот степен на познавање на јазик и затоа и платите се толку високи. 45-50 за англиски дефинитивно не е бидејќи во тие каде што е, мора дополнителна обука ако некој сака да ја зема таа плата и сето тоа не се сведува само на обичен кол центар туку на многу повеќе (сметководство, осигурување и сл) и впрочем затоа ја земаат таа плата, а не толку заради англискиот. Дополнително, комбинација од два јазика автоматски значи повисока плата. Бидејќи темава е за огласи, не ми е поентата да се надмудрувам, само некој што бара работа и чита да не очекува дека од старт без никакви квалификации ќе му понудат 60 000 денари плата.
Колеги филолози се сите луѓе кои имаат диплома од Филолошки факултет, небитно колку години имаат, која веројатно не знаеш одговара на C2 ниво на знаење јазик. Никаде не спомнав квалиикации, ама за да влезеш во аутсорсинг фирма, доволно ти е супер да знаеш јазик, ако знаеш два, нема скоро никакви шанси да не те примат, освен ако нема голем број апликации и мора да се направи селекција, но тоа важи за сите струки и професии. Во Транском (а богами и во Телеперформанс) конкретно работат приличен број студенти, значи практично деца кои се при крај со студии или се тазе дипломирани, имаат 22-23-24 години, можеби немаат работно искуство меѓутоа одлично зборуваат некаков јазик (најчесто германски бидејќи е најбаран), впрочем на кариерни денови најчесто одат млади или студенти, менталитетот им е ваљда поотворен, свесни се дека треба да најдат работа и искористуваст повеќе шанси. Работат и луѓе кои немаат факултет, ама живееле во Швајцарија, Австрија, Холандија на пример и исто ги примаат затоа што имаст специфично знаење на одреден дијалект. Секако, во сите компании, има тест на знаење кој ако не го поминеш, не можеш да бидеш примен без разлика на тоа колку ти е богата биографијата. Сѐ останато во аутсорсинг фирма мора да се учи од нула, сите проекти и клиенти се различни, сите софтвери се различни, сите процеси се различни и небитно е дали имаш искуство или не, се работи од нула, затоа и почетните плати се исти за сите или варираат многу малку, затоа што сите се на исто рамниште кога се почнува нов проект. И да сакаш, не можеш да се надмудруваш, бидејќи платите се тие. Се гледа дека индустријата не ја познаваш, јас зборувам исклучиво за аутсорсинг компании, а не за сметководство или осигурување.
Најверојатно лошо ме имаш разберено. Не го оспорувам тоа. Ама веќе кога напиша: колеги филозофи не ти се само оние кои имаат завршено, туку и оние кои тековно се на факултет и уште немаат диплома од тој факултет. Сериозно го пиша ова и притоа нагласи дека јас не сакам да се надмудрувам? Изгледа не знаеш што подразбира аутсорсинг, а тоа не е само јазик. Има аутсорсинг фирми кои покрај јазик вклучуваат многу други работи, вклучително како пример ги наведов сметководство, осигурување и сл и истиве немаат многу допирни точки со македонско сметководство и затоа мора да има дополнителна обука. Сепак, да, во суштина во некои компании доволно е да знаеш само јазик ама не онака како што ти го прикажуваш - ако знаеш јазик имаш веднаш плата од 60 000 ден туку за таа плата мора да имаш pоголемо познавање на јазикот. Ја оспорувам платата која ја напиша и начинот на кој можеш да ја имаш, ништо друго. Мешаш поими и мешаш различни работи и на крај се заплетка во сопствените зборови. Разграничи ги па потоа може да продолжиме со разговор, но во соодветна тема. Нема потреба овде да пишуваме неповрзани работи. Иако веќе напишав тоа што мислев и не гледам потреба од дополнително раздлабочување. Пак ќе нагласам за оние кои читаат: гледајте реалистично. Никој нема да ви даде плата од 60 000 денари ако немате најмалку соодветни компетенции, образование или искуство, било кое од овие три работи. Не е фер некој да убедува дека толку лесно со малку знаење германски или италијански веднаш ќе имате плата од 60 000 ден.
Плус малтретирањето со паузи и правдањето зошто си закаснила 2 мин и каде си била, микроменаџмент и сл.
Секако дека има фирми што аутсорсаат различен профил на кандидати, но јас буквално пишав со име и презиме за кои компании пишувам, така да не знам што предизвика збунка, мислам дека е јасно. Дури и да се клиенти за сметководство, ете во Конект платата за финансии е 60 и 70 илјади денари, не го измислив јас тоа. Не ги спомнувам пошто не сум сметководител и не знам кои квалификации се потребни. Платата ти можеш да ја оспоруваш, но без аргумент, бидејќи платите се тие, без разлика дали ти се допаѓа тебе лично тоа или не. Објективен аргумент не може да биде твојот личен став или мислење, буквално отвори оглас, аплицирај и ќе ти кажат колку е плата, која меѓу другото е транспарентно напишана. Кој спомна малку знаење извини? Каде пишав малку знаење? Пишав факултетска диплома е Ц2 по Qcer стандарди. Фактот дека некој е студент не значи дека јазикот го знае малку, особено што германски и италијански во Македонија се учат од основно училиште, така што студентите на факултет се запишуваат со квалитетна база бидејќи поминале најмалку 8 години во учење јазик. Годините и студиите воопшто не се индикатор за нечие знаење, особено не на за учење јазик кој буквално можеш да го совладаш од јутјуб и курс, плус компаниите си организираат тестирања, писмено и усно. Во моментов има отворени огласи така што ова се податоци што многу многу лесно се проверуваат и да, колегите кои ги познавам за проект на излезни повици земаат 47 за италијански (основна и почетна) и 57 мислам за германски.