Ти благодарам за објаснувањето. Живеам Карпош 2,мислиш ќе можат да ме пратат Припор пример или Драчево за роба да местам?
Не иде така, нема низ цело Скопје да редиш. Реон ќе си добиеш и само таму ќе редиш, во истите маркети на тој реон што се блиску еден до друг. Фирмите даваат и службени коли за поелсно и побрзо да стигнеш.
Сега веќе скоро сите имаат службени возила Можеби една две фирми само немаат. Таа е можеби максимална плата, не ја кажувајте од старт.
Таа плата ја земаат сите и е фиксна. Може први 3 месеци не, ама после тоа е. Што според мене не е реално и фер, затоа што немаат сите исти маркети и работа за да земаат сите иста фиксна плата.
Па и немаат којзнае какви обврски за поголема плата. Ако не успеат да завршат се од рутата никому ништо. Немаат таргет, немаат притисок, дека мора да се заврши тоа. Немаат бонус кој треба да го остварат, фиксна плата. Викенд, празник дома. Одмор 20 работни денови. Некои имаат кола некои не. После работа си ја користат што е исто плус и службен телефон. За плата да малку е, ама па и не можат да им дадат повеќе. Но пак се со поголеми плати и подобри услови од работа во маркет, бутик итн. Инаку платата во 2021 беше 19.000 за тоа работно место, а сега е 35.000 Што е 70% покачување.
За таа позиција не е тешко. Нема којзнае каква конкуренција. Друго е кога има некој па да поминеш пред сите и без интервју.
Мерчендајзер/ка, КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ Дали имате искуство со работава? Од колку до колку се работи и плата колку, во огласот не им пишува...