Затоа реков, тоа е максимална плата. На почеток не даваат толку. @Scorpion91 Во сите фирми платата е горе доле таа, околу 30к почетна. Условите се скоро исти. Од 08 до 16 часот, од понеделник до петок. Некои фирми (Алма М, а може и други) работат една сабота во месецот (гратис ). Друго се зависи од град до град, зависи од претпоставените. Во глобала ок работа е, нема некој да ти види цело време над глава, можеш да завршиш и приватни обврски во меѓувреме ( нормално без претерување). Атлантик се најдобри со плати, но е тешко за влегување.
Па било каде нема одма да им ја дадат таа плата, ама ќе ја зема за 3 месеци. По договор за работа им тие саати од таа сабота, да им се одземат од пон до петок. Затоа од пон од петок ефективни часови имаат по 5 од вкупно 8 Оди најди некоја да седи до 16 часот и некоја што е почната со работа во 8 А и сабота да не идеш никој нема да знае. Не им прават притисок и замерки за ова, затоа што се свесни дека се вработени кои и онака никој ништо не очекува од нив. Лесно заменливи и со најниска плата. Атлантик имаат повеќе работа и почесто имаат активности и нон стоп се во некоја гужва. Во плата има фиксен дел, бонус и мислам дека зависат од таргет на комерцијалист. Така да тука има и повеќе замарање со тоа дали таргетот е исполнет, мора да биде како слуга на комерцијалист да го известува што каде фали роба итн. За разлика од овие на кои што им е доставено тоа си редат. Сеедно им е дали има ли не. Од приватни обврски идење на фризер и правење нокти. Ама тука се заедно со други мерч така да се издаваат тие работи.
Да, ама би било фер да ја кажат почетната плата, а не таа што ќе ја земаш по 3-4 месеци. По договор се да, ама и таа прва недела од месецот каде треба да работат по 7 саати, они работат по 8. ( така беше, сега е можеби сменето нешто, што не верувам). Тоа замарање дали има роба или не, сепак зависи од човекот, кај нас кажуваме, плус и инсистираме за вонредни нарачки каде што тоа е возможно. И не сум Атлантик. За приватни работи, не мислев за правење нокти, и фризери сепак тоа е подолго време, мислев нешто на брзина, како сметки плаќање, подигнување карго, купување нешто од бутик... Сепак стојам на тоа, дека во секој град различно функционираат сите фирми. Зависно и од претпоставени и од колеги. Кај нас кога некој има некоја приватна работа, кажува ќе одам таму и таму и тоа е. Се покриваме сите за што и да е.
Па затоа пишува до 35.000 А јас еве тврдам дека ќе зема и нема да долго време да чека до таа плата. Од приватни обврски тие ги прават. Имаме фатено две кај нас. Тоа што некој не знае да си побара според договор 7 часа е друго. Многу злоупотребуваат. Сабајле пијат кафе од 8 до 9:30 и дома се пред 3:30 Некогаш наместо во 8 часот во маркет они се во 8:30 Кај нас некогаш не кажуваат, дека воопшто нема стигнато роба, кога има проблем со достава. Така повеќе им одговара, затоа што ако известат дека нема, тогаш мислат дека ќе ги пратат во друг. Затоа овој тип на мерч кој вооошто не се занес никогаш нема да биде на листа за унпредување и се само роба за искористување.
Јас познавам многу што излегоа од алма м и се префрлија по маркети. Кипер, веро и сл. И од сите слушнав дека не им било добро. Од тие фирми знам во алкалоид им е добро.
Здраво на сите би сакала да прашам искуство да споделите за работа во Контакт центар во М Кеш. Аплицирав пред некој ден денес ми се јавија за интервју утре, па ве замолувам за искуства..
Od 2 intervjua kaj niv i 2ta pati te prasuvaat poznavas li nekoj sto raboti tuka,zosto aplicirase kaj nas? Ne poznavav i ne me vrabotija
Дали Ви смета што на огласите не пишуваат плата, барем од...до... , иако веќе си го имаат дефинирано буџетот за таа позиција? Искрено на повеќето огласи не би ни аплицирала, а не пак да го губам своето и нивното време за интервју. Ти нудат смешна плата за да знаеш да работиш се , пеш (неавтоматизирано и при тоа не сакаат да си ги олеснат работите) , да работиш за 3ца, работат со застарени програми и методи, немаат добра организација. Се фалат колку се големи и успешни ( може од аспект на малтретирање на вработени), сакаат да те вработат, но те убедуваат убедуваат да прифатиш за смешна плата. Ако ти дадат малце поголема од предвидената ( а не е ни блиску до таа што си ја предложил ) мислат дека таму треба и да спиеш. Немаш никаков напредок, само те враќаат назад. Нормално дека ќе немаат работници, нема ни најмала ситница што би те натерала да останеш.
Не ми смета пошто може сите вработени не зимаат иста плата. Во некои фирми платата е најстрого нешто што не смее да се знае. Ми смета кога на интервју не кажале плата.
Како планираш да најдеш работа ако не аплицираш? Штом те викнат на интервју, треба да споделат плата и услови, иако се согласувам дека некој ранг пожелно е да биде даден. Инаку да, во доста фирми плата и бонуси подлежат на закон за деловна тајна и не се споделуваат, и си има добра причина за тоа.