Здраво, некој да сподели искуство со работа во de facto (плата, работно време ) и jumbo исто плата услови за работа како се . И ме интересира каде може да се аплицира?
Во jumbo можеш на главна каса да аплицираш, плата околу 30 зависи колку недели и празници работиш, или на каса се работи или во сала се реди роба.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/rab...na-roba-market-zebra?source=homepage_featured Искуство ,за ова раб место, тешко ли е ?
Некој дали знае какви се отприлика платите за почетници во Тиго? Каква почетна плата даваат и од што зависат бонусите или покачувањата понатаму?
Овие ги вртат истите огласи со месеци. На познаничка и пишаа за позицијава. Имаше интервју со регрутерката, топ помина и пушти некои тестви да реши, па со директорот да има второ интервју. И со него помина добро и тој самиот и рече дека е топ избор. Чекаше одговор од регрутерката една недела, таа ништо не и врати. Следната недела она и пиша и рекоа дека си нашле некои поискусен кандидат. Порано стоеше 600 долари плата, мислам дека ставија повисока цифра за повеќе кандидати да им аплицираат. Работното време очигледно дека им е крш, 9 саати со 1 саат пауза и тоа од канцеларија е too much. Америчка логистика е многу неблагодарна индустрија. Многу се кршат од работа и по 10 саати да решат проблеми, за ситни пари. Не е за секој, нека не ве лажат парите.
Дали некој имал искуство во Студио Ада сметководствено биро? или да познавате некој што работел таму?
Аплицирав за маркетинг асистент во Ultimate Languages, пројдов две интервјуа ми кажаа дека сум преквалификувана наводно. Потоа ми предложија позиција за Дигитален маркетер, пак пројдов интервју и на крај ме одбија за двете позиции.
Интервјуата и целиот процес е катастрофален кај и да аплицираш, јас сум тотално разочарана. Те ставаат во исчекување со недели и имаш некоја надеж, па на крај ништо од тоа.
Овие на 2-3 месеци имаат нови (исти) огласи, дури и спонзорирани им се некои. Плус што обврските што ги имаат во огласите за еден вработен им се како за тројца и мислат дека со малку повисока плата некој ќе сака постојано да работи таков обем на работа. А платата не е ни нешто посебно повисока имајќи во предвид дека нудат договор, а не вработување (барем на 2 огласи од така поодамна што ги имав читано така беше, не знам за сите и за сега).
Имате ли искуство со Уни банка? Втор пат истиот оглас го пуштаат, пратив мејл, не добив никаков одговор. Бараат референт за кол центар.
Дали некој е запознаен повеќе за оваа позиција - Диспечер за меѓународен сообраќај од компанијата С5 ЛОГИСТИК. Доколку некој има работено тука ако може да ми каже дали се океј
Дали има некој кој е вработен во De Facto да сподели искуство околу плата, дали може да се работи скратено на 4-6 сати и каде може да се аплицира?
Јас кога аплицирав за во стопанска за истава позиција чекав можеби месец дена за интервју. У меѓувреме најдов друга работа така што не ни отидов за да ти кажам што понатаму. Но битно ме побараа за интервју. Најверојатно голем број на кандидати ги филтрираат во неколку кругови.