Devojki dali imate iskustvo so Studio Moderna (Top Shop) baraat za poddrska na korisnici ne se raboti vo smeni. Dali nekoj raboti tamu/rabotel ili znae nekoj sto ima iskustvo?
Читај погоре имам пишано Минимум на дневно ниво да напраиш промет 30000 ден ШТО Е НЕМОГУЧЕ ако немаш од претходно клиенти и ако си нова во работата
Дали има некој што влегол во Алкалоид без врски? Зборувам за инжинерско работно место, не за на лента...
Зависи какво искуство имаш претходно,ако имаш над 5 години на слична позиција не би требало да е проблем, иако потешко се влегува без барем препорака од вработен таму. Ако си без искуство, без врски/препорака многу е тешко во поголемиве фирми да се влезе на инжинерска позиција.
Благодарам на одговорот. Пробувам да сменам работа, ама многу тешко ми оди. Имам искуство ама изгледа работење во државна институција е негативно искуство за приватните работодавачи.
Зошто имаш таков впечаток? Нешто конкретно ти рекле на интервју или? И јас го имам ова слушнато од тие што интервјуираат во приватни фирми низ годиниве, демек оние што работат државно сакаат да земаат плата без работа, дека не се амбициозни што мислам дека е голема и погрешна генерализација. Прво не се сите државни службеници неработници, второ штом некој излегува од државниот сектор за да оди во приватниот тоа треба да ти каже нешто како интервјуер. Тој што бара да излезе од некоја работа, која и да е (оваа на пр. важи за постабилна), значи дека не е среќен во таква работна средина. И треба да го прашаат зошто ја менува работата. Тоа повеќе ќе им каже каков работник имаат пред себе, што му е најбитно во работата или барем какви амбиции и цели има. Инаку баш за Алкалоид, пред доста години татко на моја подалечна роднина се пензионираше, за да влезе таа во производство со средно. Го чекаа буквално да замине, за да ја примат.
Не дека ми го кажале, таков впечаток имам. Јас овде работам долго време и не сум неработник, не ми е прво работно искуство ова, ама некако во барањето на нова работа се обесхрабрив, поднесов апликација на многу места, ми се јавија од само две и кога ќе кажам колку очекувам плата, која не е претерување, туку е конкурентна за струката, ги снемува. За Алкалоид конкретно, редовно ажурирам податоци, од типот на обуки и доедукации ама ништо...
Најверојатно сакаат да најдат некој што ќе работи за помала плата, затоа те одбивале. Многу пати заради тоа примаат млади без искуство а не веќе искусни работници. Првиов му е финансиски поисплатлив, а ќе му посвети малку повеќе труд и време да го обучи. А вториот му е искусен, нема да има многу потреба да го менторира ама финансиски му е поскап. И ова сум го видела. Свесно го прават и многу искалкулирано, ангажираат на минимална плата и не им е проблем да се потрудат со менторство, ама важно помал финансиски трошок им е.
Не губи надеж. Продолжи си да бараш, евентуално ќе се поклопат коцките со некој. Во секој случај кога бараш работа додека си вработен малку е полесно, бидејќи немаш притисок да прифатиш било каква работа, го имаш луксузот да бираш. Местата за кои не си избран најверојатно е добро што не ги работиш, сметај ги како несоодветни и арно што не си почнал таму, си избегнал лошо работно искуство. Еден совет за идни интервјуа - на прашањето колку очекуваш да ти биде платата прашај ги колку сметаат дека е опсегот што е соодветен за таа работна позиција, за тие работни задачи и сл. Не само што ќе ти даде претстава каде е твоето очекување за плата - дали е превисоко или прениско туку муабетот ќе се насочи на тоа колку вреди конкретната работа на пазарот на трудот или во поширок контекст. Ќе се расчистат дали бараат ентри левел или искусен, зошто не е иста платата а ни задачите. А по тоа можеш да кажеш што имаш ти како кандидат конкретно да понудиш и да оправдаш зошто твоите очекувања се на горната граница на пример (или над границата па на крајот на краиштата)
Извинете што ќе ви се вмешам во муабетот, но од каде тоа дека во приватните (големи) фирми се работи многу?! Големите гиганти што се од југословенско време таму особено 1 работи од 5 луѓе во тим, 4 доаѓаат на работа да се одморат од дома