Огласи за вработување

Discussion in 'Барање работа' started by Artemission, Oct 7, 2011.

  1. Sonja4

    Sonja4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 3, 2014
    Messages:
    9
    Likes Received:
    3
    Gender:
    Female
    Не е проблем што се нафаќаат да работат. На почетокот никој нема јасна претстава што се го чека. Проблем е што не се бунат и здружуваат откако ќе сфатат дека се искористени, недоволно платени, мобингувани и сл. Свесно се трпат сите изживувања, само да не се изгуби работата. И кога веќе нема да можат да трпат, одат на друго место каде пак нешто слично ги чека.
    Се вртиме сите во круг на овој начин, наместо во колектив да се здружат и да побараат разговор со работодавец. За да разберат работодавците дека вработените им се потребни, дека и тие се луѓе и дека пред се има закон, мора прво вработените да го разберат тоа и да почнат така да се однесуваат.
    На крај се сведува неколку луѓе да се подобро платени, тие да бидат некаков столб на фирмата и истите да влезат во филм дека се најбитни, а останатите да бидат потрошна роба. Ако тие останатите се здружат, па дури и по цена на отказ, ќе почне да се менува мајндсетот
     
    Tete Capdevila, franca and Melissa_39 like this.