Здраво дали некој има искуство со кол центарот R line?Многу ветуваат нешто тука не ми се вклопува ко да е реално...
Почит до сите да не бидам грешшка сватен трагедија искрено толку мала плата толку труд живци учене и не сте ценети у кам маркет поише зимаат
Сте праќале CV преку vrabotuvanje.com.mk? И дали сте имале позитивен фидбек? Јас на kariera аплицирав порано, но сфатив дека врска нема откако се случи да аплицирам за ист оглас приватно од мејл и веднаш добив одговор.
Дали некој мака мачи со вработување? Имам аплицирано на преку 50 огласи, и ниту еден ме нема побарано. На тема огласи : Некој да работел во кам или има слушнато за позиција, Соработник за контрола на залихи. може и во пп да ми пише. ме интересира што поточно се работи, и како е со превоз.
Исто , или ме бараат и првите прашања се дали си мажена и дали дали имаш деца . Веќе 1 година активно аплицирам во овие области а понудата за плата да не ја коментирам ….
Zdravo nekoj so iskustvo so rabota vo sinsay ili Lpp grupacija Mi trebaat informacii okolku plata i uslovi za rabota
Ова соработник на контрола на залихи ти е магационер.Не знам како аплицираш некаде ако немаш појма што работно позиција е?Сега тоа не е баш канцелариска работа ,може и на утовар на камион да помагаш и плус фактури да правиш.Ако не те викааат дури ни на рзговор изгледа Ц.В.нешто ти е утнато или немаш воопшто искуство за некој профил.За адмнистративни ,канцелариски професии повеќе се женски лица,и плус со препорака од познат се ттие места во МК.Сите би сакале таква работа,што полесно ама нема простор за сите.За превоз во зона ВИЗБЕГОВО ,прашуваат дали возиш и нешто додаваат за тоа,или ти е вкалкулирано во плата.
Да, се оди од 08-20:00ч и ноќна од 20:00-08:00 наутро, и два дена слободни (треба да е уште вака) има организиран превоз, јас бев на интервју пред 2 години ама мала плата ми понудија за чек ин карти, им реков ќе размислам за понудата, после тоа самите ме бараа да ми понудат повисока плата ама веќе си имав најдено работа. Интервјуто беше кратко на македонски а после на англиски, ме интервјуираа 4 лица.
Не знам, и затоа прашувам. Не е срамота да не знаеш... Нема утовар/растовар, се се работи со вилушкари, и си има посебни работни позиции за таа или слична намена. (пред пикери) Во врска со препораки, не знам. Но верувам дека е така, впрочем, во секоја фирма е така. Кам нема магацински простор во Визбегово. Имаат голем магацин/склад во Илинден.