лага е.. Не земаат толку ни оператори ни инспектори за квалитет. Ако имаш нокни у месец 2недели дс се погоди 35 ке земеш, или ако некои одат секоја сабота пск тукс негде. Сите вработени се на миним пријавени. Негатива и оговарање само ретки се ок луѓе у таа средина.
Подалеку од фабрики ,сите се жалат и вие упорни натака , другарка 15г работеше ваму и рече дека ќе ти биде добро само ако идеш по шефови директори ,мизерија колешки и работа и плата
Оглас за работа : се бара работник за во терциерно производство ( лепење декларации). Фирмата се наоѓа во близина на цементарница Усје и се занимава со трговија на медицински потрошен материјал. Раб.време од понеделник-петок 08.00-16 часот. Сите заинтересирани испратете CV на medikon1@gmail.com. Сите останати информации ќе ги имате на интервјуто за работа од одговорните лица за човечки ресурси.
Секој месец отпуштаат работници и вработуваат нови, затоа имаат секој ден отворен оглас. Работат нешто како sales, па доколку работникот нема успеано да придобие клиент во рок од еден месец, го отпуштаат. Другарка ми работеше таму. Јас искрено би била под преголем стрес така, воопшто не е стабилна работа.
Колку ме нервираат вакви огласи на фб. Ниту фирма пишале, ниту локација. За тел.број да не зборам дека на стрницата е еден, а на вибер коа ќе го побараш типот се потпишал Unknown. Зошто побогу..??! Нетранспарентни огласи ги одминувам одма.
Ме интересира какви се условите за работа и плата во ДМ маркет? Барав некои мислења по темиве , ама се многу одамна ..
Дали само мене ми се чини дека огласите се едно исто, дека нема ништо асално, се нешто брзи кредити, казина, кол центри.
Едните исти огласи се вртат на македонскиве страни одамна, сега и на Линкдин не искача ништо ново. Се вртат истите спонорирани огласи, некои remote позиции џабе да аплицираш кога податоците ќе ти ги продадат итн. Многу лошо е и полошо ќе биде.
Цело време ги вртат истите огласи уште од лани април мај ги објавија првпат,ист е случајот и со Биси се бараат финансиски асистенти и некои други слични позиции со месеци...години. За Саник колку што знам заглавени беа и веројатно уште се финансиски многу успорија со градбите таму нешто имаше менување и во менаџментот едно време скроз застанаа со градење.
Вработена сум, но често ги гледам, во случај хоноарно нешто ако видам, ама можам да одговорам на тоа, да аплицирам.
Јас го гледав тој оглас за маркетинг и пишува 14 редовни плати Знае некоја нешто повеќе за тоа и кај се со локација?