Дали некој/а има искуство со оваа фирма http://www.premiumdesign.com.mk/ ? Да ми каже поконкретно какви се условите за работа. Фала ви
Упразнето значи дека не е новоотворено и лицето кое претходно работело на тоа работно место од разни причини повеќе не работи на тоа работно место.
Дали некоја од вас аплицирала за работа во Техникал текстајлс во Штип? Никаде во јавност не сум видела огласи, а на тв само кажуваат дека 50 се испратени на обука, а се бараат уште 550. Па како ги нашле оние 50, преку партија?
Несакам да те разочарам, ама огласи во МК се објавуваат откога ќе се вработи персоналот. Огласите се само формален дел. Јас непознавам некој кој се вработил преку оглас. А слушни ја новава бомба на Заев, па ќе ти се потврди и на кој начин се вработуваат луѓе.
Во систина бараат медицински сестри.Апликацијата мислам може и он лајн да се пополни.На фб беше истакнат огласот.
Налетав на постот на О Ла Ла на Фејсбук - може ке ви помогне на некој - О ла ла има потреба од креативни слаткари и расположени послужувачи на вкусните слатки. Доколку сакате да сте дел од позитивната и колоритна приказна на О ла ла, пратете ги Вашите податоци на info@olala.mk
Месецов аплицирав на повеќе од 20 огласи што беа објавени на страната на АВРМ. Дали е можно од ниеден да не добијам повратен одговор? И за најобична чистачка аплицирав и од таму не ме побараа. Директорско место не барав. Боже, Боже.
Јас имав аплицирано преку огласите од АВРМ на повеќе од 20 места за со ВСС и само од две ми вратија негативен одговор. Добро е, барем ми вратија повратен одговор дека не сум примена, а другиве клошари ништо не враќаат. Култура на ниво.
Има ли некој од вас искуство со делење слики на свадби? Налетав на некој таков оглас, кај што бараат девојки за таа работа па ме интересира ваше мислење, дали некој од вас работел такво нешто? Очајна сум веќе преку глава ми е од барање работа... било што би работела...
Јас затоа не аплицирам преку мејл, туку само ги гледам огласите што се со телефонски број и веднаш ѕвонам. На сите досега ми кажаа дека веќе имаат вработено некого, само една жена, која се претстави како сметководителка на фирмата беше реална и ми кажа да не се мачам со огласите на АВРМ бидејќи ги објавуваат откако ќе најдат свој човек за работата, што беше случај и со нејзината фирма.
Се согласум дека повеќето огласи се пуштени ради формалност, но има и многу малку на кои навистина им треба работник. Татко ми смени 2 работи преку огласи пуштени на АВРМ, така да се е СРЕЌА.
Среќата секако си игра улога, како и упорноста. Не велам дека треба да се занемарат сите тие огласи на страната, туку дека треба да се има малку повеќе трпеливост и нерви Јас сум слаба со трпеливоста, затоа преферирам телефонски да видам важи ли огласот, бидејќи досега на мејл ми нема никој вратено или пак излегуваше дека тој мејл е непостоечки.
КОНСУЛТАНТ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ Ако сте со желба за развој и напредок, со развиени комуникациски способности и вештини за презентација, тогаш работна позиција како консултант за животно осигурување е за ВАС. Од вас се бара: - Продажба на продукт портфолио за животно осигурување - Развој на портфолио на клиенти - Дефинирање на оптимални решенија за клиенти - Следење на трендови од осигурителната област Доколку бидете селектирани добивате: - Обука за личен развој - Кариерен развој - Флексибилно работно време - Високи финансиски бенефиции Контакт маил: elenag.janeva@gmail.com
Нешто да не знаете за работа во Битола, и јас преку 30 огласи се пријавив на АВРМ и ништо не добив како повратен одговор. Значи очајно барам работа но никако нема, дали е до мене проблемот или до државата јас не знам. Ве молам доколку знаете за огласи каде што навистина им е потребен работник кажете ми.
Оваа фирма работи со магнетно терапевтски производи ... во огласот сигурно бараат секретарка односо девојка за во call centar - телефонски оператор, треба да ги покануваш луѓето на бесплатна вечера притоа и презентација на производите на фирмата, се надевам ти помогнав некако
Од моб неможам никако да го ставам линкот. На фб на нивната страна скролај до 24.04 .Од тогаш е објавата