Една од нај ужасните фирми, многу притисок, тензија, казнувања, кратење на плата, и те бркаат без око да им трепне.Од 365 дена, 370 дена имаат оглас, не за џабе нели.
Навистина не памтам ама имаше можеби скоро месец дена... @butterflysk да и тоа најчесто тој што е на каса, ако на пауза те сменил некој трет. Не се плаќа прекувремено, доколку се остане повеќе, може да ти кажат да дојдеш покасно нареден ден.
22500 ти е почетна плата, со тоа што после 2 месеци имаш таргети, мах можеш да стигнеш до 30000 ден плата, работиш со еден слободен ден, викенди, празници се работи, и имаш ноќна смена, и полагаш на секој 3 месеци за нови скилови, од скил зимаш 1000 ден плус на плата, со тоа што ќе имаш за тој скил 50% повеќе работа и одговорности, неможеш да бираш дали сакаш или не за скилови, мораш да ги полагаш и имаш.Иначе смените се по 6 ипол часа, и имаш повеќе смени, прва, меѓу, втора, втора меѓу и трета смена од 22 до 7 сабајле.
Не во телеком ама во ќе ти кажам, работење во кол центар не вреди ни за 60.000. Подобро најди друга работа. Развив автоимуна болест од стрес. И други колеги со мене исто. Во кол центар има премногу притисок од надлежните, метрики и срање услови. И 1 фен слободен само? Ќе се поздравиш со здравјето. Ако фатиш да работиш ваму подготви се за нов зомби животен стил. Ќе се изгубиш ментално.
Фала.Јас сум вработена во кладилница и барам спас бидејќи почесто одиме без слободен ден немаш време за ништо а огласи нема никакви баш од Синсеј имаше ќе отварале ново во мојот град ќе видиме ако се јават што ќе понудат...
Кога сме во работен однос, но со договор на дело, како оди процесот на земање одмор неколку дена? Или за тоа нема проблеми, туку само за договорците најголем проблем е за земање к-15 и здравствено+стаж? Станува збор за државна институција.
Кога си на договор на дело не ти тече стаж, ниту здравствено ниту пензиско. Имаш само месечна нето исплата. Одмор можеш да земеш по договор но тој исто така нема да ти е платен