Уште се во Соравија. Почетна во ревизија без искуство околу 27.000. После 2-3 години се стигнува до 34-35.000.
Дали некој знае колку се движат платите во Стопанска банка ,сектор продажба и советување клиенти за банкарски производи?
Генерално во сите сектори имаше големи ротации и во Tax на секои година две си заминуваат по 7-8 луѓе во ревизија тој број е поголем. Релативно се ниски платите за тој обем на работа.
Dali nekoj ima iskustvo so rabota na pola rabotno vreme vo Pandora? Dali sam se dogovarash koga ti odgovara da gi odrabotish saatite, kolku plakjaat?
https://profistaff.top/ Само што имав интервју, работата е да бараш македонски фирми што ќе сакаат да вработат работници од Азија Непал. Дали некој имал слично искуство ?
Не ми се ВЕРУВА кога гледам дека има индивидуи кои со задоволство би барале фирми да вработуваат Непалци и Индијци за плата. П.С. да не ме прашувате зошто, и без демагогии, затоа што одговорот на тоа е самообјаснувачки и не заслужува дополнително внимание.
Ако сакаш да бидеш без основна загарантирана плата, иди. Таму нема загарантирана плата. Добра игра на зборови има на почеток, на интервју, а после сфаќаш дека нереална сума треба да оствариш на месечно ниво, за да го земеш едвај минималецот. Не секој го бива за продажба и тоа е во ред. За телефонска продажба е потребно да си имаш стални клиенти уназад 7-8 години, но ако си нов, тешко тебе дур се обидеш да продадеш производ...Моја препорака не праќај CV таму, на своја кожа осетив како работам за едвај бензин да ставам во кола. Башка секој месец бараат оператори, па сеа ти види...Се на се, преварантска фирма. Ако те влече нешто со зборење на телефон, види Скопска пивара бараат моментално оператор за грижа на корисници.
Не знам што да правам веќе, никој не се јавува...2 години искуство како Корисничка поддршка..во декември дадов отказ пошо беше претоксично со вработените.Цело време седам на кариера и вработување...Ах бе
Познанички од едно на друго работно место се вработуваат и тоа одма..не знам каде грешам мака ми е веќе по цели денови праќам CV и секое утро се надевам ќе ми се јави некој..
Исто мислам минимум на 50 места сум аплицирала и џабе. Се надевам дека за брзо време ќе се подобри ситуацијата.
80% е со препораки, од 15 места каде што аплицирав со 4 години во sales, на крај ми излегоа 2 посериозни прилики каде што бев препорачана. Памтам и порано пред 10 години, за една продавчка се вработив со триста врски, на газдата му беше битно да е со препорака, и да некој му гарантира за мене дека сум вредна и поштена. Така да луѓе, дружете се повеќе. Секогаш прво ги прашуваат постоечките вработени, дали имаат некој да препорачаат.