Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. jack&jones05

    jack&jones05 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво некој да сподели искуства продавач во Нептун?
     
  2. Zlockic

    Zlockic Нов член

    Се зачлени на:
    14 март 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечки, во draxlmaier, дали има опција да се оди во прва смена? Или мораш да одиш во тие три смени?
     
  3. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Во 3 смени е ако е позиција оператор ако е друга позиција можно е и само прва.
     
  4. Zlockic

    Zlockic Нов член

    Се зачлени на:
    14 март 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарамПоради причина не можам да одам во втора, а тука овој дел мнооогу тешко работа се наоѓа, па за тоа ме интересираше
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Искуство со МКеш?
     
  6. FancyMancy

    FancyMancy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво, бараме чистачка за апартман-стан кој се издава на туристи.

    Станот се наоѓа во Кисела Вода, бидејќи се работи со туристи работното време е помеѓу 11-14 часот. Месечно, потребно е да се дојде околу 12 пати. Иако однапред ги знаеме резервациите, сепак понекогаш некои гости не доаѓаат па тој ден нема за чистење, а некогаш доаѓаат гости кои направиле резервација неколку часа претходно па следниот ден треба да се исчисти. Значи, работните денови се флексибилни, вклучувајќи викенди.

    Нашиот буџет е 200 евра, но има можност за договор.

    Чистењето е со наши средства.

    Ние обрнуваме многу внимание на чистотата, апартманот го оставаме така како што би сакале да го најдеме ако ние би спиеле во него, затоа потребна ни е жена која има желба за работа и сфаќа дека се работи за семеен бизнис. Ако нема резервации, нема пари за нас, нема пари ниту за неа. Обратно, ако гостите се се задоволни оставаат позитивни коментари и можеме да ставаме повисоки цени, што значи поголема дневница.

    Доколку има некој кој е заинтересиран ве молам јавете и се на Вале 077651283.

    **станот има две спални, две купатила (едното има само вц шоља неѓа туш), дневна, кујна.
    **чистењето се завршува за околу 1 час, на почеток веројатно би ви требале 2 часа додека си фатите ред.
    ** пеглање постелнини и други активности во главно се наша обврска (исто така по договор).
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    18.032
    Вашиот буџет е премногу низок, за сите тие обврски што ги набројавте.

    До колку би можеле, да се оди по договор.
    Кој е максимумот што може да се достигне?

    Дали вклучувате патни трошоци, за луѓе што се подалеку од К. Вода?

    Дали постои договор на дело?

    Осигурување?
     
    На H.VAGA и Cutiepie123 им се допаѓа ова.
  8. FancyMancy

    FancyMancy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Лани баравме жена која би била пријавена, ниту една не сакаше такво нешто, сите сакаат пари на рака. Така да делот за осигурување, патни трошоци за жал не е изводлив.

    Дневницата секогаш може да биде повисока ама за 1 саат работа речиси 20 евра од саат чисти пари е високо дури и за во Германија, а не кај нас.

    Обврските кои ги набројав се основна работа за една чистачка не знам што друго би можело да се намали од обврски?

    Во однос на флексибилноста на цената, доколку во текот на месецот има работа за 30 дена, секако дека сумата нема да биде 200 евра, туку од прилика 1000 ден од доаѓање. Од друга страна има и месеци кога има помалку работа, затоа не можеме да зборуваме за фиксна сума.

    Доколку некој е заинтересиран слободно може да се јави и да разговараме. Можеби ќе рече јас барам 1500ден ама со мои средства, или пак дека минимална дневница и е 1300 денари што би можело да биде исплатливо и за нас.

    Јас сум отворена за разговор и договор. До сега сите луѓе со контактирав имаат замерка за флексибилноста на работата (станот им изгледа голем, не работат за викенд итн) , а не за висината на дневницата.

    Се надевам дека одговорив на прашањата.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alek-Sandar89

    Alek-Sandar89 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Пред месеципол аплицирав во Wolt, имам remote работа, па сакам да искористам по 4-5 часа попладне да сум во движење ем да заработам нешто екстра. До сега немам никаков фидбек, а уште од првиот момент на апликацијата ми стои дека треба да чекам договор и статусот е 'in review'. Дали некој има инфо дали ова е редовна пракса, дали има некој шорткат, како побрзо да дојдам до договор и да почнам со работа?
     
  10. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.858
    Пол:
    Женски
    Слушнав дека немале потреба од доставувачи во моментов или премногу пријави добиваат па ги разгледуваат. За обуката е релативно лесно, само техниката ти ја објаснуваат и ти даваат опрема.
     
    На Alek-Sandar89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Машки
    Еве ти зошто не работеш за 1000 денара дневница да чистеш? 23 дена во месецот работни за 23 000 денари??? И после зошто нема луѓе за работа еве зошто нема!
     
    На Mazegin, H.VAGA, MiloMalo и 2 други им се допаѓа ова.
  12. FancyMancy

    FancyMancy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Не е 1000 ден дневница!
    1000ден од СААТ.

    И да се работи 30 дена тоа се 30 000ден за 30 работни саати. Луѓе работат по 160 саати месечно за да дојдат до оваа сума.

    Пс. Јас моментално го работам тоа, така и знам дека станот се чисти за максимум еден саат.
     
  13. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    2.242
    Пол:
    Машки
    Вакви газди ги има во Мк, со лопота да ги ринеш, и шуто и сакато газди бре бре, па уште 1000 ден дневница хахаах, све отиде у неповрат.Во денешно време неможеш со 800 евра плата да преживееш, а не живееш, а не па со 23000 ден.Се надевам и верувам дека новите генерации ке ја подигнат свеста на наречените газди, за 1000 евра ни телефон да не им креваат, затоа што од тие газди пола Мк се исели за нормален живот да има, а не луксизи.

    Игнорирајте и нека си бркаат сами работите :)
     
    На Selfcontrol, MiloMalo, Cutiepie123 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. FancyMancy

    FancyMancy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Сериозно не го сфаќате концептот на саатница наспроти дневница?

    За колку пари на саат работите вие?


    Ако направиме математика, кога жената која би дошла би работела 8 саати на ден месечно ќе зема 160 000 денари.
    Вакамви се допаѓа повеќе?
     
    На L.i.n.a.a и f.girl им се допаѓа ова.
  15. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    2.242
    Пол:
    Машки
    Јас моментално имам 50 евра дневница, со платен превоз.

    Јас го кажав моето мислење, имам нели право на тоа.

    Кој сака да работи на вашиот оглас, нека си се пријави.
     
    На Burevesnik и GirlLove им се допаѓа ова.
  16. FancyMancy

    FancyMancy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Дневница - 50евра за 8 работни часа или саатница - 50евра за еден работен час?

    Секако дека можеш да го кажеш мислењето затоа го викаме форум, ама не е во ред да мешаш поими и да судиш без да знаеш.
     
    На Калатеа и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  17. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    33.876
    Пол:
    Женски
    Слабо математика :D
     
    На FancyMancy и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  18. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Машки
    Нели треба да одморе или само работа, работа и работа за 30 000 денари? Не живееме пред 20 години па да нема дека да се работе, бар сега има да се бира!
     
    На MiloMalo, GirlLove и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    11.781
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе вие читате дека дневница е 1 СААТ, а не еден работен ден? :rofl: :rofl: Која игнорантност. (facepalm) (facepalm)
     
    На Fraxinus, L.i.n.a.a, Tam4yy и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Саатница или дневница исто ти се фаќа во твојов случај затоа што викаш цел стан можело да се исчисти за еден саат и дневницата ќе им биде 1000ден, а чисто сумљам дека толкав стан може да се исчисти за еден саат, и погоре си пиша дека е потребно само 12пати во месецот да се чисти тоа се 12.000ден што да тоа е премногу малце…а концептот па да се издава само на странци тоа е па друг муабет
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.