Некој да сподели искуство со овие https://vrabotuvanje.com.mk/rabota/...ed-ba75-f06ae1f68a70&searchSource=jobmatching
Ужас од фирма, бегај од оваа.Другар работеше фотограф 3 плати не му ги исплати, отказ на фб му даде и блокираше, и неможеше потоа никако да ја најде за да добие одговор, зашто му дала отказ.
сега имаат промена бараат да потпишеш клаузула од 29,000мкд ти нудат само 5 месеци определен договор неплатена обука од 5 часа ти вика имаат право да барале да им вратиш 29,000мкд ако не останеш 5 месеци, што е апсолутно криминал во работни односи меѓу работодавач и вработен, поготово се крши принципот на лична определба и одлука на вработениот ако не му се исполнуваат условите од страна на газдата, те обврзува да враќаш пари. Башка финта прават со 5 месеци да не можеш да земеш одмор или к-15 да ти следува факинг 82iq потези на глупи газди од торлаци. затоа на CompanyWall им тоне платата во нето.
Ме примија во државна институција и искрено многу ми е страв, не сум работела до сега и не знам дали ќе се снајдам . Дали треба да се плашам на почетокот или споделете мислење
Со среќа нека ти е! Размислував и јас за таква опција па ме интересира како е таму. Напиши впечатоци кога ќе си во можност.
Ај со среќа да тие, видиш мајката се исплати да го фалиш овде Орце на форумов и одма работа си најде, се сеќавам на тебе од темата Локални избори 2025 дека не си била во партија ама Орце ти бил харизматичен и си сакала да победи така нешто пишеше. Ај сега признај како доби работа?
Епа сега кој ти е крив на тебе што не си заслужил/а. И зошто мора да ти признае како ја добила работата?
Здраво девојки! Дали има салони во Скопје кои бараат девојки за изработка на нокти ? Имам искуство од претходно. Благодарам!
Здраво би сакала да се вработам во аптека како фармацевтски техничар , па би сакала да слушнам ваши искуства со работниот однос, плата за Виола,Зегин или пак Еурофарм