Глупости! Зошто да си го трошам у старт и своето и нивното време ако не ми одговара работното време или платата?! Свашта! Ајде цела година нека фати процесот на вработување. И онака е too much што почна новава мода со 500 интервјуа ко да аплицираш само кај нив и да ти е животот бадијалџиски. #Wolt wolt
Јас само што почнав во ЛПП дали има 2 недели ама некако не ми се свиѓа. Да платата е супер, има 2 дена слободни, не се плаќа при минус од попис од кражби едно друго, респект за тоа. Али мн голем притисок се прави врз вработените од страна на претпоставените. Односот на некои претпоставени малку им е уличарски, се осеќам како да сум дел од некоја секта каде што цело време се враќаат камери и се хистерише за секоја кражба зошто не е пријавено како не е забележано тоа ова/она. Како нов вработен каде што треба да прашувам, учам и се адаптирам на просторот и колегите и каде што треба да ми се објасни кога прашувам често добивам ладни одговори/не добивам одговори од тој што треба туку од др колеги добивам. Исто така и short staffed се. Такви притисоци и глупости искрено не можам да трпам.
Дали има некој информација за во Том Тејлор? Имаат оглас за вработување со 2 дена слободни. Како се со др услови?
Здраво пријатели, продавам игротека, односно цел инвентар за игротека доколку на некого не му одговара местото на веќе постоечката. Се е ново, поседува лавиринт, тарзанка, колички, клацкалки, маси и столици и внатре е надвор, масички и столчиња за деца, маса за пресоблекување на бебиња, шанк со комплет инвентар за послужување, фискална каса со систем за евиденција и наплата. Оставете коментар ќе ве контактираме во приватна порака за повеќе инфо и слики.
На е огласи и имам конкурирано и на никој буквално ми немаат вратено. Нз што бараат. Научници од НАСА валјда.
Јас и некои познаници имаме аплицирано на 10+ огласи од кои јас имав успешно прво интервју и ме одбија после 3 месеци. Регрутерката беше цела збунета, не сподели зошто најверојатно нешто во позадина се случуваше. А знам доста што ги прими ја пред 3 години.
Како беше на интервјуто? Прашуваат стандардни прашања или и некои стручни зависно од работната позиција?
сегде е исто верувај, таму бар не замараат да одиш по муштерии да им нудиш ,и не замараат со промети врзани продажби како на други места.
I mene me interesira, aplicirav, ama bez odgovor, ne znam ni kakva plata da ocekuvam...Dobredojdeno e sekoe info, ako nekoj ima iskustvo
Да во право си, не замараат за продажба и таргети пошто нонстоп има голем обрт на роба што од изложување, а што од враќање на место од гардероба и од прием на роба а нема доволно вработени. Нонстоп дуќаните се хаос а за бројчиња ретко се наоѓа. И верувај не е сегде исто! На претходните раб. места правев во просек по 10 000 до 15 000 чекори а тука правам од 18 000 до 24 000 чекори на ден.
Не е исто можда, ама негде е полошо како кај мене пример јас кај што работам сме малце вработени кога се одмори, боледувања хаос е, нон стоп муштерии, нон стоп роба не можеш ни на пауза да седнеш, а малце падне промет или врзана одма вртат менаџерите и психички и физички сме дотепани. Првиот шеф што ми беше , беше супер, тој даде отказ сега имаме нова шефица и очигледно не е малце добра па и неа ја трпиме успат. Работам во спортска продавница иначе, и штом најдам друго ( во потрага сум) одма оставам.
Те разбирам за тоа што прават притисок поготово во поголемите фирми за таргети, врзана продажба и слично. Али пак ќе кажам притисокот за кражби и пазење, пријавување патроли и слично е мн поголем во оваа фирма отколку во др фирми а нема смисла да се прави притисок кога нема доволно вработени за техничка работа а не да глумат обезбедување.
Да не е така само во одредени дуќани или во сите е исто? Во синсај особено крадат ептен нема аларми на ништо