Крадат во сите дуќани прво праќаат некој да провери ситуација ако начекаат некој забутан дел од продавницата а е празен без вработен тогаш напаѓаат поготово кога не очекуваш. Иначе во некои дуќани во синсеј (не сите) имаат обезбедување ама тоа е ради тоа што краделе многу па морало некој да стават таму. Нема врска алармите или ги кршат и ги кријат по џебови од др парчиња а имаат крадено и со аларми сензорите свират при искачање нема кој да реагира. Пошто пак ќе кажам ние сме продажни асистенти а не обезбедување. Што попрво да пазиме да ги вратиме и изложиме парчињата или да пазиме да не не ограбат. Само лошото е што дуќанот каде што работиме ако влезе во топ листа на дуќани каде што се крадело највеќе тогаш доаѓа лице од lost prevention и тоа лице врши уште поголем притисок од моменталниот.
Имаш можност да идеш на 30 и на 40 саати, за 30 саати почетната е 25k а за 40 саати 34k и нешто плус додаток за превоз 1500 денари се плаќа до кај 39/40k ама може и повеќе зависи од тоа дали имаш празник во тој месец. Платата не е мала воопшто, физички се издржува само што кога прават психички притисок за се и сешто на крај од денот не вреди ни таа плата ни тие нервози. Пошто мн е битно во кој дуќан си и како ќе те обучат. Ако не се замараат да ти покажат што како тогаш џабе се прави просисок и се хистерише од страна на одговорни лица. Еве пример јас кај што сум ниту ме обучуваат како што треба ниту се замараат нешто да ти покажат. Ама затоа ако нешто згрешиш одма се дерат хистеришат ко божем си направил некоја катастрофална грешка, вака така зошто не си направил нешто како што треба. Исто така и многу напињаат со кражби да се пази на кратци и слично...
Мене исто ме интересира за во Синсеј, како е и со плата и со услови, или тоа исто е ЛПП? Знам дека повеќе фирми опфаќаат
Огласов е за Nordwood дали некој има информација за работнава позиција? Зошто платава е доста солидна..
Дали некој знае негде хостеси да бараат? Барсм огласи нема никаде. Тоа е единствено нешто што би го работела. Само за летна сезона имам најдено и искуство имам ама во Будва, тука кај нас не знам веќе каде да барам
Локација - Ќојлија, 44 часа неделно, во смени... согласно условите понудената плата е некој основен минимум
Јас имав интервју за таму пред некој месец и не ми се допадна ич тоа што ми го кажаа. Огласот беше за скратено работно време и така ми требаше бидејќи студирам, а на интервјуто ми кажаа дека се останувало и над 40ч неделно, дека може да се погоди и да неам ниеден слободен ден во неделата, дека се носат кутии и од магацините доле , дека е физички многу захтевно и дека е најчесто хаос. Самата менаџерка тоа ми го кажа и одма одбив. Ми звучи како да ќе те искористат до коска... Плус другарка што работеше таму ми ги потврди сите овие работи.
Дали некој има искуство со работа на шанк во Сенатор казината? Од колку до колку саат се смените, особено за ноќна смена ме интересира? Дали вреди таа работа за парите? Некои викаат дека е лесно и дека се добри условите, други да бегам подалеку...
Обиди се, убава е платата со работа трета смена и на празник. Договорот првичен е на три месеци, ќе видиш како ти се допаѓа и како се снаоѓаш, ако не ти се допадне, секако можеш да се откажеш. Според распоред се оди 11,22,33, ХХ. Прва смена е од 07 -14:00ч, втора смена од 14-22:00 и трета од 22-07:00. Зависно во кој Сенатор ќе си, некои имаат алкохолни пијалоци, некои не. Служиш и правиш кафиња, им даваш пиење на играчите. Тоа е работата. Они секако гледаат брзо да те бутнат во каса, пошто немаат касиерки, и тоа им е поважно, ама првично три месеци си на шанк само, па ќе си одлучиш! Поздрав!