Ќе можеш ли да ми кажеш дали постои можност за работа со пола работно време? Имам познаник кој работеше таму и ми кажа дека може, но коа кас им испратив меил и одговорија дека не може иако се работеше за фолгорочно вработување. И дали си задоволна од условите за работа таму?
Прво мислам дека е многу важно на кој проект ќе работиш, дали со германски или англиски? Јас бев со германски, и на мојот проект имаше опција за пола работно време откако ќе ја поминеш 3 неделната обука, имаше опција за 4 или 6 часа да работиш дневно. Сподели ми линк ако имаш каде си аплицирала да видам.
Искуство да сподели некој со Алма М / Alma M? Сите мислења што ги прочитав беа од пред неколку години.
Дали некој има работено во company wall на позиција агент за продажба во call centar? Како се со плати работна атмосфера барања итн?
Бидејќи зборувам германски, минатиот месец аплицирав и за позицијата во финаниски и енергетски сектор, но и за двете ми рекоа дека не нудат работа со скратено време, па затоа не ни пробав да аплицирам за последниот оглас за Б2Б. Размислував и да аплицирам во Concentrix бидејќи не знам кога повторно би се отворила позиција кај вас.
За хостеси има многу добро платено работиш накај 3 саати на ден и навистина добро платено плус имаш храна кафе итн,накај 40 к почетна ако не се лажам.Другарка работеше и задоволна беше.
Плата 37.000, една сабота работна, а за кола не знам дали имаат во Скопје. Огласот е до 12.07 би требало веќе да имаат најдено кандидат.
Здраво. Меинтересира каде успевате да најдете работа на дневница ми треба за летнава сезона а никако не можам да нјдат по огласиве и ако може да препорачате нешто тука исклучиво на дневница ми треба
Здраво. Дали некој знае каде најчесто се објавуваат огласи за привремена работа на дневница? Мислам на ангажмани од типот кога продавници како Зара или други бараат луѓе за прием и редење роба по затворање (на пример после 22 часот), попис, промоции или слични краткорочни работи. Има ли Фејсбук групи, веб-страници или агенции каде што се објавуваат вакви огласи?