Незнам дали работиш на тоа поле во твојата фирма или си во аврм или друга агенција, но ако можеш да ми кажеш, или којбило друг, дали при престанокот на вработување која е спогодбено треба работникот да се потпише некаде или не???
Леле овие огласиве за животно осигурување досадни до бескрај. Бев, пробав, не ми се свиѓа Скратена опција: Некој да ми брка работа, да наоѓа луѓе а јас да ги земам парите. Не си ни вработен, ни осигуран НИШТО а ти ветуваат мед и млеко. Еднаш од немајкаде останав на обуката што им беше на Винер и мислам тие што зборуваа се вработени, со статус и бараат потрчко на некој начин. Не иде ни така работата. Веројатно не можат да најдат луѓе што би им се нафатиле па затоа огласите им се вртат може година дена.
Истото и ја кога го кажав за истата компанија , една членка од тука ме нападна ! Значи не сум само јас незадоволна !
Абе види, секој со свое искуство.Некој може е задоволен незнам. Јас како што кажав бев и опциите за работа што ги нудат не ми се свиѓаат и тоа е тоа.
И јас имав таква "понуда за работа" во осигурителна компанија, буквално ми рече менаџерката ќе си договориш со другите вработени која кој регион ќе го има и ќе си пдите од вратс на врата на пример ти на таа и таа улица, другите на друга и така да нудиме осигурање за нас 10 насто од износот, ќе кажете кој клиент кој го нашол и кој го праќа па ќе дојде тој кај мене, од кохс ќе склопиме договор ќе те бараме и на рака ќе ти дсдеме 10 посто, што максимум можеше дс е 10 евра, минимум 30 денари. Па сега ти види. Осигуран, пријавен, придонеси, такво нешто ни под разно, се на жими мајка, па ом кажав фино лепо не, ајде чао и толку. Кој сака нека оди!
При престанок на рабптен однос исто како и за договор се прави документ спогодба што треба да се подпише од страна на управителот на фирмата и од страна на вработениот кој го прекинува работниот однос значи тоа е правилно и морално барем кај мене во фирмата (инаку не работам во аврм) ама законов си е закон за сите фирми важи.
Прашувам зошто кај мене случајот беше таков што само што ме пријавија, притоа ми дадоа само м1м2 документ на определено, без да е наведено колку, кај број на месеци пишуваше 0, и по неколку дена ми рекоа се премискуваме, не можеме да те задржиме, и ми дадоа повторно само м1м2 со датум на одјава а причина пишува спогодбено, а нити сум потпишала нешто нити ми дале мене копија! Кога во аврм се пријавував рекоа така треба, во ред е, не можеш да тужиш.. а мм пред 8години беше отпуштен, му бараа да потпише, тој рече јас не си одам сам не потпишувам, па сметководителот кој го одјавил во аврм се потпишал во негово име, тој документ го набавивме од аврм и на суд се заврши во корист на мм. Сега ми велат пак од аврм се смена тоа сега не е со никакви потписи не можеш да тужиш и сл. Хм, што да мислам, ме маткаат тие може?!?!? Фала ти на одговорот, да прашам адвокат сепак. А плус бидејќи сум бремена, се обратив за случајов и кај адвокат, и кај трудов инспектор, и двајцата констатираа дека ме отпуштаат зошто увиделе дека сум бремена!!!!! Ко најнормално да е тоа!!!!
Авон има потреба од 2 менаџери со следниве особини : амбициозни, комуникативни, доверливи лица со ведар дух и желба за постигнување на одлични резултати во тим со работно време од 3 до 4 часа дневно. Пријавување до 20.07.2015. Закажете свој термин за интервју во INBOX ..
Се бара женско лице за чување на 10 месечно дете во Италија. Само за месец Август, а доколку сака може да остане и Септември. Плата 300евра плус платен превоз, сместај и јадење. Доколку има некоја ве молам пишете колку што можете побрзо.
Здраво Феминки, дали некоја има искуство или информација колку им е плата на Section Manager во LC WAIKIKI и дали се задоволни од условите? Другарка ми беше на интервју и ја интересираат некои податоци.
Здраво. Дали имате информација кога ќе се отвара LC Waikiki во Битола и дали веќе се најдени вработените?
Vo butikot N&N Fashion baraat prodavacka. Ako si zainteresirana vlezi na nivnata fb strana za poveke info.