Дали некој знае од колку до колку се смените во Офис Плус, која е платата и како се организира користењето на слободните денови кои според огласите на Офис Плус кои што 24/7 кружат се вели дека следуваат 2 слободни дена по секои 40ч работење. Каква е работата таму знае ли некој? Исто така дали некој скоро бил во процесите на селекција по стп банка, унибанка, шпаркасе, нлб и слично, колку нивоа на тестирања и интервјуа поминуваат?
Тие два дена се уствари еден и работиш 6 саати. Плата 27.000, мислам дека имаа прва, втора и измеѓу смена. Работни обврски ти се местење роба, каса, одржување хигиена.
Во Офис Плус можеш да стигнеш приближно и до 36-7 ако се покажеш. Немаш 2 дена, едноставно те ротираат низ молови (а тоа пак ти одзема време, енергија). Ќе ти дадат да обучуваш потака нови вработени, ако те видат дека те бидува ќе спремаш и други работи. Ова искуство е од моја блиска пријателка, искрено не вреди по тоа што ми го има споделено зашто цело време некој ја бара и е само обичен работник. Да не ме сфатиш погрешно, но не мислам дека има можност за некој интерен напредок. @Сара175924
буквално пет пати имам аплицирано за пракса, ниту еден одговор дека сум одбиена или било каков повратен информативен мејл, hope this helps
Искрено и јас сум скептик за вакви онлајн работи и не прифаќам во суштина но сестра ми во почна и секоја недела си зема пари а во тоа лично се уверив кога бев кај неа на поседалка... Ништо не е специфично вештачката интелегенција не е нешто непознато имаш одредени задачи (подобро е англискиот да се знае добро за да може да видите за што се работи). Прво отварате Binance после се логирате на ARBIQ имате три едноставни задачи се ви е напишано како да направите лого .... Добивате околу 2.50долари потоа може дс уплатите чип од 17евра кои дупло ќе ви се вратат. Јас сеуште немам го немам купено овој чип но се надевам дека наредна недела ќе земам два оддеднаш едниот 17евра другиот 99евра ... Пробајте на линкот што го пратив ќе се уверите... Што се однесува до исплата одите во менувачница ви стигнува код на маил и веднаш ви прават исплата на средствата...
Не знам искрено, некоја Маја го имаше објавено на Линкдин. Валјда HR e. Веќе остај. Секоја фирма мислам си ги врти истите огласи..... Многу компании не ми штимаат, а бе ако не секој месец еве секој 6ти Се мислам дека луѓево бегаат, пошто видоа како не користат работодавциве и си бараат чарето надвор.
Има некој искуство со овие Соко ? Како се со плати, менаџмент и сл https://www.vrabotuvanje.com.mk/rabotodavac/a7b67028-d342-11ef-91fa-02b6efd1794c/soko-dooel
Здраво, дали некој има искуство со nexteam.io? Дали е легитимна? Ми стигна покана на линкед ин, дека бараат работници и малку чудно ми падна што ме контактираа..
Поработив неколку месеци овде, во одделот за машински инженери... Ау... Секташко друштво од полуписмен кадар... Како на баба на селска чешма е тој Рогов раководителот, техничкото знаење е на ниво да мислат дека од дрво може да се направи печка ... Ако знаеш да решиш систем од две равенки со две непознати, не си за во оваа фирма- да не зборам за повеќе