Сите имаат право на свое мислење и изразување на истото. Исто така сите имаме различна перспектива на гледање на нештата. Ако за тебе Енци Менци се добра фирма тоа е ок, си работиш 9 години во фирмата, си имаш сигурен месечен приход, си ја знаеш работата, се наоѓаш во некоја комфорт зона, имаш круг на колеги што те имаат прифатено, мило ми е... Ама има луѓе што имаат негативни искуства стекнато без разлика дали е од фирмата/колегите/менаџерите и во ред е да се споделат и тие искуства покрај позитивните страни. Не мора сите да се сложуваат со твоето размислување. На крајот на краиштата наше е дали ќе прифатиме да работиме за тие услови или не! И ова не е само за Енци Менци...
Не можеш да докажеш на човек што 10 години е во комфор зона и не пробал да смени нешто. Тешко е. Ист проблем имам со познаници особено на државно што се. Едноставно, не оди муабетот
Никој не спомна дека нешто се "губи" ако си пријавен преку агенција. Мн. фирми соработуваат со агенции како Мотиви, Мелон Солушнс итн. за пријавување на нови вработени па ако се "покажат" и останат во фирмата повеќе од 2/3 години ги пријавуваат преку нив. Имав случај каде што мој познаник работеше во Халк банка во кол центар и беше пријавен преку Мотиви за некоја 1000/2000 плус од основната тогаш. После 3 години го пријавија преку банката и основната плата значително му се зголеми за истата позиција. Можеби сега е поинаку не би знаела.
Во Спорт Вижн за горе доле иста плата ќе се окозиш поштено, не само што ќе си на нозе цел ден туку и ќе идеш 200 пати на ден до магацин за да им носиш бројчиња на муштерии и ќе мкнеш роба пакети кутии ќе редиш, изложуваш. Ужас. Ваму бар немаат сигурно толку роба и гужви и не идат 200 пати на ден по скали нагоре надоле и не се иживљаваат со тебе неписмени муштерии со смрдливи нозе оти не знаат кој број патики носат.
Имам работено 4 години во продажба на спортска опрема, текстил и патики(не во Вижн во др фирма). Да напорно е многу секој ден си во контакт со различни типови на луѓе различни карактери. Често се има дешавано да се истурат на нас вработените за неодобрена рекламација, немање на соодветен број од даден модел, закаснета онлајн пратка, погрешна цена, зошто нема попуст на даден производ... Да се прават мн чекори од дуќан до магацин за да се донесе соодветен број од моделот што го бараат пошто муштериите се на прво место. И тоа најчесто не се работи само за 1 модел туку за повеќе модели не имаат праќано и по повеќе броеви да им носиме и на крајот вика фала само да разгледам и ќе се вратам. Ни се има дешавано да остануваме покасно/доаѓаме порано за да ги рибаме плочките во дуќанот кај што работев пошто бевме задолжени и за хигиената. Исто така сме главеле ради прием на роба, нивелација, Black friday, Велигден и Бајрам и сл. Но можам да кажам дека Спорт Вижн барем имаат подобра плата за разлика од останатите спортски фирми. Мн е битно и во кој дуќан си и колку се фаќаат бонусите. Имам познаници кои што заработувале над 40 000 ден само како продажни асистенти. За касиер/заменик/менаџер/магационер/вижуал се зима поголема плата. Каде и да одиш во продажба тие се тие услови само негде повеќе плаќаат негде помалку според обем на работа...
Точно битно е во кој дуќан си, ако си нешто повеќе од продавач или си во канцеларија на коњ си, али само продавач тешко а за жал во многу дуќани не си само продавач туку и магационер, касиер, чистач, мерчендајзер , особено по малите градови утепани се од работа а со помали плати се од нас во Ск што сме, основната плата е мала за тој обем на работа, повеќе земаат од мене луѓе што цел ден седат и продаваат козметика, накит и сл. Многу бараат а малку даваат, жими за нова година за децава што ќе дадат, за други празници јок, мене и тоа ми значи и го гледам како ценење на работникот. Кам за почеток на учебна година даде ранец прибор комплет, а овие годинава ништо. Баш сум разочарана од се.
Дали има некој искуство со контакт центарот на Телеком? Бидејќи гледам цело време бараат на 3/4 месеци поготово преку Мелон Солушнс. Ми кажаа дека наводно често се откажуваат новите вработени после 3 месеци обука. Но исто така има луѓе со искуство каде што после 3 месеци не им е продолжен договорот за вработување.
Работев над 5 год во Телеком, баш оваа бранша, преку Мелон зимаш 8000 денари помала плата, почетна ти е 28000 ден, ги немаш бенефитите како вработен во Телеком, бидеќи ти си рентан само на Телеком преку Мелон, не ти следува број без пари, уред без пари, интернет и тв без пари.Работиш 6 денови во неделата, имаш еден рандом слободен ден ( не викенд) работиш повеќе од 4 смени, прва,меѓу,втора, меѓу втора, и ноќна од 22 до 07 часот.Имаш таргет кој мораш да го остваруваш, тој ти носи некој 5000 ден мах плус на плата.Има рок на повиците, мораш брзо, прецизно да ги решаваш, не повеќе од 8 до 10 мин макс, и има еден тон други позадински работи, кој не би можел веќе да ги откривам, ради тоа што се многу ситници.
Имало и трета смена за 28к??? Леле скрос идиоти не се нормални гледаат што можат да платат најминимално.
Yup. Не сакав да ги плашам до толку хаха али да, точно е. Замисли на пракса си кај што им ја бркаш цела работа додека они се цел ден на цигара надвор и ти се дерат и ти прават притисок. НА ПРАКСА. НЕ СИ ВРАБОТЕН.
Bi sakala da rabotam dopolnmitelna rabota posle 17 casot jas rabotam veke edna rabota od 8 do kaj 4 ,megutoa sakam da rabotam uste nekoja part time job sum rabotela vo slatkara,imam iskustvo i so shalter rabota so pari terminali kasi p.s imam fakultet za marketing zavrseno predlozete mi idei